5X филмски предизвик v.2/2018

Ти дезертираше. Сега си иселеник. За разлика од скапанава држава, сметам дека иселениците од некоја тема на форумов не треба да имаат право на глас. :kuracc:
 
Ти дезертираше. Сега си иселеник. За разлика од скапанава држава, сметам дека иселениците од некоја тема на форумов не треба да имаат право на глас. :kuracc:
Дечко, ја бев тоа „сите“ до пред некое време...
 
Дечко, ја бев тоа „сите“ до пред некое време...
И иселениците биле. Ама „бев“ „беше“ и „биле“ се глаголски форми од глаголот „сум“ во минато определено СВРШЕНО време. ;)
 
Добро тргнавме, но низ месеците потклекнавме повеќето. Ама затоа се вика предизвик. Па ко преживи, причаће. Или во случајов ќе пишува.
Според одѕивот и во овој понављачкиов месец и јас размислував дали треба да го заокружиме предизвиков. Ама да не преземаме веднаш радикални мерки, ќе го поддржам @grande-juve во предлогот, да се намали на 3, односно 3+2. Токму од истите причини што ги образложи. Еве, цели три недели ми стои на ред за гледање еден од тие хорорите, немам прилика да го пуштам. Плус помалку наслови за бирање.
 
Дечки само да ви кажам дека јас мојот предизвик ќе го објавам Недела вечер или Понеделник сабајле, што значи ќе имате уште некој ден од овој предизвик. На прашањето на Злате околу судбината на темава сум 100% зад предлогот на Гранде, затоашто сепак не е до толку мртва темава па да ја откажуваме, а и како што гледаме, не сме сами тука се мотаат и членови што не го следат предизвикот, ама сепак ја следат темава. Злате тебе ако не ти се замара со броење рецензии, може секој на крај на месец да си напише кој колку изгледал, нема потреба темава да биде терет никому. Еве ние 4ца сме тука што и не е толку лошо. Од Јануари може да го намалиме предизвикот на 3х па ќе видиме како ќе оди.
 
А нема да почнеме со 3 сега со новиов круг?
Не, не. Ќе ја довршиме годинава на ист начин како до сега. Од први јануари ќе пробаме со новиот, трет по ред, систем.
 
Легендата за број 17

Интересен, гледлив, класична спортска биографија, нема нешто невидено. Главниов лик ми беше харизматичен и те тераше да навиваш за него, исто и тренерот ми беше јак лик.
Значи се си беше солидно се до историскиот меч со Канаѓаните каде што ги преставија ко некои злосторници, посебно со двајцана хокеари кои се трудеа максимално да праат фаци за да испаднат што поголеми никаквеци. И тренеров исто кога искочи па нешто се движеше со стапот ми беше глуп.. значи крајот ми беше баш ко утната шанса после добра акција.. севкупно гледливо ок филмче, 6,5/10


How i ended this summer

Супер предлог за тие што бараат филмови со мал број на глумци.
Тука се двајца и добро функционираа меѓу себе.
Спор филм, полека си врви, ама успева да создаде психолошка тензија и напнатост. Плус убаво си ги користи кадрите од Артикот.. 7,5/10


Lust, Caution

Овој прилично ме бендиса. Шпионски трилер драма романса, со јака хемија и искри меѓу главниов пар. И овој е споричок али внесува и напнат е.. и морам да престанам да бидам мрза и да пишуем одма после глеање на филмот а не после 3 недели.. 8/10


Овој месец 5 изглеани
 
5. Bedevilled (2010) (8.4)

Убава драма која одлично ни прикажува како доаѓа до нервен слом, односно во ситуација кога пука филмот. Убава паралела и на двата лика израснати заедно, но првиот брка кариера во големиот град а другиот останал на островот во изолирана заедница. Супер не води низ целиот филм, полека ни ги открива страшните работи и ликови, успева да создаде емпатија и покрај тоа што ликовите се црно бели. Но за жал пред крајот преминува во класичен холивудски хорор од Б продукција. Тука не мислам на делот на островот, туку потоа кога ќе заминат од него.

Убава природа, морето беше прекрасно.[DOUBLEPOST=1543771915][/DOUBLEPOST]
Значи се си беше солидно се до историскиот меч со Канаѓаните каде што ги преставија ко некои злосторници, посебно со двајцана хокеари кои се трудеа максимално да праат фаци за да испаднат што поголеми никаквеци.
И мене ова малку ми пречеше. Но ме заинтересира исходот од овие натпревари (во филмот беше само првиот) и расчепкав по интернетов и открив дека ликовите се прикажано сосема реално. Канаѓаните во шестиот натпревар намерно му ја имаат скршено ногата токму на Валери, по што победуваат во тој и следниот натпревар и излегуваат како вкупни победници од осумте натпревари. Има и снимки од натпреварите, дури изгледа дека и погрубо играат отколку во филмот.
 
Последно уредено:
Кога не ми припишува никој иљач за heartache, ќе си припишам сама. You guys are useless.
Месецов, Декември, гледаме нешто што ќе направи да осеќаме all warm and fuzzy (барем се надевам ќе успее, тоа е целта), и да ни помогне да малку подзаборавиме на сивилото околу нас. Малку кризирам емоционално периодов, ќе ме истрпите некако.

Во секој случај, all I want for Christmas is...


Christmas Movies

Не беше некоја мистерија темава, а еве ги и филмовите.

White Christmas
Holiday Inn
Christmas in Connecticut
A Christmas Tale
A Perfect Family
Merry Christmas
The Cheaters
Bachelor Mother

Филмовите немаат некој степен на приоритет, зашто доста од овие се гледани некому, мене не ми е гледан ниту еден, па не можев да правам custom листи, во секој случај убаво ќе биде да го задржиме форматот на гледање од горе надолу, оној од последните предизвици, ама и да немате гледано некој а сакате да го скокнете, слободно.

И нешто бонус, за атмосфера:
Sinatra
Bublé


Enjoy! :X3:
 
Последно уредено:
Јас по трет пат ќе го гледам истиот предизвик. 0 for originality, @Corvus . Ама 100 за допадливост! Обожувам Christmas Movies! Фала ти. Само 1 замерка имам - не може да има Christmas Movies тема без Christmas Carol. Требало да ставиш 1. :(
 
Јас по трет пат ќе го гледам истиот предизвик. 0 for originality, @Corvus . Ама 100 за допадливост! Обожувам Christmas Movies! Фала ти. Само 1 замерка имам - не може да има Christmas Movies тема без Christmas Carol. Требало да ставиш 1. :(
Следната година ќе напраам тема A Christmas Carol, и ќе стаам 5 верзии од различни години :ROFLMAO:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom