6 цилиндричен мотор со V распоред на цилиндрите

  • Креатор на темата Креатор на темата Dzish
  • Време на започнување Време на започнување

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Возраст
38
Локација
најчесто дома, освен ко ќе сум излезен...
Освен Фордовиот 2.0 V6 бензинец со V распоред на цилиндрите кој се вградуваше во моделот Таунус, не се сеќавам на друг.

Ајде, дајте малку помош во кое возило може да се најде 6 цилиндричен бензински или дизел мотор со V распоред на цилиндрите?

И за крај, слика од в6 блок.

v6engine.jpg
 
Прво барам помош од тебе, се работи за Европско или возило од друг континент?
 
Па пожелно би било да е европско возило, мада може да се бројат и останатите.

Муабетот се врти околу вградување (да не речам размислувам што би можело да се стави засега, за понатаму ке видиме) на некој таков мотор во џип - Лада нива, само што нивата е премногу кратка во хаубата и едвај го собираше моторот 1.7 од Фиат (некаде околу 65 цм е должината на деклата). Така V6 би било идеално решение (било дизел или бензин), се исфрла рускиот мотор кој ионака повеќе (или исто)троши од V6, со таа разлика што шестакот ке има далеку подобри возни карактеристики и крајна брзина.

Ако прогуглаш, многу мотори што се водат како V6 се уствари со линиска поставеност на цилиндрите.
 
Џиш, почни од почеток. Точно треба да знаеш што џип ќе правиш, буџет и такви работи.

Седни побарај форуми од соседите или подалеку и барај пример V6 Lada Niva. Јас вака барав кога ми брчеше во главата дизелаш да се стави во Вранглер :wink: Таман мислиш нема помош, ќе најдиш некој кој го решил проблемот. Ако е некое мерило барај фиатов помоќен мотор, пошто и Ладата е дел фиатова. Така беше случајот што во Вранглер пасира 2.1 Турбо Дизел од Чироки, и шо е најбитно му одговара мењачот.

Од страна европски коли што моментално ми текнува во комбинација влегува 2.6 бензинец (V6) од Ауди 80, мада немам појма како би се споил со Ладата. Можеш да пробаш со четирицилиндраши од Вектра (2.0и), евентуално 3.2 V6 од поновите Фронтери, исто можеш да пробаш со V6 од Витара...

Е сега мислам дека моторниот простор на нивата не само што е краток, туку и поткрилата земаат голем простор... Во случај да не „влева“ V6, можиш да пробаш со фордов V4 пример од Капри :) Некаде на пазар3 имаше објавено ваков мотор и тоа од Кавадарци, можеш да побараш.
 
Значи ми се мота низ глава да земам нива и да си ја правам за свој кеф. Само засега е како мисла, и ако правам нешто (нормално мора старио “амин“ да даде + финансии :helou:) прво нешто што би исфрлил од Нивата е 1.6 литарскиот бензински мотор кој само троши (без разлика бензин-плин) а крајна брзина има околу 120 км/ч.

Eве како изгледа местото каде што стои моторот, родено е за В машина

4493100004_large.jpg

И си викам сега ке турам една тема на кајгана, да видам дали има некоја 6 цилиндрична машина со распоред на V бидејки таков најмногу одговара.

еве некој ставил мотор од Фиат 132 2.0 во лада 1200, кошот на нивата е нешто поширок, во должина се тука некаде

cikk289_motorter1.jpg

и тука се гледа најголемиот проблем, должината на моторот. Погледнете колку под лимот е капачката за масло и каде го ставил ладилникот , дури и сечел од везниот лим за да има можност да постави електрична перка...

Во поткрилата има доволно место за сите тракатанци, дури и резервната гума на нивата стои под хауба а + имам искуство со менување на мотор така да....
 
Алфа ромео 164 има V6 2,0 мотор.Мислам дека може да се најде таков мотор кај нас,само да не е премногу јак за во Лада Нива.
 
Алфа ромео 164 има V6 2,0 мотор.Мислам дека може да се најде таков мотор кај нас,само да не е премногу јак за во Лада Нива.
Некој ваков доаѓа во предвид да се размисли прилично е мал и компактен, би требало да го бери без проблем

2u4kfhw.jpg

Има некаде димензии да се најдат колку е должина ширина висина и тн? Исто така треба да се земи во предвид колку КС има... оригиналниот мотор на нивата е 75 (карбураторски) 85 (ЕФИ) кс. Не треба да се претера и да има двојно повеќе.
 
ej тој мотор ( 2.0 v6 ) што се вградува во Аlfa romeo 164 исто така има и турбо и вади околу 200кс ( сега гледав спецификации ) но исто така во истата кола се вградува и друг ( 2.0 twin spark ) мотор но тој е со 4 цилиндри подредени еден до друг значи не се во V е тој мотор пак вади околу 140кс

И едно прашање од мене: А што планираш да направиш со мењачот пошто претпоставувам дека тој од ладата нема да се фати на некоја друга машина ???
 
И едно прашање од мене: А што планираш да направиш со мењачот пошто претпоставувам дека тој од ладата нема да се фати на некоја друга машина ???

Тука е цела зафрканција, и ако погрешиш џабе цела работа. На Ладата ова е полесно затоа што мењачот и редукторот се башка. Значи можиш да одиш со варијанта мотор од Алфа (земам пример) и неговиот мењач и само да направиш врска со редукторот. Кај мене на Махиндрата мењачот и редукторот се во едно куќиште па ова е комплицирано.

Е сега, изводлива и прилично лесна работа е да се смени моторот комплет со мењачот. Е врската со редукторот е многу битна. Може да е ОК за во град, ама ако се направи лошо во тешки услови сигурно ќе крши кардани и нема да функционира. Ова го знам затоа што луѓе секдојдневно го имаат овој проблем.

Едит: Не напомнав дека ако остане оригиналниот пренос (мењач+редуктор) треба да се прави конекторска плоча... Ако е од поновите Лади, има 5 брзини (старите 1.6 се поретки) и ваков мотор не би бил проблем.
 
V6 2.0 има Форд од Таунус на пр... V4 пак на Форд...шестак има и Ауди, бензинец, 2.8...
Шестак во В распоред најурамнотежена машина, хехе
 
ист така можеш да ги видиш следниве мотори ( не се V6 но можеби и тие ке можат да послужат )

1.мотор од bmw 318i e-36 ( oколу 115ks ) 4 цилиндри еден до друг
2.мотор од opel kadet ( можеби го има и во други модели ) 2.0gsi 16v ( околу 150-160ks ) 4 цилиндри еден до друг
 
ej тој мотор ( 2.0 v6 ) што се вградува во Аlfa romeo 164 исто така има и турбо и вади околу 200кс ( сега гледав спецификации ) но исто така во истата кола се вградува и друг ( 2.0 twin spark ) мотор но тој е со 4 цилиндри подредени еден до друг значи не се во V е тој мотор пак вади околу 140кс

И едно прашање од мене: А што планираш да направиш со мењачот пошто претпоставувам дека тој од ладата нема да се фати на некоја друга машина ???

Meнувач од лада пасува на 1.7 Фиат дизел (Уно/Типо/Пунто) мотор без преправка никаква. Така да има 90% шанси мотор од оваа компанија (Фиат/Алфа/Ланчиа) да се погоди да пасува на штрафови.

Е сега, изводлива и прилично лесна работа е да се смени моторот комплет со мењачот. Е врската со редукторот е многу битна. Може да е ОК за во град, ама ако се направи лошо во тешки услови сигурно ќе крши кардани и нема да функционира. Ова го знам затоа што луѓе секдојдневно го имаат овој проблем.

Едит: Не напомнав дека ако остане оригиналниот пренос (мењач+редуктор) треба да се прави конекторска плоча... Ако е од поновите Лади, има 5 брзини (старите 1.6 се поретки) и ваков мотор не би бил проблем.
Така, значи или се прави конекторска плоча или пасува оригинал, од двете едното е а менувач од нешто друго не верувам дека ке се вклопи во ентериерот на Лада + бирачот директно е на менувач

Lada%20Niva%20Gearbox%20AISIN%20Diesel%20Upgrade.jpg

тоа испакнатото како рачка на сликата (од горната страна) е бирачот, а на шасија има само дупка и тој влегува директно. На тоа како рачка стои продолжеток - Бирачот и тоа е тоа. Нема никаква филозофија, а освен на Фиат 132, Полонез и ПЗ на друг менувач немам видено ваква конструкција.

@sanatorium

работата е што е малечка во должина хаубата и ништо повеќе од 1.6 не собира... од лада моторот има мали клипови и големо движење нагоре надолу, а блокот е се на се 55 цм. Сите останати се 25-40 цм подолги и има проблем со ладилникот и просторот помеѓу него и перката. Затоа разгледувам в6 варијанта.
 
Така, значи или се прави конекторска плоча или пасува оригинал, од двете едното е а менувач од нешто друго не верувам дека ке се вклопи во ентериерот на Лада + бирачот директно е на менувач

Ако смениш мењач, ќе треба да си играш и со кардани, тунелот на каросеријата, мнооогу работа + никаква гаранција дека ќе функционира. Јас сум против калемења, затоа и се` уште се мачам со оригиналниот мењач на Махиндрата (3 брзини и дизелаш со мали обртаи некако не си одат заедно).

Освен плоча, најверојатно ќе треба да го сечиш и обработуваш и ѕвоното ако одиш со ладиниот мењач. Доволно е алансерот да е на друга страна. Ако најдиш мајстор кој сето тоа ќе го центрира беспрекорно, частам пиво.

Во Кавадарци има Махиндра исто годиште со мојата, само амбулантна (иста механика). Човекот има ставено Сиера 2.3 (како мојот) ама со мењачот од Сиера напасуван на оригиналниот редуктор. За суво и за во град супер (брз е, 6-7 литри нафта, нема бучава) ама кога ќе заглиби и ако го товари цело време крши нешто... Така да најдобро е менувањето само на моторот.

Lada%20Niva%20Gearbox%20AISIN%20Diesel%20Upgrade.jpg

тоа испакнатото како рачка на сликата (од горната страна) е бирачот, а на шасија има само дупка и тој влегува директно. На тоа како рачка стои продолжеток - Бирачот и тоа е тоа. Нема никаква филозофија, а освен на Фиат 132, Полонез и ПЗ на друг менувач немам видено ваква конструкција.

Така директно излегува бирачот затоа што е најверојатно поставен надолжно, а не попречно.
 
Ако смениш мењач, ќе треба да си играш и со кардани, тунелот на каросеријата, мнооогу работа + никаква гаранција дека ќе функционира. Јас сум против калемења, затоа и се` уште се мачам со оригиналниот мењач на Махиндрата (3 брзини и дизелаш со мали обртаи некако не си одат заедно).
Не е препорачливо да се чачка со менувачот. А и менувачот од Лада е прилично сигурен, го имам возено баеги без масло (над 4.000 км) без никаков дефект.
Освен плоча, најверојатно ќе треба да го сечиш и обработуваш и ѕвоното ако одиш со ладиниот мењач. Доволно е алансерот да е на друга страна. Ако најдиш мајстор кој сето тоа ќе го центрира беспрекорно, частам пиво.
Борчиш пиво, еднаш тоа го имам направено (да ти напоменам дека сам со татко ми го монтирав моторот, на мајстор отиде откако го помина А-тестот :baeh:). Фиатовиот мотор има алнасер од лево, а ѕвоното на ладата е проектирано за поставување на алнасерот од десно. Па така и го поставив, несакаш да знаеш колку мислење имаше во целиот процес а колку малце работа. На крај откако го монтирав се беше ок алнасерот го вртеше моторот без проблем, а јас сватив дека издувната грана е премногу закосена, па и на неа и удрив мала модификација :)

Во Кавадарци има Махиндра исто годиште со мојата, само амбулантна (иста механика). Човекот има ставено Сиера 2.3 (како мојот) ама со мењачот од Сиера напасуван на оригиналниот редуктор. За суво и за во град супер (брз е, 6-7 литри нафта, нема бучава) ама кога ќе заглиби и ако го товари цело време крши нешто... Така да најдобро е менувањето само на моторот.

Така директно излегува бирачот затоа што е најверојатно поставен надолжно, а не попречно.
Па затоа и не би играл со менување на менувач, а тука имаш и еден проблем.... должината. Ако ставиш подолг, се внатре се пореметува, доаѓа да преместуваш редукторот наназад (евентуално нанапред ако ставиш покус менувач) и на крај нема да ти пасуваат карданите, па крати го задниот, должи го предниот, премногу е тоа работа за џабе.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom