Поим за музика

  • Креатор на темата Креатор на темата Fantom
  • Време на започнување Време на започнување
Музиката е мисла испеана и исвирена :pos::pos:
 
Струмикс напиша:
Убаво би било најпрвин ти како автор да објасниш и ни кажеш што ти мислиш, а после ние да се вклучиме во дискусијата.

Абе да знаев јас немаше да прашувам :D Иначе и за домашно ни дадеа да одговораме на прашањето па си кажав деа можеби некој од форумот ке знае :zlo::zlo:
 
Физички: Звукот е вибрација. Музика е збир на артикулирани звуци.
Филозофски: Музиката е најабстрактната уметност.
Идеолошки: Музиката е начин на живот.
 
Што е Mузика?

Причина и последица, учител и психијатар, непобедлив противник и верен пријател, духовен соборец и емотивен гробар;
Среќа, радост, мотив, амброзија... Почеток и Крај.



Ете, едноставно е :)
 
Музика е уметност која ја конзумирам 24 часа дневно
 
Serpico напиша:
Што е Mузика?

Причина и последица, учител и психијатар, непобедлив противник и верен пријател, духовен соборец и емотивен гробар;
Среќа, радост, мотив, амброзија... Почеток и Крај.



Ете, едноставно е :)
Почеток и крај на што, објасни се убаво да знаеме барем ти каде го гледаш почетокот и крајот твој во музиката.

Музика за народните маси, јааааа.
 
Metamorphosis напиша:
Почеток и крај на што, објасни се убаво да знаеме барем ти каде го гледаш почетокот и крајот твој во музиката.

Музика за народните маси, јааааа.

Почеток и крај на:

Еден Ден: кафе, туширање, голема нужда; филм, секс, прехрана; заљубеност, љубов, емоционални стабилности и нестабилности; проблеми и нивно решавање, обврска и релаксација....


Кај мене, се почнува и завршува со музика. Значи, таа е мој почеток и крај. Љуби со мене, сере со мене, јаде со мене, спие со мене :)

Моја конкубина. :)

А јас...во некои моменти кога седнувам зад пијано, и во занес се сплотувам со него, стануваме едно со музиката...
Чувство за кое вреди да се живее....

Дали сум појасен? :smir:
 
Metamorphosis напиша:
Е така те сакам, кога си јасен и гласен. хихихи
Ајде сега ти биди јасен и гласен и кажи ни што претставува музиката за тебе:wink:
Бидејќи јас не сфатив што ти значи.
 
Metamorphosis напиша:
Е така те сакам, кога си јасен и гласен. хихихи

Едино сум сигурен дека сум гласен.

За да ја чуеш добро музиката, мора да си вреден за неа. На пример, јас не сум сеуште вреден за добро да ја чујам Унгарската Рапсодија бр.2 на Франц Лист. Ме воодушевува и мотивира. Да станам доволно вреден за да допре до мене... како што може. Али да, треба љубов. :)
 
Mузиката за мене е начин да ги изразам своите чувства.
Кога слушам музика се релаксирам...колку пати ми се случило да се пронајдам во некоја песна која што ги одразува моите чувства,па да помисли човек дека јас сум ја пишувала.Музиката е нешто невидено, зашто кога сум нерасположена си пуштам музика и расположението ми се крева.
Едноставно многу позитивно влијае на сите нас
 
KohlBass напиша:
Физички: Звукот е вибрација. Музика е збир на артикулирани звуци.
Филозофски: Музиката е најабстрактната уметност.
Идеолошки: Музиката е начин на живот.

Подобар и поедноставен одговор здравје.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom