Mutua Madrid Open 2012 (ATP & WTA Tour)

  • Креатор на темата Креатор на темата The King of Clay
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Со психата си има проблем Бердих, нишо чудно и да загуби од Делпо утре. Со големите играчи лесно се губи, не дека нема талент и се што е потребно, ама уште пред да започни мечот, на него и загубен му е.
Тоа е разликата од овие Топ 5 и останатите.
 
За мене утре Бердих е фаворит вс Делпо, мада ќе признаам и ќе кажам дека не го гледав на турниров како игра..така да можно е да ја утнам проценката.
 
Не го прогласувај за сигурен победник Федерер против Типса. Во одлична форма е Типса, многу е тешко да му направиш брејк, може да направи збрки утре.
 
За мене утре Бердих е фаворит вс Делпо, мада ќе признаам и ќе кажам дека не го гледав на турниров како игра..така да можно е да ја утнам проценката.
Мене до сеа тој и Федерер од трето коло, ми покажаа најдобар тенис.
Другите и не ме импресионираа, можеби и Типса, кој после толку изгубени дуели од Симон, конечно го победи, ама утре не верувам дека ќе има некоја шанса против Федерер.
 
Не го прогласувај за сигурен победник Федерер против Типса. Во одлична форма е Типса, многу е тешко да му направиш брејк, може да направи збрки утре.

Чисти 2-0.
 
Не го прогласувај за сигурен победник Федерер против Типса. Во одлична форма е Типса, многу е тешко да му направиш брејк, може да направи збрки утре.
Исто и на Федерер многу тешко му се прави брејк. :) Само 6 поени на свој сервис изгуби денес, страшен податок е тоа, башка мислам дека Јанко нема психа за да ги победи Новак и Роџер во два дена. Јас ќе си навивам за Јанко али премногу тешко ќе биде, дај боже да има лош ден Федерер утре и да пројде Јанко. :)
Иначе Бердих ја има една од најубавите градби во тенисот, висок, јак сервис, подвижен, рамно удира, агресивен е, еден од поомилените ми е али како што спомнаа погоре има проблем со психата, се надевам еден ден ќе влезе во топ 3.
Кога веќе мислев на тенисерски градби да не го заборавам Содерлинг, посовршен амин.
 
Бердих - Делпо ќе биде епик јака борба. Еве како што кажувате во одлична форма бил Бердих ( го немам гледано), а Делпо го следам повеќе време за него знам дека е во супер јака форма. Исто мие еден од поомилените.
 
Се тоа супер за Делпо, ама знаеме што му се случува вс Роже, Беридх од друга страна, има далеку поголема шанса вс Федерер, барем поголема од Делпо, кој се губи во вариацијата и неверојатната тактика/техника на Федерер.
 
Можеби малку навивачки, ама ме влече на победа утре на Јанко, и на уште едно да кажеме изненадување... :)
 
Еве да не речете дека само Надал после пораз се пожалил на теренот. И Ноле вика исто, скоро идентична им е изјавата и двајцата викаат исто, ако не се смени подлогата не играм. Што значи нема смисла на Надал да му се припишува уцена. Не е сам во ставот.
 
Надал и Ѓоковиќ се заканија со бојкот!

По вчерашниот пораз во третото коло на Мастерсот во Мадрид, светскиот рекет број 2 Рафаел Надал се закани со бојкот на турнирот следната година доколку не се смени состојбата околу контроверзната сина земјена подлога.

Надал не е единствениот тенисер кој се пожали на ’експериментот’ во Мадрид. Петходно и Новак Ѓоковиќ јавно го изрази своето незадоволство, а сега изјави дека и тој ќе му се приклучи на Надал во бојкотот за наредната сезона.

„Движењето на теренот е едно од најважните нешта за мене, а тука тоа беше невозможно да се прави на квалитетен начин. Некој пат не успевав да го удрам топчето како што треба. Ако тоа не се смени, со сигурност потврдувам дека мојот календар ќе има еден турнир помалку догодина. Оваа подлога многу лошо влијае на играта и тенисот е сосема поразличен. Притоа немам никакви намери дополнително да си ја загрозувам здравствената состојба“, изјави Надал.

„Кога дојдовме тука не уверуваа дека земјата е иста, освен што е сина. Но тоа не е точно. Ние постојано губиме рамнотежа, паѓаме, се лизгаме, не можеме да се сконцентрираме. Рафа е во право, јас го поддржувам и ако ова не се смени немам намера ниту јас да играм“, изјави Ѓоковиќ.

ИЗВОР
 
Јас не им ја оправдувам изјавата (иако сум голем фан на Ноле)... Можеа да не играат кога уште почнаа со припремите на оваа подлога... Сега уценуваат, не бива тоа така... Никој не ги тера да играат ако не сакаат... Може па оваа подлога им одговара на Јанко, Вердаско, Дел По, Бердих и остали? И ако ја сменат, па тие да речат, "Не играме наредната година, ако не ја оставите иста"...
 
Tоа е муабетот, требаше фино лепо од после 1 коло да си спакуваат куферите, вака испаѓа дека бројот 1 и 2 на ранг листата (најдобрите тенисери во светот!) се помалце способни во прилагодување на подлога од оние кои се далеку под нивното ниво на игра според листата на АТП, Не е фер за другите, како за еден така за сите....
--- надополнето: 12 мај 2012 во 15:42 ---

EDIT:Mомци нема на Телма да има пренос? нели од 15:30 требаше да почне?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom