Poveglia, Венеција
Повелја е мал остров во Венеција кој што бил дом на жртвите од чума во средниот век. За истата намена служел и во римско време. Историјата на овој остров е исклучиво поврзан со смртта. Покрај тоа што служел како место за болните од чума, бил во употреба и како колонија на лепрозни во текот на многу години. И кога веќе ќе си помислите дека не може полошо од тоа, во 1922 на островот била изградена лудница, Еден од докторите кои што работеле таму бил нападнат од луди пациенти кои што го фрлиле од врвот на некоја од зградите. Рушевините од болницата останале до ден денешен. Низ историјата на овој мал остров умреле 160 000 луѓе. Се вели дека цел еден слој на островот се состои од остатоци од човечки тела, и дека рибарите го избегнуват островот затоа што би можеле од водите да извлечат делови од тела. За да го посетите тоа место, ќе треба да се спријателите со некој од локалните жители кои што таму имаат виногради, затоа што јавниот пристап е строго забранет.
Замокот Машкул (Château de Machecoul), Франција
Овој замок бил дом на Жил де Ре (1404 – 1410), бретонски витез, соборец на Јованка Орлеанка, како и маршал на Франција, но најпознат е како сериски убиец на деца. Во 1434-35, тој се повлекол од воениот живот, и се впуштил во некаков окултизам, потрошувајќи го своето богатство во поставувањето на некаков екстравагантен театарски спектакл. Некаде пролетта во 1432 се појавил првиот случај на убиство на дете, и потоа следувале слични злосторства. Бројот на жртвите се искачил на стотици. Откако ги силувал момчињата кои претходно ги грабнувал, им ги пресекувал грлата и мастурбирал врз нивната крв и внатрешни органи. Следува запис од неговото судење:
"...Кога децата ќе умреле, тој ги бакнуваше и тие кои што имаа најубави екстремитети и глави ги држеше во рацете восхитувајќи им се, и потоа сурово ќе ги распареше нивните тела, насладувајќи се на глетката на внатрешните органи. И многу често кога децата умираа тој седнуваше на нивниот стомак и уживаше гледајќи ги како умираат, смеејќи се..“
Бил погубен со бесење во Нант на 26 октомври 1440 година. Жил де Ре е инспирација и за приказната за Синобрадиот. Сите овие злосторства се случувале во внатрешноста на овој замок. Жртвите биле соѕидувани во ѕидовите, фрлани во оџаците, и погребувани околу местото.