6-те најморничави места во светот

Annabel

Неутрална*
Член од
18 декември 2008
Мислења
1.298
Поени од реакции
183
Не е важно дали верувате или не во духови,постојат неколку места во светот каде што не би поминале ниту една ноќ.Овие места дефинитивно ја заслужуваат репутацијата што ја имаат како морничави,трагични или мистериозни.


1.Шумата Aokigahara

http://usagiyjay.wordpress.com/2008/09/19/bosque-de-aokigahara/ - линкот не е за оние со слабо срце и нерви. - Апокалипто



Оваа шума се наоѓа во основата на планината Фуџи во Јапонија и просто кажано изобилува со мртви тела.Како што Нијагарините Водопади се познати по безбројните венчавки,така оваа шума е позната по безбројните извршени самоубиства.
Од 1950 година па се до денес повеќе од 500 луѓе си го одземале животот.“Трендот“ започнал кога писателот Seicho Matsumoto ја објавил новелата "Black Sea of Trees" каде што двајца од карактерите во новелата извршуваат самоубиство токму во оваа шума.
Последователно на ова желни да докажат дека се бизарно подложни на сугестија стотици Јапонци се обесија на безбројните дрвја во неверојатно густата шума каде што и на сред пладне може да се пронајдат места кои се целосно во темнина.


Освен телата оваа област изобилува и со мотивирачки билборди и знаци како: Животот е скапоцен!Размисли уште еднаш!
Помисли на твојата фамилија!


2.Мостот Overtoun



Лоциран близу шармантното село Милтон во Скотланд овој мост во секој случај не е привлечна дестинација за самоубиство на луѓето,НО...
Од сеуште неразјаснети причини стотици кучиња извршуваат самоубиство фрлајќи се од мостот.
Овие самоубиства почнале уште во раните 60-ти и до денес околу 600 кучиња се самоубиле.Сведоците тврдат дека не се работи за несреќни случаи туку дека кучињата намерно,по своја воља скокаат од мостот ДУРИ постои и случај каде што кучето не успева првиот пат да се самоубие(останува живо по падот) И ПОВТОРНО СЕ ВРАЌА НА МОСТОТ И СКОКА!


3.Мистериозната куќа Winchester



Се наоѓа во Сан Хозе.Има 160 соби кои се конструирани како лавиринт со неверојатно долги ходници,тајни премини,ќор сокаци,врати кои не водат никаде и скали до таванот.


Направена е од Sarah Winchester,наследничка на богатството Winchester.При крајот на 19-от век длабоко ожалостена од смртта на сопругот и ќерката посетува еден видовит човек во Бостон кој и кажува дека ја прогонуваат сите жртви кои погинале во рафалните напади на Winchester и дека единствениот начин да биде во мир со нив е постојано да гради и да надоградува ЕДНА куќа.
Во 1884 година започнала изградбата на оваа куќа во Сан Хозе која не престанувала и во наредните 38 години кога Sarah починала.
Размерите и големината на куќата се такви што човек кој никогаш не бил со сигурност би се изгубил,а токму тоа и била намерата-духовите да се збунат и да се изгубат.
Во куќата преовладува и деталот на “пајакова мрежа“ и бројот 13.


4.“Куќата на коски“ во Седлек



Уште откако некој во 13-от век испрска земја од Светата Земја на почвата на гробиштата во Седлек(Чешка),луѓето од цела Европа бараа после нивната смрт да бидат закопани таму.Гробиштата растеа се до 1870 година,кога свештениците одлучија некако да се погрижат за безбројните коски и да направат место за нови тела.


Денеска “Куќата на коските“ во Седлек претставува капела декорирана со илјадници човечки коски.






5.Одмаралиштето San Zhi



Што добивате кога ќе споите напуштени,за`рѓани згради во футуристички НЛО дизајн со серија на мистериозни смрттни случаи чувани во тајност од страна на Владата?
Резултатот е одморалиштето San Zhi лоцирано во надворешноста на Taipei.
Овој објект требаше да претставува ексклузивна дестинација на богати луѓе кои не знаат како попаметно да ги потрошат своите пари.
Изградбата започнала околу 80-те години но била прекината поради мистериозните несреќи кои се случувале при градењето.






6.Prypiat



Prypiat се наоѓа во северна Украина и порано бил населен од работниците и научниците на нуклеарката на Чернобил.Овој град основан во 70-те години “собирал“ 50 000 луѓе,но во 1986 година била забележана одредена дисфункционалност на Чернобилскиот реактор па од безбедносни причини бил евакуиран целиот град.


Оттогаш овој град е целосно напуштен.


Со оглед на тоа што радијацијата е намалена со текот на годините овој град е сега отворен за јавноста.


Еден од поморничавите објекти во градот е детското негувалиште кое е преполно со детски чевли,кукли и се разбира...детски духови :wink: .
 

\m/arko

A place where the beer flows like wine...
Член од
15 јануари 2008
Мислења
6.357
Поени од реакции
790
Пак со моите фаворити!
 
?

..........

Гостин
Prypiat го има на играта СТАЛКЕР и на кол оф дути 4 ....
посебно на сталкер коа ја играв навистина е морничаво ...другите не ги знам:helou:
 

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
6.Prypiat

Со оглед на тоа што радијацијата е намалена со текот на годините овој град е сега отворен за јавноста.


Еден од поморничавите објекти во градот е детското негувалиште кое е преполно со детски чевли,кукли и се разбира...детски духови :wink: .
Евакуирани биле луѓето од градот. Иако веројатно имало последици и починале некои од радијацијата, ама не во градот. За ден/два го напуштиле.
Од кај духови? Не умреле дечиња во градинката. Свашта си прават реклама украинциве, духови имало.
Градот морничаво изгледа, не би го посетила.

Шумава е исто така морничава. Иако интересно и необјасниво ми е она мостот со кучињата.
 

Sacansi*

Oh, crystal ball!
Член од
4 април 2008
Мислења
2.746
Поени од реакции
68
Чернобил! Ah! Најморничаво е од овие! ^_^ :drk:

И тоа мостот со кучињата, изгледа морничав...
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.338
Поени од реакции
84.538
...Овој град основан во 70-те години “собирал“ 50 000 луѓе,но во 1986 година била забележана одредена дисфункционалност на Чернобилскиот реактор па од безбедносни причини бил евакуиран целиот град.

"1986 била забележана одредена дисфункционалност на реакторот"
е убедливо најморничавото претставување на Чернобилската катастрофа.
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
"1986 била забележана одредена дисфункционалност на реакторот"
е убедливо најморничавото претставување на Чернобилската катастрофа.
Благо кажано де :D

Инаку чинам одамна зјапав некоја слична тема низ форумов, ама дефинитивно не тука во мистерии, па нека си остане, може некој со вишок пари и адреналинска зависност ќе оди во некое од местава на кампинг.
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.448
Поени од реакции
5.132
Таа со куќата била нездрава - 160 соби?!?
 

Annabel

Неутрална*
Член од
18 декември 2008
Мислења
1.298
Поени од реакции
183
Таа со куќата била нездрава - 160 соби?!?
Морала постојано дури е жива да ја надоградува куќата(така барем и кажал тој видовитиот од Бостон) и за 38 години направила 160 соби кои сигурно ќе биле и повеќе,но починала...
 
Член од
29 јануари 2009
Мислења
61
Поени од реакции
24
Ми се допаѓа како го имаш ова преведено ова Annabel. Како и да е, да појаснам за Winchester. Женава ја прогонувале сите духови, кои како луѓе биле убиени од страна на пушките Winchester, не рафалите. Затоа што Winchester биле производители на пушки и пиштоли. Па затоа жената ја градела таа куќа, вклучувајќи мртви сокаци, и врати што водат до ѕидови, со цел да ги збуни духовите
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.819
Поени од реакции
12.308
Евакуирани биле луѓето од градот. Иако веројатно имало последици и починале некои од радијацијата, ама не во градот. За ден/два го напуштиле.
Од кај духови? Не умреле дечиња во градинката. Свашта си прават реклама украинциве, духови имало.
Градот морничаво изгледа, не би го посетила.

Шумава е исто така морничава. Иако интересно и необјасниво ми е она мостот со кучињата.
Евакуирани, но после 3 дена (барем според информациите по нетов). Отпрвин не знаел никој, а најмалку светот (па затоа доста духови има и од другите држави каде испоумреа од тоа таење).
А духовите...се мисли на душите најверојатно на починатите пошто многу починале, иако евакуирани. И оние работници, војници...кои ги чистеле местата-доста од нив се починати.
У секој случај језиви глетки.
Градот сеуште "зрачи" од тоа што му се деси па на јутуб гледав сеуште голема радиоактивност (посебно некои делови -становите отворени према фабриката, црвената шума и слични места). Али бзинис е бизнис, доста се има крадено и доста загадена покуќнина е продавана низ градовите.
Само гледајќи ги видеата не ми беше јасно дали бетонот на некои згради е нагризан од радиоактивноста или од времето, но се мислам дека радиоактивноста е причина за тоа пошто некои згради дури се имаат и урнато-столбовите им се нагризани.

Али какви звуци се слушаат...језиво, се крцка.
 

burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Не сум слушнал за местава, ама онаа куќана со собите...језиво.
 
Член од
31 јануари 2007
Мислења
18.895
Поени од реакции
22.976
Куќата и шумата се најстрашни...:vozbud::vozbud:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom