Вампирски филмови

  • Креатор на темата Креатор на темата Body Electric
  • Време на започнување Време на започнување
Lesbian Vampire Killers беше кога стриптизета вампир ке му игра ass to mouth на еден тип при што овој ке биде претворен во вампир? Или па нешто трето имам гледано......
 
Од толку јаки вампирски јаки филмој најде П*ДEРСКИ да гледаш? 13 год имаш валда...
Глупо се изразив, поентата ми беше ме асоцира на тој филм и ми стана одбивен жарнот...Премногу лоши филмови базирани на оваа тема излегоа и некако ми здодеаа.

Солидни ми се само Interview with a Vampire и Underworld серијалот. Последниот Underworld до душа освен ефекти и Кејт друго не вредеше, приказната сапуница.
 
Немој некој збор да рекол дури и куче имав што се викаше Золтан :cautious: еден од тие по хорор филмови додека бев дете...


Zoltan_Hound_of_Dracula.jpg
 
Го заборавивте најдобриот .
underworld-casting-call-open-audition.jpg
 
Underworld серијалот ми е омилен од ваквиот жанр на филмови истото чувство и јас го имам кога вампир гриза хахахахаха адреналинот ми се качува илјадарка и страста :oops:
 
Глупо се изразив, поентата ми беше ме асоцира на тој филм и ми стана одбивен жарнот...Премногу лоши филмови базирани на оваа тема излегоа и некако ми здодеаа.

Солидни ми се само Interview with a Vampire и Underworld серијалот. Последниот Underworld до душа освен ефекти и Кејт друго не вредеше, приказната сапуница.
Тоа е веќе друго :D
 
Interview with the Vampire.Van Helsing, Blade I,II,III,From Dusk Till Dawn.. Тие ми се најомилени..
 
Воопштено, ретки се филмовите со вампири кои ми го направиле меракот. Проблемот не е во темата, туку во пристапот кон неа. Повеќето филмови се прераскажување на претходните, врие од веќе чуени и веќе видени работи. Вампирите како мит воопшто не се непознати, не мора секогаш повторно да се информирам дека гинат од колец и од дневна светлина и дека пијат крв. Малку нови работи има во овој хорор поджанр што имаат вредност. Не ми се допаѓаше Блејд (од стрипот можеше повеќе да се извлече), ни Underworld (интересен е поради специјалните ефекти, акцијата, дури и има обид за градење на некаква митологија, ама се` на се`, се работи за навистина просечен филм за тепање време, барем јас така си мислам).
Тарантино направи нешто интересно, ни True Blood како серија не е лоша, си има свои моменти. Интервју со вампирот има приказна со извесна тежина, слично како и оригиналниот Let The Right One In.
Има сега еден тренд на хуманизација на вампирот, или, ако се има предвид дека пред тоа биле луѓе, рехуманизација. Тоа е ок. ама само ако не се забега. Вампирите плачат, се заљубуваат, љубоморни се, завидливи, се сексаат (има кај вампирот многу еротски набој, ама не требало да се банализира толку многу.... Премногу и пречесто за мене.
 
Не ми се допаѓаше Блејд (од стрипот можеше повеќе да се извлече), ни Underworld (интересен е поради специјалните ефекти, акцијата, дури и има обид за градење на некаква митологија, ама се` на се`, се работи за навистина просечен филм за тепање време, барем јас така си мислам).
Ликот на Блејд во стриповите е прилично досаден. Иако базиран по нив, за филмовите си е створен посебен митос кој после првиот и вториот дел почнува и по стриповите да се појавува така да во сегашните стрипови Блејд повеќе наликува на неговата филмска верзија. Вториот дел е инаку најдобар, додека третиот е убивање на една потенцијална супер франшиза и добар лик.


Митологијата на Underworld e напишана од црнецот што го глуми вториот по команда врколак. Кога ми беше гледан филмот баш тогаш кога искочи ми беше интересен (башка huge boner-от што го имав од Катица една недела) целиот тој концепт ми беше интересен и се вдадов во потрага да откријам од каде бил инспираран човекот. Приметив дека го окривуваат за плагијат на тејбл-топ игрите од World of Darkness поточно Vampire-The Masquеrаde и една друга со врколаци што заборавив како се вика. Земав некои книги од странство по тој setting правени ама немаше љубов помеѓу врколак и вампир, врколаците наместо бараби се суштества одбрани да ја бранат природата и други некои хипи работи. Единствено е што вампирите се водат во тајност, се облакаат како goths и работат хиерарсиски со принцови, шерифи поделени по градови и држави слично како и кај True Blood. Едно време и сакав да ја играм играта со луѓе ама па никој заинтересиран немаше. Истото и со DnD ми се деси.

Има сега еден тренд на хуманизација на вампирот, или, ако се има предвид дека пред тоа биле луѓе, рехуманизација. Тоа е ок. ама само ако не се забега. Вампирите плачат, се заљубуваат, љубоморни се, завидливи, се сексаат (има кај вампирот многу еротски набој, ама не требало да се банализира толку многу.... Премногу и пречесто за мене.
Почнат е трендот со хуманизација уште одамна. И што знам, мислам дека е интересна идеја. Дека и во најкрволочното суштество може да се крие нешто хумано. Преку книгите на Ен Рајс, па филмот со Дракула на Копола каде што Дракула е прикажан по човечки за разлика од другите екранизации па и самата книга, па трендот си продолжува со сериите Бафи и Ангел. Целата работа се усерува со појавувањето на Твајлајт.
 
Cronos од 1993 на Дел Торо, со Федерико Лупи и Рон Перлман.
Не е класичен филм со вампири.

Овој добро почнува и после ништо не се случува до крајот. :)

Нетипичен вампирски филм - Martin (1976)
од Ромеро. стариот е закон , кога ќе му вика "Бегај од мене Носферату!!!" :pos:
 
Последниот дел од Underworld ме разочара , некако како набрзина да го снимале и не е нешто посебно за разлика од предходните делови кои се многу моќни.

Queen of the Damnet е исто ок филмче , не дека сценариото му е на ниво како за вампирски филм туку музиката во самиот филм е многу добра, ги има сите песни и на еден албум.

За добра вампирска серија би ти ја препорачал True Blood , многу ми ја имаат препорачувано ама уште не сум ја изгледал. Беше на врвот на најгледани серии до пред некое време пред да ја замени Game of Thrones.

Последниот дел катастрофа им беше.
 
Филм со вампири кој можеби не е најдобар но ми е омилен е Interview with the Vampire: The Vampire Chronicles (1994) . Го доживувам како драма во која наместо луѓе, во центарот на приказната се овие суштества. Актерската екипа е прва лига, ѕвездите како Пит и Круз се во сосема друго издание (според мене една од најдобрите улоги на Круз). Антонио Бандерас, Кристиан Слејтер, и откритието Кирстен Данст. Има прекрасна приказна, класични вампир-сцени, одличен крај. Штета што не се снимија приказни за останатите вампири во филмот (напишани се книги) додека беше актуелна истата актерска екипа. Според мене еден од потценетите филмови, мене лично ми е во потесен круг на омилени филмови и го имам гледано барем 5-6 пати.

Вториот филм што би го спомнал го гледав пред некоја година, шведскиот Let the Right One In (2008). Филмот е ладен, морничав, и има страшно добри вампир-атак сцени. Вистинско освежување. Римејкот набрзина склепан, многу послаби сцени.

Како мал имам изгледано доста филмови со Дракула, но оној на Копола удира во суштината. Класика.

Кога сме кај класика: Dance of the Vampires (1967). Балот на вампирите го гледав како дете, ефектот страшен, денови неспиење. Нормално за повозрасна публика филмот е повеќе смешен но си има свои моменти.

Филмови како Underworld и The Blade се модерни и кул, не се лоши за промена, но отстапуваат од класичната шема. Уживав да ги гледам но не е нешто за што би се приврзал. Ван Хелсинг ми е повеќе авантура.

Имаше еден интересен обид скоро Daybreakers (2009), филмот не помина добро, нешто му фалеше за да биде класа, инаку добра идеја.

И уште да не заборавам еден од старите омилени филмови: The Lost Boys (1987). И се разбира
b.gif
From Dusk Till Dawn (1996), со оглед на тоа што не знаев што жанр е кога го гледав, кога се деси пресвртот бев WTF??? :)
 
Освен Линколн што треба да искочи скоро, други вампирски филмови слабо гледам да прават. :( Изгледа поактуални се тие со зомби.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom