Билетите за концертот посветен на Тоше 1500 денари?

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
Сигурно е хуманитарен концерт, не верувам дека до толку ни забега народот да печали пари од името на Тоше.

Да печали неееее......Ама да краде во името на Тоше и да пере пари тоа да.Да те корегирам.Значи тука нема никаква печалба.Они пак од сто денари карта ќе спечалат нешто и ќе ги вложат тие пари за хуманитарни цели ако сакаат.Вака доаѓа дека си перат пари луѓето на сметка на некогашен општествен хуманист!
 
Не знаев дека љубовта кон Тоше се покажува со купување карта од 1500 денари за да ги слушам Ламбе и Елена. :facepalm:
Кики, извини али мене ми личи дека ти не си искрен љубител на музиката на Тоше Проески. Ако искрено го сакаш Тоше, ништо нема да те попречи, во негова чест, да присуствуваш на големиот концерт.
Знам дека сега тука сите само зборите, но сигурен сум дека нема да издржите и ќе дојдете на концерт.
Се најубаво и се гледаме таму.(y)
 
Многу е мизерно за човек кој самиот своите концерти во Македонија ги организираше така што цена на карта беше еве, да речеме максимум триста денари сега да се ставаат астрономски цени (во негово име) и притоа да се користат како изговор монтажата на сцената, присуството на музичари и др. за енормната цена на картите.Во времето на Тоше , додека он организираше концерти значи ги организираше со симболична цена концертите, имаше многу музичари на неговите концерти, монтирани сцени, ефекти и др. и пак на крајот му остануваа пари и тие пари ги вложуваше во хуманитарни цели.Мислам кој се обидуваат тука да го измамат?
 
Кики, извини али мене ми личи дека ти не си искрен љубител на музиката на Тоше Проески. Ако искрено го сакаш Тоше, ништо нема да те попречи, во негова чест, да присуствуваш на големиот концерт.
Знам дека сега тука сите само зборите, но сигурен сум дека нема да издржите и ќе дојдете на концерт.
Се најубаво и се гледаме таму.(y)
Дали сум искрен љубител на музиката или не е моја работа, само не мислиш дека е претерано 1500 денари, а пола држава едвај го поминува месецот со примањата? Или пак ќе повторам 1500 денари за Ламбе или Елена? Не, фала. Убаво да си поминеш на концерт. :)
 
Bjorn, lad остај ја темава да биде со констуктивна критика а не да забегува во тролување со низок квалитет.
На темата: Прилично е очаен ваквиот потег на надлежните да стигнат до висока сума на пари... Но.
Док има овци има и волна за стрижење. Тажната работа е што повеќетемина од тие што ќе отидат таму не го ни познаваат Тоше како човек.
 
Дали сум искрен љубител на музиката или не е моја работа, само не мислиш дека е претерано 1500 денари, а пола држава едвај го поминува месецот со примањата? Или пак ќе повторам 1500 денари за Ламбе или Елена? Не, фала. Убаво да си поминеш на концерт. :)
Па токму Ламбе и Елена се пеачи, кои сметам дека се во групата на вистинските наследници на Тоше. Кога ги слушам нив, ми се враќа надежта во македонската музика, што ја изгубив по кобниот настан во Хрватска.
1500 денари за еден прекрасен концерт на преубава, квалитетна македонска музика, не е многу. Ќе биде волшебно!:love:
 
Видиш што убаво си кажа. 1500 денари за концерт на македонска музика. Промоција на рандом фаци од нашава ни сцена.

И ти знаеш дека после толку години, достоен концерт во чест на Тоше беше првиот. Другите се само извадени од контекст, ништо повеќе.

И ајде те молам кажи ми не сум фан на Тоше што не планирам да полнам нечив џеб во име на некој што е пример за цел Балкан.
 
Така е. Првиот концерт нема да биде надминат. Никогаш нема да го заборавам, ќе ми остане во меморијата како светлина која не потемнува.

И ајде те молам кажи ми не сум фан на Тоше што не планирам да полнам нечив џеб во име на некој што е пример за цел Балкан.
Жалам, но не си фан. Не ми е пријатно што морам ова да ти го плеснам в лице, но така е. Честитај ми на искреност.
 
Па токму Ламбе и Елена се пеачи, кои сметам дека се во групата на вистинските наследници на Тоше. Кога ги слушам нив, ми се враќа надежта во македонската музика, што ја изгубив по кобниот настан во Хрватска.
1500 денари за еден прекрасен концерт на преубава, квалитетна македонска музика, не е многу. Ќе биде волшебно!:love:

Ај смени си го аватарот во Григор Копров.
 
не е интересно да тролаш толку коа пола форум не сваќа сарказам :)
 
Сеа ќе се види кој не го сака Тоше!
Ако сте вистински љубители на неговата безвремена музика, ќе издвоите барем 1500 денари за концертот кој му е посветен нему. Вистинскиот Тоше-фан, за еден оваков спектакл, би дал многу поише од 1500.
Срам да ви е.
Оние шо се полнат пари со туѓа популарност не им е срам, нас да ни е срам? Ај чукни ја таа глаата малце од ѕид.
 
Настрана сарказмот ова е место кај што не е потребен. Постојат теми каде истиот има далеку поголем ефект.
 
Ако немате/не сакате да давате 1500, гледајте го на телевизија. Само се сомневам дека ќе гледате арии и опери.
Очигледно имаат направено калкулација и имаат избрано поинаква целна група од тинејџерски фанови.
Како и да е, подобро вистински музичари и уметност отколку, како лани и претходните години, недоквакани пејачи да си здобиваат популарност на негово име.
Како и да е, ако мене ме прашувате, нема никаква потреба од вакви чествувања на неговото дело и личност.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom