5X филмски предизвик v.2/2018

Денес е последен ден за мојот предизвик. Еве кој колку изгледал:

@Anon - 5/5
@Zlatikevichius - 5/5 само за 2 (Rebel in the Rye и Kill Your Darlings) не стигнав да пишам рецензија, само се надоврзав на вашите муабети
@moongoses - 4/5
@grande-juve - 4/5
@Corvus - 2/5
 
Мене Тотал Еклипс ме измалериша.
Го пуштив и ми цркна полначот.
Ќе keep up-нам деновиве.
 
Како бе последен, а утре? Или утре е ден за примопредавање на темата :D
 
Како бе последен, а утре? Или утре е ден за примопредавање на темата :D
Упс, sorry, два дена де. Дека и во клубот пишував пред тоа, сум ги измешал брзините.
 
„Барајќи ја Недојдија“ ја скокнав затоа што ја имам одамна гледано исто и „Земјата на сенките“. За овој би рекол дека е можеби и најдобриот од понудените иако дури од воведот на Zlatikeichius дознав дека главниот лик бил писателот на „Хрониките од Нарнија“. Не се сеќавам дали тоа не беше спомнато или пак тоа време кај нас беа непознати овие дела, па ништо не ми значеше. Сепак филмот беше за романсата на главните ликови, не за нивните кариери.

Со оглед дека уште еден филм за поети тешко да издржам, ќе го скокнам „Bright star“ и ќе преминам на:

Последната станица (2009)

Филмот е поставен во последната година од животот на Толстој, кога тој веќе е стекнат со слава. До толку што пред неговиот дом постојано се присутни папараците, а секоја негова постапка или не некој член од неговото семејство веднаш се појавува во весниците.

Приказната не е класична биографска, туку се фокусира на конфликтот околу правата на пишаното наследство на Толстој. Неформалниот водач на „толстоевците“ сака да ги присвои под изговор дека припаѓаат на народот а сопругата на Толстој тоа по секоја цена сака да го спречи. Низ приказната не води новиот секретар на Толстој, голем следбеник на начелата на движењето, кон кои ни самиот Толстој стриктно не се придржува. (Инаку лик кој ќе ја остави девојката за да продолжи со работата, ping Anon :) ) Со тек на времето низ многуте разговори со својот идол, ќе ги увиди и причините за тоа.

Интересен, позитивен филм и како што треба, воопшто не бара претходно познавање на ликот и делата на писателот, а не запознава со многу од неговите ставови за животот и љубовта.

Утре е мојот ред за предизвикување. Затоа Ве молам останете присебни и не се возбудувајте премногу :)
 
Shadowlands

Без дилема најубавиот филм од предизвиков. Не очекував од сабајле да ме допре до толку.
@moongoses се спомнува и книгата неколку пати на почеток, ама како што кажа филмов е за романсата помеѓу главните ликови, а уште поише за Клајв С. Луис, брилјантно изглумен од Тони Хопкинкс, и за неговото отварање, растење и прифаќање на искуствата од животот(не е каминг оф ејџ :D ).

Многу внимателно снимен и со мирен тон, имаше доста убави кадри од преубавата англиска природа.
17917183_10210592076133154_4216911775664268611_o.jpg
Сценариото беше уживање, од цитати до дијалози до се'.
"The delight that never fades... The bliss that is eternal is only yours when what you most desire is just out of reach".

"The pain now is part of the happines then. That's the deal".

Изгледаше многу реален филмов, а со оглед на содржината многу лесно моеше да се сопне.
Дебра Вингер и Хопкинкс дефинитивно имаа хемија и немаше утка во ниедна нивна заедничка сцена.
Не знам што друго да кажам, емотивно ептен ме погоди и се поврзав.. Злате ко шо приметуем не си го глеал али одличен предлог за кој вредеа да се издржат и Total Eclipse i Kill your darlings :D
8,5/10
 
@moongoses се спомнува и книгата неколку пати на почеток, ама како што кажа филмов е за романсата помеѓу главните ликови, а уште поише за Клајв С. Луис, брилјантно изглумен од Тони Хопкинкс, и за неговото отварање, растење и прифаќање на искуствата од животот(не е каминг оф ејџ :D ).
Го гледав кога беше актуелен и такви детаљи ми се заборавени, најверојатно затоа што тогаш авторот ми бил непознат, за тие книги разбрав многу подоцна. А тој период Хопкинс имаше уште неколку одлични улоги во исто такви филмови, како „Howards End“ и „Остатоците од денот“. Особено овој вториов.

@moongoses , surprise us! Мај е твој.
Еве ме, малку почекав да дојде време „кога скарите ќе стивнат“ :)

Мајски предизвик

Неколку варијанти ми се вртеа како тема за предизвиков, но од секоја од нив или не излегуваа доволен број добри филмови што не ни се гледани или излегуваа наслови тешки за „набавка“. Па преминав на покласична методологија на одбирање тема. Забележав дека меѓу нас има доста љубители на ноарот, па се дадов во тој правец. И стигнав до темата за овој месец - нео ноар. Тоа се филмови правени во стил на ноарот, но со понов датум на производство, односно од шеесетите години навака. Со оглед дека ноарот не е жанр туку е стилска карактеристика и опфаќа широк дијапазон наслови, во нео ноарот овој опсег е уште порастеглив. Така можат да се најдат наслови коишто жанровски се сосема различни и нетипични за ноарот, но затоа што имаат некоја заедничка естетска нишка со него, означени се како такви. Најчесто и не целеле да бидат во нео ноар стил.

Се трудев да одберам наслови за кои мислев дека има голема веројатност да не ви се гледани, а сепак да бидат интересни. Гледав и да не се претерано долги, само два се подолги од два часа, еден е дури час и дваесет. Со оглед дека основните пет и јас ги немам гледано, можно е некој да е потполно промашување од денешна гледна точка, затоа што се работи за постари филмови. Гледав и колку што може да бидат поразлични, така имаме и британски и француски филмови и црно-бели и во боја.

Еве ја листата од петте обавезни, без некој посебен редослед.
  1. „Слуга“ на Џозеф Лоузи
  2. „Убијте го пијанистот“ на Франсоа Трифо
  3. „Градскиот принц“ на Сидни Ламет
  4. „Пријателите на Еди Којл“ на Питер Јејтс
  5. „Шок коридор“ на Семјуел Фулер
Еве ги и трите резервни, доколку на некој не му фатат око овие пет.
  1. „Самурај“ на Жан-Пјер Мелвил
  2. „Долгиот Велипеток“ на Џон Мекензи
  3. „Жега“ на Мајкл Мен
Еве ги и сликовито:
Sheet_0001.jpg

Останаа уште неколку наслови кои што „немаа среќа“ да бидат извлечени за предизвиков. Кој прв ги изгледа сите овие, ќе му ги дадам и нив :)
 
Прегледај го приврзокот 189963

Останаа уште неколку наслови кои што „немаа среќа“ да бидат извлечени за предизвиков. Кој прв ги изгледа сите овие, ќе му ги дадам и нив :)
:love:
 
А тој период Хопкинс имаше уште неколку одлични улоги во исто такви филмови, како „Howards End“ и „Остатоците од денот“. Особено овој вториов.
Да да, и улогите одлични, а и филмовите..

А месецов ќе се ужива со темава (y). Коа го прочитав насловот одма помислив дека ќе го има The Long Goodbye како не толку зборен неоноар али култен. Ако не си го гледал имаш препорака од мене. Исто и за Body Heat, еден од најкласичните неоноари.
Првите 5 не ми се глеани и сите ќе се гледаат, а од резервите, Самурајот од дамна е глеан и ми беше прејак така да планирам реприза. The long good friday исто доста јак филм со дејм Хелен Мирен меѓу другите. А Heat си растура со оцени али мене не ми се свиѓаше, over the top ми беше од секој аспект и ич не ме заинтересира иако е полн со акција и напнатост.
 
А месецов ќе се ужива со темава (y). Коа го прочитав насловот одма помислив дека ќе го има The Long Goodbye како не толку зборен неоноар али култен. Ако не си го гледал имаш препорака од мене. Исто и за Body Heat, еден од најкласичните неоноари.
Ги имам гледано тие, ама ги скокнав затоа што претпоставував дека и на другите им се гледани, а сакам колку што е можно да избегнам репризирање. Баш ми е драго што ги погодив.
Инаку на список беа и Поинт бланк, Кинеска четврт, Приведете ги осомничените, Доверливо од ЛА, Прислушување, Начинот на Карлито, Француска врска, Серпико...
 
The Servant

Супер филм.
Убава глума, убаво сценарио, неколку интересни camera movements (огледалата врх) и добри напнати сцени со оглед на темата.
Ова сесрево какво ебливо cockтизерче беше, мх, мх, мх. Некоја slutty верзија на Дафне од Фрејзер.
Мислев дека ќе се смуваат срвантов и газдава, после мислев срванот ќе ги напраи масакр, па мислев дека се договрени со сесрето да му земат све, за на крај да испадне курварлук и развратништво. Сепак фокусот на филмов очигледно беше тоа. А секако и слејв/мастер риврсот.
8/10
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom