6 цилиндричен мотор со V распоред на цилиндрите

  • Креатор на темата Креатор на темата Dzish
  • Време на започнување Време на започнување
Па затоа и не би играл со менување на менувач, а тука имаш и еден проблем.... должината. Ако ставиш подолг, се внатре се пореметува, доаѓа да преместуваш редукторот наназад (евентуално нанапред ако ставиш покус менувач) и на крај нема да ти пасуваат карданите, па крати го задниот, должи го предниот, премногу е тоа работа за џабе.


Мислев да не ја трупам темата непотребно, ама ајде ќе ставам слики колку да се знае за што зборуваме. Веќе може ти спомнав дека најдовме мењач од Ленд Крузер (5брзини комплетен со редуктор). Еве ја разликата помеѓу оној од Махиндрата и тој од Тојотата.


Ова е Т-90 мењачот заедно со Т-18 редукторот. Редукторот е тоа што е подадено надоле, а изведен е така затоа што на другата страна од кај што е споен со менувачот може да се поврзи PTO (power take off). На ова ПТО може да се приклучи секаква механизација, витло или овердрајв. Се вади заштитната плочка и тоа е се. Значи ако го сменам на Махиндрата губам многу... А преносот и редукцијата го нема ниту едно друго возило. Тоа што се гледа како добош најлево доле, е уствари и добош. Таму е рачната кочница, значи уште една компликација. Мењачот и редукторот се на се се долги 3-40 сантиметри, отприлика толку е и ѕвоното.

HerJeepTranny500.jpg


А ова доле е тојотин мењач, каков што најдов пред некој месец. Подолг е од метар, а сигурно е и многу тежок. Такво нешто да се смести кај мене (или пример на Ладата) е изводливо, ама многу тешко. Бирачот ќе биде меѓу задните седишта :pos:

transmission.jpg
 
Освен моторот од Форд таунус и оној на Алфа 2.0, познавате уште некој V6?

Сузуки Витара V6

Опел Фронтера 3.2 V6

Ауди 80 2.6 V6

Овие според мене се лесни за наоѓање кај нас, и што е битно имаш се за нив... Е сега за што и да се одлучиш битно е моторот да биде исправен и добар. Тоа не можиш да го знаеш, па малку одиш на ризик. :)
 
мојш да најш некој ауди со странски регистрации за ефтини пари и корни моторот... еден така купи ланчија 1.6 и моторот го бапна на Стојадин (101) сеа матит над 180 :pos2:
 
Освен моторот од Форд таунус и оној на Алфа 2.0, познавате уште некој V6?

во 406ките имаше 3.0 в6, пасат/голф 2.8 VR6 Renault Clio V6 (чим го бери во клиото во ладата мора да го бери) ауди 100 има со в6 имаше и уште некој ама не ми текнува во моментов

еве како е нареден VR6
engine_configs.jpg
 
Сузуки Витара V6

Опел Фронтера 3.2 V6

Ауди 80 2.6 V6
:)



во 406ките имаше 3.0 в6, пасат/голф 2.8 VR6 Renault Clio V6 (чим го бери во клиото во ладата мора да го бери) ауди 100 има со в6 имаше и уште некој ама не ми текнува во моментов
Сепак треба да ја гледате и една друга страна, во случајов е регистрацијата. За 3.2, 3.0, или некое слично, ке треба да се плаќа куп регистрација (другар мој за Ауди 2.5 ТДИ плаќа над 20.000 денари)

Мислам дека засега најдобра опција е дволитарскиот мотор од Алфа :)
 
Сепак треба да ја гледате и една друга страна, во случајов е регистрацијата. За 3.2, 3.0, или некое слично, ке треба да се плаќа куп регистрација (другар мој за Ауди 2.5 ТДИ плаќа над 20.000 денари)

Мислам дека засега најдобра опција е дволитарскиот мотор од Алфа :)

а и потрошувачката:smir: имај во предвид дека 2.0 од алфа ке троши многу иако нивата е лесно возило
 
а и потрошувачката:smir: имај во предвид дека 2.0 од алфа ке троши многу иако нивата е лесно возило

Тоа се подразбира и затоа не ни го спомнавме. Колку и да троши пак ќе биде блиску до расштимана Нива 1.6, околу 15 литри. А како би се однесувал ваков мотор во 4х4 комбинација и оптоварување (во смисла на потрошувачка) не знам...
 
а и потрошувачката:smir: имај во предвид дека 2.0 од алфа ке троши многу иако нивата е лесно возило
Па како што кажа Џип, тој ке биде тука некаде во потрошувачката колку и моторот на Лада со таа разлика што ке има далеку повеќе сила.

А гарант дека моторот 2.0 од Алфа ке троши помалце од ВР6 на VW или 2.8 литарскиот на Ауди.

А ако моторот го бери во пасат/голф 2.8 VR6 или Renault Clio не значи дека ке го бери во лада, бидејки тие се сите со погон на предните тркала и моторот е поставен вака

DSC00040.jpg


а кај нивата е заротиран за 90 степени и како што гледам има големи шанси да е подолг од 55-60 цм колку што е максимумот што го бери во нива.
 
И Витарата е 2.0 со 100kW или отприлика 136 КС, провери колку е тој на Алфата затоа што регистрацијата се одредува по моќност во киловати... Јас би одел со мотор од Витара...
 
Mazda Tribute vozi V6. I MX-6 vozi V6, nejze mozes da ja najdes za poeftino. Tributot e prilicno skap....
2006-mazda-tribute-10_460x0w.jpg
2002-Mazda-Tribute-i02.jpg
KLZE%205SPD.jpg
*Prvite dve sliki se od Tribute
 
море најдиси некој ванкел мотор :vozbud:сегде го собира ама тешко се наоѓа кај нас речиси и ги нема
 
Wankel има и во некои мазди али сепак се многу ретки а и моторот не е многу издржлив сепак V6 си е V6
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom