Дочек на ракометарите

  • Креатор на темата Креатор на темата dzonyb
  • Време на започнување Време на започнување
Значи утре треба да се излезе на плоштад, ладно или не сеедно, не мора како за кошаркарите ама треба пола плоштад да е полн барем! Заслужија и овие дечки пречек, за срцето и желбата никој не може да им даде замерка.

5то и 4то место е достојно за почит, ама сега веќе чекаме и некој медал од нашите, дефинитивно!
 
Да не бегаме од темата ама ако во моментов не се вложува во спортот незнам кога се вложувало. Секој ден имаме нова сала , нови тениски игралишта, терени за хокеј, нова фудбалска арена, стипендии за спортисти, нови базени и што ли уште не.
Мислиш дека резултатите на спортистите се случајни?
Никако не се , Лазаров спомна дека биле добро организирани за подготовките а тоа не паѓа од небо.
Како и да е овие момци ги заслужија наградите кои се само потврда на успехот. А и заслужија дочек каков што доликува и мислам дека тоа е секогаш најголемата награда за еден спортист.

Друже, напишав и во темата за натпреварот со словенија, успехот е само нивни и на никој друг. Секоја чест на спонзорите и владата за колку-толку финансиската подршка, ама играчите што го постигнаа овој успех не се од вчера. Тие не се играчи кои играле и пораснале во новите сали и игралишта што ги спомнуваш, и тие проекти се добри ама не се прави така успех во спорт иако и тоа е важно.

Јас не сум упатен, но имам впечаток дека овие два успеха се пред се во конечно поклопување на добри генерации во двата спорта и во добрата работа на двете федерации. Не знам кој и како работи таму, но даваат резултати, веројатно ги нема оние мафијашки структури како во ФФМ.

Што се однесува до пречекот, да треба да се пречекаат ракометарите, но Инглориус мислам напиша во оваа тема, да не го спуштаме нивото на што значи триумф. Пречек на аеродром да, но не знам дали треба и организирано шетање со отворениот автобус (во овој случај ќе биде затворен;)), министри да се шетаат покрај нив и минење низ триумфална. А што треба да направиме ако некогаш освоиме медал, да направиме уште поголема триумфална за поголем триумф.

Немој да ме сфатите погрешно за овој коментар, но замислете дека ова беше еден вид ренесанса во спортот, дека овие два успеха ќе ни бидат рутина, дека ќе бидеме во топ 8 на сите наредни првенства. И тогаш веројатно апетите ќе растат, и еуфоријата за на пр. 5 место како ова денес неам да биде таква како што е сега.
 
Вечерва го гледав Србија - Хрватска на Спорт 1 поранешен ДСФ , коментатор незнам кој беше но знам дека стручен коментатор беше Штефан Кречмар.
За публиката на овј меч коментаторот вика: „прекрасна атмосвера, фантастина публика„на ова Кречмар вика „ да домашната публика е супер, но досега немам видено публика како МАКЕДОНСКАТА„. Ејјјјјјј Штефан Кречмар кој е поим за ракомет , кој поминал и сито и решето вика дека имаме најдобра публика на СВЕТОТ.
Затоа според мене Ракометарите освоија 5 место но Македонската Фаланга е дефинитивно Европски Првак. И се надевам дека утре уште еднаш ќе го покажеме тоа на плоштадот Македонија.
[.
--- надополнето: 27 јануари 2012 во 22:51 ---
ЕВЕ ја агендата за утре:

Бесплатен превоз за 500 граѓани за пречек на ракометарите на Табановце
  • Објавено: пред 29 минути
  • Прочитано: 264
  • Печати
Сподели со твоите пријатели!
6

Утре ЈСП „Скопје“ и Град Скопје ќе обезбедат бесплатен превоз за 500 граѓани со 10 автобуси, кои во 11:30 часот од пред спортскиот центар „Борис Трајковски“ ќе тргнат да ги пречекаат ракометарите на граничниот премин Табановце и потоа ќе бидат дел од конвојот со кој македонската ракометна репрезентација ќе пристигне на плоштадот „Македонија“.
Пречекот на Табановце ќе биде во 13 часот. Во 13:30 часот конвојот со ракометарите ќе биде пречекан пред ТЦ „Бисер“ во општина Аеродром, а во 13:45 часот пред Комплексот банки за во 14 часот да пристигне на централна прослава на плоштадот „Македонија“.
Од 12 до 16 часот ќе обезбеди автобускиот превоз на сите линии кои водат до центарот на Скопје ќе биде бесплатен.
Македонија вечерва во Белград во натпреварот за 5.место ја победи Словенија.
 
Значи од сега запамтете....најбитни работи за една нација се :

*идентитетот
*јазикот
*СПОРТОТ

:vozbud:
staro_zn.gif
 
Ако има некој од Куманово нека каже дали ќе има организиран пречек на ракометарите кај бензинска пумпа пред влеозт на Куманово, затоа што сакам да одам?!Ако има во колку часот е?
 
е за жал нема да може да присуствувам на чинот... ахх оваа грда дипломска :@
 
Е шо ти се вика „ЛЕТЕН„ народ ладно време и никој не му се излегува на плоштад.
 
Ќе одам само на плоштад.
Во 2009 ги пречекав на аеродром, кошаркарите ги пречекав истотака на аеродром, ама овојпат неможам да одам до граница. Ќе се задоволам само со пречекот на плоштад :D
 
Кошаркарите ги пречеав на аеродром па после на плоштад,ракометравие ги бодрев во Ниш и во Белград па нормално дека нема да ми биде проблем да дојдам и утре на плоштад:).Момциве играа со срце и со малце повеќе среќа (да имавме појак тренер сигурно идевме во финале) ке освоевме медал,како и дае заслужија пречек:)
 
Се разбира ке идеме на плоштад,заслужуваат спектакуларен пречек момците,и добро им е ова на Јсп автобусите да бидат бесплатни од 12 до 16 часот,што повеке народ нека дојде нека биде исто како и со кошаркарите !!!
 
Најјако ќе биде кога ќе пристигнат во центар и кога ќе видат што ги чека.Нема да им се верува. Ако ние живеевме за победите и се храневме со тоа изминативе денови, тие ќе се хранат со таа почит со години. Секоја чест за дечките :cuc::cuc: го разбија секојдневното сивило и партиско препукување. Живи и здрави и здрави и во иднина со поголеми успеси.
 
Абе остајте ги хероите....за нив е лесно.....него кажете ми вие што ќе се случи кога Шундо ќе излезе на бината???
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom