Перо Антиќ

  • Креатор на темата Креатор на темата dzonyb
  • Време на започнување Време на започнување
Пишав и во темата за НБА, ке пишам и тука.
Некам да навлегувам колку и дали ке игра, само се надевам дека ке биде се во ред со лекарските и ке си помине се како што треба, па и официјално да го видиме првиот македонец во НБА. :)
Малку ме чуди тоа што не беше вклучен ни за летните лиги, а немал ни некакви пробни тренинзи, ама па од друга страна, тоа може да значи дека челниците на Хокс доста веруваат во него, па веднаш му понудиле договор.
 
Дефинитивно и заслужува да се проба. Мислам дека Перо сосема заслужено добива повик да игра во најдобрата лига у светот! Единствен е од нашиве што има физички предиспозиции и интелегенција за таму :) Со среќа мајсторе, осови и таму некој прстен, па те чекаме во МЗТ за крај на кариерата :) П.С Дефинитивно нема да спиеме годинава а богами и Атланта ќе си добие 2 милиона фанови хихихи​
 
Слушам се збори дека ради тетоважите го земале:)

Тие шо до чера те плукаа дека си издаица, глеам сеа први се на банкетов. :cautious:

Развали машко!
 
http://basketball.usbasket.com/team/Atlanta_Hawks/12
Овде веќе го имаат напишано како играч на Hawks + во стартна постава :D
Абе овде вели има двојно државјанство македонско и бугарско.....ајде сеирџии почнете да плукате...
Инаку ако успее да влезе во тимот му посакувам многу успех ,среќа и многу пари ...и да не си ја заборави својата репрезентација(првата).
 
Лелеее, се наежив најискрено. Браво ПЕРО сите треба да сме горди на вакви успеси за нашите спортисти, останав без зборови иако сакав да кажам повеќе.
 
Браво за Перо, само нека се потпише и нека е конечно ... и другпат и за други Македонски спортисти се шпекулирало дека ќе оделе ваму, па таму во јаки тимови, а после си останувале во послаби тимови (толку истражуваат нашиве новинари) ... може некој да даде статистика од последната сезона на Перо? мислам дека не беше убедлив (или сум грешка) за да го бараат во НБА ...
 
Со среќа нека му е. Навистина голем чекор напред за македонската кошарка.

Се надевам дека ќе добие вистинска шанса во Атланта да покаже што умее. Лошо е што Атланта веќе има еден куп високи играчи и реално нема простор во ротацијата: Хорфорд, Милсап, Бренд, Ногуеира и Мускала. Се надевам дека ова ќе значи дека Ногуеира ќе остане во Европа уште една сезона или ќе трејдаат Атланта некој од овие...
 
браво за антиќ
кој покварњаци сме ние македонците. на истиов овој профил имаше тема и сите плукаа по него кога отиде да игра во грција, затоп што човекот отиде да вади леб. сега истите ние коментираме колку е успешен.
 
Оти бе вака?
MFgwHVd.png

Бугарски пасош да не има? :D
 
Па со оглед на тоа дека играше таму, можно е да има и БГ. :) Мање битно тоа, браво за Перо, иако мое мислење е дека ќе изигра 2 сезони и после да се врати во Европа или ќе се пензионира. Добра пара ќе направи :D
 
Баш ми е мило.
Сега и ние можеме да се пофалиме со НБА ѕвезда во репрезентацијата.

И да, од сега и јас ќе бидам за Атланта само поради Перо :D
 
Кога може пола Македонија да има бугарски пасоши оти да не и Перо. А тоа шо плукаа за тоа што рече фиром , сите би го направиле истото .. ама македонска работа бе , само да се хејта и плука. БРАВО ПЕРО !
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom