ЕП во ракомет 2012-група I (Белград)

  • Креатор на темата Креатор на темата Stivie G
  • Време на започнување Време на започнување

Кои 2 репрезентации ќе одат во полу-финале?

  • Србија

    Гласови: 82 50,3%
  • Германија

    Гласови: 30 18,4%
  • Полска

    Гласови: 10 6,1%
  • Македонија

    Гласови: 119 73,0%
  • Шведска

    Гласови: 3 1,8%
  • Данска

    Гласови: 10 6,1%

  • Вкупно гласачи
    163
Не знам брат,можеби и така беше...на прв поглед мене ми се виде како да не ја нагази линијата......
Како и да е,послаб ракомет од ова денес здравје...
За цепелинот ако се збори.
Прво падна во шесте метри, после шутна.. ситница беше. Мислам реално престап. Ама како домаќини на првенството можеа да му прогледаат низ прсти, да се одржуваше ова у Германија ќе беше чист гол.
Грешката е кај србите како и да ја вртиме, предност имаа голема.
 
Ова денес што го гледав на трите натпревари, мислам дека нема никогаш да го видам. Почудно првенство јас досега немам гледано. Веројатно тоа се должи на фактот што веќе нема доминантни ракометни сили како што имаше пред две години, кога самото име на репрезентацијата значеше страв и трепет. Искрено не можам веќе да го читам нити слушам муабетов за полуфинале, па не знам какви математики се не видов овде. Бидете сигурни, ништо што ќе напишете на хартија нема да излезе на терен. Ако ова денес не ви го докажа тоа не знам што ќе докаже.

Шведска дозволи да и анулираат 11 гола ејјј. Не ми се веруваше што гледам. Ќе речеш скандинавци, силен менталитет, а они се посрамотија комплетно. Ние помалери не можевме да бидеме, а Србиве ни се придружија на тоа поле. Сметам дека на ова првенство има милион судиски грешки, еве и на натпреваров со Србија ќе речеш домаќини, тоа судиите слепци невидени. Рогиш игра фудбал со топката, они ни две минути ни ништо. Мислев дека Србија како тргна ќе ги победи Германциве и тоа со минимум три разлика. Ама не може Даре да ги носи на грб. Човекот е пола репрезентација. Најмногу ради него сакам да успее оваа генерација на Србија да стигне далеку. На крај краева тој е голман на мојот тим Металург:pipi:. Баш ми беше забавно да го слушам Игорче со дечкото што му беше сокоментатор. Милина беше човек да ги слуша. Кажуваа корисни работи за играта, играчите, некој интересен факт, критика, а оној Магдинчев успеа дури пет минути да издржи да не каже ФИНТА:facepalm: Баш ми беше итересен фактот што Дарко се жалел на публиката во Пионир, во смисла дека немало атмосфера. Богами тука ни нема рамни.

Како и да е. Остајте ги дечките нека одиграат колку што можат подобро без притисок. Нека дишат малку слободно, па спорт е мајку му, не е смрт или слобода.

П.С Ако уште еднаш некој го пише она НИЕДЕН ПОРАЗ НЕ СЕ БРОИ ВИЕ СТЕ НАШИТЕ ХЕРОИ, ќе извршам харикири. Па биваше ли 9 од 10 луѓе да го тупат со иста реченица, за на крајот таа комплетно да ја изгуби смислата.
 
Натпреварот во кој незнаев кој повеќе сакам да изгуби заврши нерешено :pos:
Она германците се неверојатно среќни копилиња бе, не можам да си поверувам некако многу млитаво ми играат и пак освојуваат бодови и најверојатно ќе играат полуфинале....
Србите добро почнаа, германците мислам не дадоа гол првите 10 минути, али после ко да се опуштија, ептен паднаа, промашуваа зицери, малце и судиите ги ебнаа, и примија гол у последни секунди.
 
Шведска како што и мислев, не се замараја до толку, си се спремаат они за квалификациите за ЛОИ. Видовте второ полувреме кога му играа фластер на Ким Андерсен... тој у ниеден напад не учествуваше. Скоро секогаш кога се игра фластер тој што е чуван влегува на пикер, или пробува да избега од неговиот чувар, на овој ко к.... да му чуеше... Затоа не се чудете Шведска што беше стигната од страна на Полска...
 
Морам да кажам дека ми е мило што израмнија Германците, иако тоа најмалце ни одговараше(демек сеуште имаме шанси за 1/2 финале). Германски менталитет ти е тоа. Оној ќелавиот ни сам не е свесен што промаши.

Јебал те германски, дански и шведски менталитет.

Доста се омаловажувате со менталитетот.

Балканските народи за спорт се посебно надарени.
 
Нема тема за втората група во Нови Сад, ама едино што ме теши за нашиве несреќни порази е фактот што конечно ќе гледаме една завршница без гнасните Французи, се надевам дека ова ќе биде крајот на нивната успешна генерација.
 
Да ама ќе гледаме со гнасните Шпанци,кои најверојатно ќе бидат и шампиони! Не ми се верува ќе спојат Европско Баскет,Светско Фудбал,Европско Фудбал,Европско ракомет! Не ги можам нив веќе!
 
Да ама ќе гледаме со гнасните Шпанци,кои најверојатно ќе бидат и шампиони! Не ми се верува ќе спојат Европско Баскет,Светско Фудбал,Европско Фудбал,Европско ракомет! Не ги можам нив веќе!
Камо да е така, омилени ми се во сите спортови, ама не верувам тоа да се случи, уште од вечерва Хрватите ќе им го смалат шансите.
 
Да ама ќе гледаме со гнасните Шпанци,кои најверојатно ќе бидат и шампиони! Не ми се верува ќе спојат Европско Баскет,Светско Фудбал,Европско Фудбал,Европско ракомет! Не ги можам нив веќе!
Ај за во бакест и фудбал ок,али во ракомет.......спорт во кој се ептен исфорсирана нација и во кој веќе во последните 15 години имаат преку 10 играчи натурализирано не заслужуваат ни настап на ЕП.
Многу ме нервираат со тие натурализирања,па и кај што не им треба го прават.
 
Поготово што во ракомет може лесно да се натурализира и еден играч може да игра за повеќе репрезентации.
Пример сега можат да го викнат Лазаров за ОИ(ако не се пласираме) и тој може да игра за нив. Правилата во ракомент, заедно со овие групи и пренесувања на бодови се за никаде.
 
Мислам дека не може да го викнат Лазаров за ОИ, бар не за овие. Последен пат кога пратев повеќе правилата беа играчот да нема настап две години за друга репрезентација. Дали уште важат истите не знам.
 
Поготово што во ракомет може лесно да се натурализира и еден играч може да игра за повеќе репрезентации.
Пример сега можат да го викнат Лазаров за ОИ(ако не се пласираме) и тој може да игра за нив. Правилата во ракомент, заедно со овие групи и пренесувања на бодови се за никаде.

Ако сакаш да играш ракомет за друга репрезентација мораш да паузираш 2 години, не е туку така :) Памтам еден Унгарец се реши да игра за Шпанија пред 3 години и не заигра за Унгарија уште еднаш ама да ме утепате не ми текнува како се вика и дали заигра за Шпанија.
 
Наталија Тодоровска (Малахова) во 1997 година играше за Русија а две години потоа играше за Македонија... Драгица Кресоја не можеше да игра на СП 2007 година за Македонија затоа што во последните две години имаше играно за Србија, па дебитираше во 2008.
 
Како и да е глупо е. Јас не ги разбирам тие што играат за 2 репрезентации...Знам имаше еден играше прво за Белорусија, па за Словнеија и после за уште една репрезентација. Не ми текнува само како се викаше.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom