Дочек на ракометарите

  • Креатор на темата Креатор на темата dzonyb
  • Време на започнување Време на започнување
Шо е мераклии за пречеци,па,па,па....:pos::pos:
Кај бевте да ги испратите луѓево,да фрлите по една кофа вода,за со лесно да им оди??
После сме немале среќа-епа ќе немаме
 
Да, да треба еден пречек да се направи, можеби не како за кошаркарите ама мора овие момци да видат дека го цениме она што го направија за нас! Оставија коски на терен, а тоа мора да се испочитува!
 
Само тие нека обезбедат квалификации за О.И. прв ќе одам на плоштад да ги пречекам.
 
Ќе има ли пречек?
Заслужија момците. Само некако еуфоријата не е многу голема. Што ти значи исменетеа перцепција и сфаќање на успехот. И тоа е добро , не за џабе викат успехот носи нови успеси. Откога кошаркарите покажаа дека не сме нација за која е резервирано 10-16 место туку можеме многу повеќе се зголемија и апетитите, не е ни чудно што нема многу емоции. Сепак имавме квалитет за финале.
 
Одам обавезно :)

Се надевам дека пречекот ќе биде во недела и тоа вечерта :)

Незнам до кога ќе останат нашиве таму. Дали ќе се чека до посаледен ден за лазаров да ја земе наградата или пак ќе се вратат а после Лазаров (и сенадевам и Столе) ќе одат да си ги земат наградите.

Ако има некој инфо кога ќе пристигнат обавезно нека каже. Ајде Џену дај некоја инсајдерска информација :D
 
Реков уште и на првата страна на темава дека ќе одам. Уште пред да се знае било што. Таква игра, таков ќотек и таква пожртвуваност да не бидат наградени би било тажно. Браво бе момци наши!:love:
 
Богами, јуначки изиграа. Колку што кошаркарите имаа среќа, овие немаа. Со нивната среќа, сега Македонија ќе играше у полуфинале место усраниве данци.
 
Според коментаторот на Сител, изгледа утре ќе се враќаат дома ракометарите.
 
Се надевам дека ќе се вратат во неделата попладне за да може народ и од другите градови да дојде.Можеби и јас ќеотидам ако го натерам татко ми. :D
 
Ме интересира на пример дали ќе има организирани автобуси од Прилеп?
 
Колку што кажаа на Шител утре се враќаат нашите, ќе известат дополнително кое време ќе бидат на плоштад.
 
Иванов ќе ги одликува ракометарите

Текст: Макфакс​
Ракомет | 27 јануари 2012​
Македонскиот претседател Ѓорге Иванов попладнево најави дека ќе ги одликува македонските ракометари со Медал за заслуги за Македонија за освоеното петто место на Европското првенство.
ivanov-kje-gi-odlikuva-rakometarite-72198.jpg

Иванов ова го изјави на Плоштадот Македонија во живо за ТВ Сител непосредно по натпреварот Македонија - Словенија 28:27, со кој нашите ракометари изборија историско учество во квалификациите за Олимписките игри.
Нашите ракометари со постигнатиот резултат можеби не заслужија медал на Европското првенство, но со прикажаните игри заслужија да бидат одликувани и ќе добијат Медал за заслуги за Македонија, изјави Иванов, кој веднаш по натпреварот им се приклучи на насобраните граѓани, кои ја прославуваа големата победа.
Македонскиот претседател рече дека ракометарите заслужуваат да им биде приреден величенствен пречек, а кажа и дека прикажаната игра на првенството буди оптимизам дека може да се избори пласман на Олимпијадата во Лондон
Со идентичното обележје, Иванов летоска ги одликуваше и кошаркарите кои на Европското првенство го освоија четвртото место.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom