Македонска берза

  • Креатор на темата Креатор на темата Macedonian
  • Време на започнување Време на започнување
Браво за Боле што купил и продал сосиете со ќар, а нема браво што купил рено на 40 и е со цца 50% загуба во моментот? :) Не дека му се ситам, баш напротив, многу лош момент реши да влезе во Европа со акции. @bosko007 да те пингам да не биде ти зборам позади грб :)

Незнаеш дали е уште во РЕНО.
Еве на пример јас влегов исто во Рено на 42ЕУР и излегов на 38 со 10% загуба кога видов на кај иде работата.

п.с. Еве ви една акција која ќе се движи контра целиов пад дури очекувам значително да тргне нагоре Jinko Solar(JKS), моментално драстично подценета во однос на финансиските резултати.
 
А според што виде дека вака ќе се движи работава па да продадеш наместо да докупиш и да се упросечиш?
 
А според што виде дека вака ќе се движи работава па да продадеш наместо да докупиш и да се упросечиш?

Искрено повеќе работи и веќе ги пишав во еден претходен пост ама еве ги пак.

Прво и најбитно е што во секоја позиција влегувам со пресметан ризик од да речеме 10-15%(stop loss) и ако тргне надоле едноставно продавам и ја заборавам таа акција на одреден период. Бркање надоле на цената или "catching falling knife" престставува сериозен ризик и може да влијае на пад на позицијата понекогаш и до 50% како што е во случајов. Од тие причини не сакам да ги бркам акциите и да упросечувам надоле зашто никогаш незнаеш до каде тоа надоле ќе трае и плус оправувањето ќе биде мачно и долго.

Останати причини зашто го продадов:
1) Финансиска истрага против претходниот директор
2) Целата автомобилска индустрија е во пад и се очекува помала побарувачка 2020
3) Финансиските резултати одат надоле 5-6 квартали по ред
4) Дивидендата виси за 2019 дали ќе исплатат или не
 
Последно уредено:
Сето ова со светскиве берзи е еден голем апсурд: не може вредноста на една компанија да се промени за 40-50% само затоа што 2 месеци нема да продава во нормални услови. Ама тоа е, на западниве берзи тргуваат компјутери, и често забегуваат со погрешните алгоритми. Всушност, фирмите кои најмалку паднаа се оние кои вршат откуп на сопствени акции, и така спречуваат големи осцилации.
Така да што да ви кажам. Ако имате пари купувајте, оти ова све ќе си се врати, со камата. И тоа брзо, за максимум 2-3 месеци.
Автоматски споено мислење:

Друг муабет за АЛК, дивидендниот принос на денешната цена е 2,7%. Историски се движел меѓу 3,5-4%. Што значи сегашната цена е пренадуена.
 
Вредноста на која компанија паднала 40-50%? Засега се уште нема такви.
Засега падот е околу 15% што доаѓа по минатогодишниот 30% раст.
 
Да беше така, сега јас ќе требаше да бидам у Управен одбор на Пекабеско :pos:

Без заебанција, токму крупните акционери што сакаат да се ангажираат во фирмата се идеални за контролни функции, а не за раководни. Тоа на запад е Одбор на директори, односно кај нас Надзорен одбор како најблизок еквивалент.
После Кутревци ти си најголем?
 
Поседува некој СБТ?
јас имам ама малку; а имав 2004 кога се даваа дебели денди, па ги продадов 2005; пак купив пред 10 гододини, ама само 97 акции... мислам дека некој сега кажа дека теоретски максимум е сега 60 евра, иако на времето беа барабар со АЛК...
 
Вредноста на која компанија паднала 40-50%? Засега се уште нема такви.
Засега падот е околу 15% што доаѓа по минатогодишниот 30% раст.
Провери авто авио финасии последниве 2 месеци, поготово Европа, Италија Франција нешто Германија
 
Виде ли дека прогнозираат добивка од 8м евра за 2020та
јас имам ама малку; а имав 2004 кога се даваа дебели денди, па ги продадов 2005; пак купив пред 10 гододини, ама само 97 акции... мислам дека некој сега кажа дека теоретски максимум е сега 60 евра, иако на времето беа барабар со АЛК...
 
Вредноста на која компанија паднала 40-50%? Засега се уште нема такви.
Засега падот е околу 15% што доаѓа по минатогодишниот 30% раст.

1) Deutche Bank
2) Societe General
3) Renault
4) Encana(Ovintiv), CHK i ostali nafteni kompanii (ne site)
5) Avionskite kompaniii
......
 
Последно уредено:
Добар е предлогот. Освен информацијата дека може легално да се купуваат акции во странски компании многу други работи се непознати:
1. Дали можеш сам да тргуваш или мораш преку наша брокерска ?
2. На кој начин се остварува исплата на дивиденда? На кого треба да му доставиш трансакциска/девизна сметка?
3. Данок на капитална добивка се плаќа ли? Каде и како?

Sent from my GT-I9500 using Tapatalk
 
А да се отвори нова тема странски берзи?
 
ОК, штом има тема за тргување на хартии од вредност у странство, изволте дискусиите за тоа таму јбг. Сепак оваа тема се нели вика МСЕ. Убо беше на мој новац, посебна суб тема за секоја хартија
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom