Според УЈП просечната плата лани била 17 илјади денари

  • Креатор на темата Креатор на темата Xibalba
  • Време на започнување Време на започнување
Од 678.000 вработени само 9.200 земаат плата над 40.000 денари

Просечната плата во стопанството е нешто над 15.000 денари месечно, а во државната администрација, таа е над 20.000 денари. Платите во државниот сектор отекогаш, а и сега се повисоки од платите што се исплатуваат во приватниот сектор во земјава, вели Ангел Димитров од Организацијата на работодавачи на Македонија. Прашан зошто приватниот сектор во земјава „штеди“ на платите на вработени, тој објаснува дека структурата на нашето стопанство не дозволува повисоки плати за тие вработени, бидејќи преовладуваат фирми од трудоинтензивната дејност што продуцираат ниска додадена вредност што не дозволува повисоки трошоци. И во технолошките зони влегоа фирми од трудоинтензивните дејности и таму платите останаа ниски.
 
Треба да се земе во предвид во овие 15000 се и силните фирми како Алкалоид, Макпетрол, Пивара и други...реалноста е просек 12000мкд, а вон Скопје и 10000мкд . Ова мислам и за стручни мајстори и ВСС, продавачки по продавници се утепуваат од работа за 9000мкд. А учителите не се задоволни, со 21000 не се опстанувало. А во Завод има доста наставнички кадар што би работел. Едино што можеби држи е додаток за државни службеници во ридско - планински места, да се скратат трошковите на собранието, број на пратеници да се намали и да се намали ставката за патни трошкови па со тие пари да се стимулираат. Но иако опозиционите гласила дигаат врева околу патните трошоци на пратениците, ќе дигаат врева и ако тие се корегираат без опозицијата во парламентот. А намалување на овој прекуброен и јалов Парламент е само мислена именка, за тоа треба најпрвин да не окупира некој.
 
Ами сеа, никој не рече дека состојбата е идеална. Не знам дали некогаш си имал прилика да работиш на интернет, пример на oDesk. Пример, имаш проекти за дизајн на семејна куќа во 3Д, сосе мебел и сите аршини. Реална цена е околу 500еу, ама ти доаѓа некој Индиец и му дава понуда на клиентот да го изработи истото за 100 евра. Ај конкурирај му сеа гром да го утепа...

Значи секаде има такви случаи ама ако не ти се свиѓа платата бе бачко, ќе си инвестираш на обука и ќе станеш поконкурентен кадар на пазарот, па ќе земеш поголема плата. Најголем проблем кај нашиот народ е што ќе најде работа за 12к и после страв му е да зуцне, да направи некој прогрес. Нели, успева да крпи крај со крај и тоа му е доволно, не се обидува да се унапреди. Не оди тоа така.. Треба константно човек да инвестира во себеси. Чичко ми (така ли се викаше брат на татко ми?) на своја 43-та година сега иде во некакво си специјализирано училиште на обука за тие големи виљушкари, во Германија. Сам си ја плаќа обуката со цел да добие подобра позиција во фирмата. Не знам зошто толку малку луѓе во МК го прават тоа, но наместо да се троши време на мрчење можеби е подобро да се потроши на нешто продуктивно.
Тотално точно, најголемиот проблем е што кај нас лугето се премногу мрзливи да си дадат вредност на самите себеси. Наместо да седи и да научи нешто, или да отиде на курс и да стекне некоја вештина знаење, тој ке си го прчи дома, или во кладилница или на кафиња, и после си мисли дека има право да кука зошто е така. Секоја чест на исклучоци кои поради оправдани причини се во таква состојба. Тука ги ставам посебно постарите лица, жените во конфекција итн. Од нив не може да се очекува да се унапредуваат поради годините и се далеку од технологијата да речеме. И тие земаат по 8000 денари, а некои и помалку верувале или не, во источна македонија. Но млад човек, кој кука дека е вака и онака, а не превзема ништо да го смени тоа, има слободно време а го троши на др*ање и ебавање без цел во текот на денот, треба да ја побара вината во самиот себе. Но за жал тие нема да се обвинат себеси, и ако го кажеш ова пак ке те нападнат тебе од само нивна позната причина. А дека платите кај нас нема да се зголемат, кажува и фактот дека, во конфекциската индустрија има неверојатно конкуренција, па платите пак се најниски во државата. Тоа укажува на менталитетот на македонското стопанство, дека колку фирми и да влезат кај нас, каква и конкуренција да се створи, ке се преживува само ден за ден, за поголемиот дел од народот.
 
Од 678.000 вработени само 9.200 земаат плата над 40.000 денари

Просечната плата во стопанството е нешто над 15.000 денари месечно, а во државната администрација, таа е над 20.000 денари. Платите во државниот сектор отекогаш, а и сега се повисоки од платите што се исплатуваат во приватниот сектор во земјава, вели Ангел Димитров од Организацијата на работодавачи на Македонија. Прашан зошто приватниот сектор во земјава „штеди“ на платите на вработени, тој објаснува дека структурата на нашето стопанство не дозволува повисоки плати за тие вработени, бидејќи преовладуваат фирми од трудоинтензивната дејност што продуцираат ниска додадена вредност што не дозволува повисоки трошоци. И во технолошките зони влегоа фирми од трудоинтензивните дејности и таму платите останаа ниски.
да си ги јадат ушите. Ко трудоинтензивните бентлија или другиве распослани тоа Ракотинците. Него, неаме систем саглам.
Инаку ова со просечна плата се злоупотребува (не само кај нас и тоа од влада и од работодавците). Затоа на друго место споменав треба да се гледаат други параметри како медијана. Во еден куп овде се ставаат работни места со различен степен образование, сложеност, се во еден куп.
 
Последно уредено:
kakvo kačuvanje vo stopanstvoto koga sega rabotat so VSS za 12000 pa i pomalku...Otvori konkursi na internet, sega mora vo konkursot da napiše kolku e plata, ima da se iznagledaš mizerija...

koj saka mođe lesno vo privatno da najde rabota, a ušte polesno da otvori firma. Teško se vlaga vo 5-6 firmi golemi silni firmi. A vo državno da vlezeš treba mečka da rodiš, na konkursot na makedonski šumi se javija poveće iljadnici kandidati, pa i za policaec za 8 se javuvaat 400 ... toa e toa, na 2 vo stopanstvoto na grb im e eden buđetar plus stalno mu se kačuva platata... na kraj će dojde i tuka i Siriza i srpi čekan...
 
Последно уредено:
АНАЛИЗА НА ДНЕВНИК: ПОЛОВИНА ВРАБОТЕНИ ЗЕМААТ ПЛАТА ПОМАЛА ОД 12.000,00 ДЕНАРИ

Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека половината од вработените во земјава работат за месечен приход до 12.000 денари. Од вкупно вработени 678.838 лица во 2013 година дури 347.568 заработувале до 200 евра.
Додека најголем процент, 17,7 отсто од вработените или 120.140 лица имале нето-плата од 12.000 до 16.000 денари. Потоа 16, 1 отсто (109.047 лица) земале нето-плата во висина од 10.000 до 12.000 денари, а 13, 2 отсто од вработените (89.350 лица) работеле за плата од 8.000 до 10.000 денари.

Потоа 6,9 отсто од вработените (46.837 лица) имале нето-плата од 5.000 до 8.000 денари, а 3,4 отсто (23.341 лица) до 5.000 денари.

Според податоците 14,2 отсто од вработените граѓани (96.623 лица) имале плата од 16.000 до 20.000 денари. Само 9, 6 отсто од вработените (65.030 лица) имале плата до 25.000 денари, 3,9 отсто (26.503 лица) имале нето-плата до 500 евра, а минимални 2 отсто вработените (13.759 лица) имале нето-плата од 30.000 денари до 40.000 денари. На само 1,4 отсто од вработените (9.213 лица) месечната нето-плата им изнесувала над 40.000 денари.

Анализата на „Дневник“ покажува дека двајца вработени во приватен сектор на грб носат во просек по еден буџетар. Праксата покажува дека на пример хигиеничарка во приватна фирма во просек работи за помалку од минималец, а платата во администрација за истата работа е за 50 евра повисока.

Само 9.000 лица со плата над 40.000 денари
 
Кога државниот апарат/бирократијата/партијата/фамилијата,кој како милуе,ги собира најголемиот дел од парите кои се вртат во земјава,па ги прераспределува како што сака,друго и не може да се очекува.

Апсурдно е од ваков систем да се очекува подобар стандард.Ваквиот систем ствара нешто што наликува на феудализам.

Колку за илустрација,во горе наведените податоци стои дека во Македонија има 678 000 вработени лица.Ако просечна плата е 350 евра,тогаш овие 678 000 лица заедно,за една година заработуваат ~2.8 милијарди евра(678000 * 350 * 12).
Буџетот на централната власт е ~3 милијарди евра.Кога на тоа ќе се додадат општинските власти +јавните/државните претпријатија,таа цифра ќе биде уште поголема,а сликата за системов уште појасна.

П.С.-За уште појасна слика,на сето ова треба да се додадат приватните фирми кои се во целосна или делумна сопственост на оние кои се наоѓаат на високи позиции во државниот апарат.
 
Тие што точат гориво на Макпетрол 25-30 К ? Ова некоја заебанција или?
 
Значи зимат 25-26 , ептен малку. :( ... Приватњаниците дават по 11-12 К за работна смена од 12 саати.
 
Тие што точат гориво на Макпетрол 25-30 К ? Ова некоја заебанција или?
Еден пријател почна да работи оваа работа, баш таму, пред едно два месеца.
Почетна плата му беше 15.000. Велам, му беше, пошто се откажа (три смени енд шит а не баш многу пари). Али коа ќе размислам на еден пријател друг, машински инжинер, му нудеа у индустриска зона, по струка да работи, три смени, за 10500.....
 
Од 678.000 вработени само 9.200 земаат плата над 40.000 денари

Просечната плата во стопанството е нешто над 15.000 денари месечно, а во државната администрација, таа е над 20.000 денари. Платите во државниот сектор отекогаш, а и сега се повисоки од платите што се исплатуваат во приватниот сектор во земјава, вели Ангел Димитров од Организацијата на работодавачи на Македонија. Прашан зошто приватниот сектор во земјава „штеди“ на платите на вработени, тој објаснува дека структурата на нашето стопанство не дозволува повисоки плати за тие вработени, бидејќи преовладуваат фирми од трудоинтензивната дејност што продуцираат ниска додадена вредност што не дозволува повисоки трошоци. И во технолошките зони влегоа фирми од трудоинтензивните дејности и таму платите останаа ниски.

Македонија мислам е единствена земја (барем во европа) каде што платите во државниот сектор се повисоки од тие во приватниот.
Плус повеќето странски фирми се донесени со рекламата дека Македонија нуди најефтина работна рака.
Пример кога се прави презентација на некој инвеститор се зема како пример колку многу тој ќе има ќар ако го плаќа работникот минимална плата или многу малку над минималната. Односно Влдата промовира како Македонците работат многу за 8000 па ако некој им даде 10 000 тие се двојно мотивирани :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom