ЕП во ракомет 2012-група I (Белград)

  • Креатор на темата Креатор на темата Stivie G
  • Време на започнување Време на започнување

Кои 2 репрезентации ќе одат во полу-финале?

  • Србија

    Гласови: 82 50,3%
  • Германија

    Гласови: 30 18,4%
  • Полска

    Гласови: 10 6,1%
  • Македонија

    Гласови: 119 73,0%
  • Шведска

    Гласови: 3 1,8%
  • Данска

    Гласови: 10 6,1%

  • Вкупно гласачи
    163
Каков коментар да напишам за Германциве, а да не згрешам? :tapp:
--- надополнето: 21 јануари 2012 во 21:57 ---
Каков коментар да напишам за Германциве, а да не згрешам? :tapp:
 
Под пасивен напад беа србите, мораа да шутираат.
А Станиќ немаше логика акција да им прај, кога и немаше време.. не е Србија толку сјајна во контри, па за 3 секунди да постигнат гол, башка германците си ја имаа напраено одбраната веќе.

Е не слушнав тоа (оти немав звук само ја гледав) ама оти немаше време мислиш ? само што им дадоа гол Станич можеше одма да шутира..
 
Да им ебам швабите, освен ако не е наместено тогаш стварно имаат премногу среќа. Вакво нешто не е возможно инаку заедно со овие од данскиот пашалук исти се.
 
Морам да кажам дека ми е мило што израмнија Германците, иако тоа најмалце ни одговараше(демек сеуште имаме шанси за 1/2 финале). Германски менталитет ти е тоа. Оној ќелавиот ни сам не е свесен што промаши.
 
Па дали е ова могуче, дали е ова возможно? Па дури и тимовите што требаат да тепаат за да иде некако во наш прилог не тепаат.

Ова Германциве само се провлекуваат. Криво ми е, со ваква играа не заслужуваат да влезат во сала, камо ли да бидат величени.
 
Па дали е ова могуче, дали е ова возможно? Па дури и тимовите што требаат да тепаат за да иде некако во наш прилог не тепаат.

Ова Германциве само се провлекуваат. Криво ми е, со ваква играа не заслужуваат да влезат во сала, камо ли да бидат величени.
Абе ајде? Ги имаш ти гледано Германците освен против нас? Ја уништија Шведска, денес се вратија од -7. Може само да им се кажа свака част, а не да се пцујат секој ден, само затоа што (заслужено) не победија нас.
 
Послаби репрезентации од Србија и Германија НЕМА НА ЦЕЛОТО ПРВЕНСТВО.....
Металург да се собери ќе ги испердаши двете репрезентации....
Уште не ми е јасно како овие две репки се најсериозни кандидати за пласман во 1/2 финале:eek:
Ај шо одиграа Србите со Данска и Полска одиграа,секоја чест....заслужено добија.....на сила,вака така,си тепаа...,ама денес беа очај.....мизерија...:facepalm:
Ракомет од пред 30 години......кога играше Веселин Вуковиќ...:pos:
Напади по 5 минути,и за цело време не можат ни да шутнат кон гол....резил,како младинска лига да глеаме....:гик:
За Германците шо да кажам,бетер....
Никогаш не биле послаби,никогаш очај,мизерија тешка,невидена,срамна за една таква велесила како Германија...
Имаат среќа во дупчето,и секако главното оружје.....еден ЏОКЕР...СУДИИТЕ....
Тешка мафија се,мамето нивно....
Сите дискутабилни топки одат кај нив..
Чист гол(цепелинот)им беше поништен на Србите....
Ги форсира ЕХФ за на олимпијада,мамето нивно капиталистичко....:tapp:
А појма немаат....појма...
Македонија е за класа посилна моментално од Германија....
Не знам шо да кажам,како сакате толкувајте,мене оваа утакмица ми делуваше како некоја ТЕШКА МЕСТЕНКА...
Двете по бодче,и да си ја накриват капата....
Кога се работи за пари и душманите се први другари......:гомце:
Џабе е,нека местат....:icon_lol:
Моја прогноза е дека двете репрезентации глатко ќе си го примат во полуфинале(доколку се пласираат нормално)....
Ќе го избришат со нив паркетот во арената....
Србите доколку налетаат на Хрватска,Шпанија,па и Унгарија....па не се свесни шо ќе им се случи....
Нека се молат само во Станиќ,и секако во судиите,или во публиката ако помогни малку(иако рака на срце атмосферата е ТАПА):гомце: ...иначе нема спас...
Ќе ги прегазат....
За Германците се знае,нека се молат во нивните најдобри другарчиња судиите,тие ако не беа,сеа ќе беа во некој кафич во Берлин и ќе си пиеја пивце....(заслужено,а не да играат за полуфинале)...:tapp::facepalm:
 
Абе ајде? Ги имаш ти гледано Германците освен против нас? Ја уништија Шведска, денес се вратија од -7. Може само да им се кажа свака част, а не да се пцујат секој ден, само затоа што (заслужено) не победија нас.

Не ме зезај, со Шведска не играа Германците јако, туку Шведска играше слабо...

Никаква игра не прикажаа, а се главни фаворити. Ова ли се фаворити?? Молим те, не ме зезај... Се шлепаат на стара слава...
 
Не ме зезај, со Шведска не играа Германците јако, туку Шведска играше слабо...

Никаква игра не прикажаа, а се главни фаворити. Ова ли се фаворити?? Молим те, не ме зезај... Се шлепаат на стара слава...
Ако гледаш така ни ние не игравме јако против Чешка, туку тие играа слабо. Или така не ни одговара?
Никаде не реков дека се главни фаворити, само ме нервира што сте исфрустрирани со нив.
Чист гол(цепелинот)им беше поништен на Србите....
Oва тек сега го читам. Не знам што се правиш слеп кога не си, Никчевиќ стапна пред да шутне, исто како нашиов денес.
Ова е со претпоставка, да си го гледал натпреварот, а не да си читал коментари на српски форуми.
 
Ако гледаш така ни ние не игравме јако против Чешка, туку тие играа слабо. Или така не ни одговара?
Никаде не реков дека се главни фаворити, само ме нервира што сте исфрустрирани со нив.

Ти не викаш дека се фаворити, ама цела останата Европа и медиуми, тоа го прават. Ова ли се фаворити??? Не гледам ништо добро во нивната игра, не сметам дека заслужуваат да идат понатаму. Сепак, тоа е само мое скромно мислење. :)

Нашиве стварно го окупираа Белград! :icon_mrgr:
http://www.mondo.rs/s231395/Sport/Ostali_sportovi/RUKOMET-_Ma-ke-do-ni-ja_odjekuje_Beogradom.html
Тука дури порталов ги критикува нивните навивачи...
http://www.mondo.rs/s231404/Sport/Ostali_sportovi/RUKOMET_EP-_Makedonci_navijajte_za_Srbiju.html
 
Ние можеме до сабајле да им припишуваме пристасност на судиите кон Германија ( која не ја негирам,постои,се гледа дека се наклонети кон нив) но никој не им е крив на Србите што прокоцкаа 7+ на домашен терен против една временски гледано ослабена Германија. Тука доаѓа онаа општо прифатена теза дека Германец не се откажува се покажа и ги стигнаа. А далеку беа одлични,но Србите утнуваа чисти напади,зицери кои им ги поклонуваа германците.судиите и го исклучија Рогиш на 5 минути пред крајот и Србите пак не ја смирија играта туку чекаа на Илиќ да шутне на сила. Клинчаров добро кажа на преносот,немаше комбинаторика во играта на Србите,одеа на шутеви од дистанца.

Томасино,премногу те почитувам,и го ценам твоето мислење кога се работи за ракомет,секогаш се согласувам со тебе,добро ги анализираш работите,но цепелинот беше чист престап,Никчевич прво згазна на поле па шутна. апла се виде. За се друго си во право во твојот пост. Чекам по завршетокот на ЕП една анализа за нашата игра од тебе:) поздрав
 
Германците имаат нешто што никој друг го нема (менталитет).Заслужено пренесоа 4 бода зошто не победија нас (поштено) плус ја демолираа Шведска т.е ги победија останатите 2 репрезентации што ја поминаа групата.
Криво ми е што една ваква генерација каква што имаме сега ќе остане без медал но тоа е тоа.Реално имаме многу недостатоци во играта и затоа неможе да се замешаме во битката за медал.Оставете ги тие детски муабети дека немаме среќа и слично зошто кај нас проблемот е многу посериозен.
 
Chains@
Не знам брат,можеби и така беше...на прв поглед мене ми се виде како да не ја нагази линијата......
Како и да е,послаб ракомет од ова денес здравје...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom