Јас сакам прво да ги гледам сите, па после ќе пишам тука. До сега сум 2/5.[DOUBLEPOST=1515352910][/DOUBLEPOST]Ау, колку си стојам на зборот! Само што реков, и морам веднаш да порекнам. Морам да напишам нешто додека ми е тазе, зашто не сакам подоцна да избледи нешто од сеќавањата.
3 изгледав од петте на
@Corvus до сега, по редослед: ARQ, Travelling Salesman, Extracted. Мислењата за секој од нив, тука, ќе ги измешам малку, нема да бидат по истиот редослед.
2 од филмовите кои ги гледав на прв поглед изгледаат толку многу стереотипни и веќе видено, што мислам дека од старт би им дал ниски оценки, а баш спротивно, токму тие два ги добија високите. За да го надополнам тој „веќе видено“, момент, така се погоди (коинциденција), пред секој од двата да гледам некој друг, со речиси идентична тема. Само 2-3 дена пред ARQ (time loop), го гледав Before I Fall (time loop), а само неколку саати пред Extracted (mind control, or memory control, да бидам попрецизен), ја гледав Black Mirror: White Christmas епизодата (mind control, or memory control, or sticking into somebody's mind). Ете, до толку беше „веќе видено“. Ќе пишам за обата посебно подолу.
ARQ - Прекрасно филмче! Прво, ме изненади фактот што е Netflix original, па мислев, како е ова Lo-Fi, а испадна дека стварно било Lo-Fi, канадско филмче. Реков, темата не е воопшто оригинална, сто пати сме виделе time loop филмови, од Groundhog Day, Butterfly Effect (и не беше баш time loop во вистинска смисла, но нешто слично на тоа), If Only, па еве, до овој Before I Fall кој го гледав само неколку дена пред ARQ. Разликата во двата беше тоа што Before I Fall ме тормозеше, time loop-овите беа речиси идентични и спори, поентата беше без врска, и сл. Кај ARQ, нема почеток, нема воведи, цел филм е кулминација и те држи цело време на штрек, и со грицкање нокти. Секој нов круг од ресетирањето на времето беше во ништо сличен со било кој претходен, како да гледаш цело време некоја нова приказна, и секоја доаѓа до тоа кулминационо ниво, што во секој момент може да ти излета срцето од гради. Плус, речиси цел филм е сниман на многу мал простор (малечко станче, 3 соби се на се, а јас обожувам такви филмови), но во него се случува мноооооогу. Морам да напоменам и тоа, да не заборавам - глумата беше ОД-ЛИЧ-НА, од сите до еден, режијата, исто така, одлична, речиси ништо и да не ми сметаше во филмов. Плус, толку многу спинови, толку многу WTF моменти во нискобуџетен филм не верувам дека сум видел. Ова беше вистинско мало совршенство! Е сега, откако заврши, увидов некои моменти кои немаа баш смисла, ама во time loop филмовите ретко кога некој успева да одржи логика. Пример: ако time loop-от се случуваше само во рамки на тој круг околу куќата, тоа значи дека тој типот им се јавуваше на тие надвор неколку стотици пати. Не им било чудно тоа ним? Како тогаш, на почетокот на некој следен круг, не се надоа пред влезот на кругот? Но, реков, тешко е да бараш логика во филм од овој тип. Важно беше дека овој мене ми направи толкав мерак, што дефинитивно ќе го репризирам, и препорачувам кај стигнам. Браво
@Corvus !
9/10 од мене.
Extracted - овој го гледав пред малку, и исто така, ми беше преубав. Се согласувам со
@grande-juve од погоре дека имаше недостатоци и во него, но којзнае, можеби некој ќе направи високобуџетен римејк. Темата вреди. Исто, уште на почеток да си кажам - убеден бев во невиноста на Ентони, уште од самиот старт! Човек кој толку очајнички се труди да се сети, и да си докаже, не на другите, туку на себеси, дека не убил никого, нема шанси да е убиец. Е сега, вчера вечер го гледав Black Mirror: White Christmas, и исто и таму темата е влегување во нечиј мозок, контролирање на сеќавањата, и разговор со тој внатре, како и тука. Разликата меѓу овие два, и тие два од погоре е што во овој случај другиот филм (Black Mirror: White Christmas) беше подобар од овој. НО и тоа не ме спречи и овој да добие висока оценка од мене, зошто навистина беше добар, со исто така, многу WTF моменти, глумата мене па не ми беше многу лабава, што вика гранде. Да, можеби овој главниот и споредните, ама типот што го глумеше Ентони убаво си го долови ликот. На крај дури и ми беше жал што така заврши: со хепи енд за еден, но со тажан крај за другиот. Може и посреќен ќе бев да беше обратно. Плус, еден елемент што исто така совршено се вклопи во целата слика е трилер-сегментот(ите). Ова не беше само обичен SF, туку SF-трилер амалгам, и навистина одлично изгледаше.
8/10 за овој.
Имам уште многу што да пишувам и за двата од погоре, но не сакам да бидам предолг, па затоа запрев тука, со надеж дека ако се развие дискусија, ќе се надополнам..
И кога си помисливте -
@Corvus did a very good job, доаѓа...
Travelling Salesman - Очај. Очобол. Досадно до бесвест. Значи и сам се чудам како го довршив „филмов“. Дури ни не сфатив како the hell е ова поврзано со SF. Четворица типци (башка, толку површно претставени што ги гледав како роботи, како бандери, а не како ликови), математичари, што пронашле некаков изум, или теорија, за некоја нерешлива матаматичка загатка, разговараат со петти типац, владин пратеник, за да ја продадат теоријата на САД (која верувам ни сами не ја сфатиле, исто онака ко јас што ништо не сфатив), и притоа да молчат за да не завршат во некој ендек. Притоа се дискутира за светски заговори, морални дилеми, политика, атомски бомби, природата, парите и што знам уште што, ама ништо не ми беше поврзано едно со друго во муабетот. Не знам многу работи. Не знам што всушност се случуваше. Не знам што дискутираа, не знам што е P=NP. Не знам ни со која цел некој го направил ова чудо. Не знам ни како успеав да го изгледам, кога обично ги прекинувам ваквите филмови. Само знам дека бев fucking 89 човек во светот кој го гледал ова и потоа се пофалил на Letterboxd. Којзнае, другите или умреле од досада гледајќи го, или им било срам да кажат дека го гледале. Имаше еден што напишал на LB - ова е како да присуствуваш на состанок на работа, ама да не ти е гајле за работата и состанокот, а не како да гледаш филм. And I cannot agree more!
1/10 - и и тоа му е многу!