Билетите за концертот посветен на Тоше 1500 денари?

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
Уствари ова концертов за Тоше е полош и од поразот...
 
Со причина поп песни се поп песни а арии се арии, не се мешаат..... Генерално, лошо...
 
Хонорарите за музичарите, за било кој концерт, не ги покриваат спонзорите на концертот?

Ако така, значи музичарите се платени, и билетите би требало да бидат по ефтина цена, за да може да се соберат што е можно повеќе средства.

...

Или некој сака да заработи дебело од настан кој треба да е од хуманитарен карактер.
 
Најголеми фанови на Тоше беа младите. А ваков концерт не е привлечен за нив. Картите беа скапи но океј. Се прашувам дали и колку имало со гратис карти што присуствувале...
 
Мене ми се допадна премногу, подбро одколку да ја слушам елена ристеска и ламбе да квакаат, да беше Тоше жив сигурно и него ќе му се допаднеше сепак операта му била прва љубов.
 
Незнам што да кажам... Ова што го слушнавте верувајте беше максимумот, неможеше подобро, така да бидете среќни што не ви попукаа звучниците на телевизорите.
Најголема грешка е тоа што композициите небеа приспособени на пеачите, туку аранжманите беа во истиот тоналитет во кој ги пееше Тоше, а и најголем лаик да си за музика ќе знаеш дека машки и женски глас имаат различна лага (висина), па тука има подгрупи да не ве замарам, најпросто кажано требаше за секој пеач посебен аранжман!
А тие што направија? Си лапнаа пари за ''новите'' аранжмани кои Тоше ги пееше :facepalm:
Салата беше полупразна, а кога ќе се земе предвид дека собира едвај 800гледачи, од кој 500 беа со гратис влезници и глуп да си ќе сфатиш дека концертов беше дебакл, но се извадија со преносот иначе немаше ни да се знае дека имало воопшто и некаков концерт.
Се надеван наредниот пат нема прво да мислат на сопствениот џеб и барем еднаш да му направиме на нашиот ТОШЕ достоен концерт како што и заслужува!!!
 
Гледав дел од концеротот, т.е пробав да гледам. Секоја чест за класичната музика која Тоше ја почитувал и сакал да ја пее. Но мислам дека постои разлика помеѓу некоја класична композиција изведена во опера стил и да речеме Игри без граници. Некои песни толку глупаво звучеа и беа разобличени оние емоции и печат што Тоше го остави немам ни збор за нив. Незнам што сака да се постигне со ова и која е целта. Тоше би сакал фанови со ѕвездено небо а не некои скопски џет смет фаци кои глумаат Метрополитен опера и се ќе дадат за насловна на весник.
 
Најголеми фанови на Тоше беа младите. А ваков концерт не е привлечен за нив. Картите беа скапи но океј. Се прашувам дали и колку имало со гратис карти што присуствувале...

Многу. Посебно од музичка академија, музички училишта со врски влегоа еден тон:)
Цурата со црвена коса што пееше, мислам оти беше полоша и од фиќо на верглање. Се на се, крш концерт, обична перална за пари, и глупост невидена. Тошо коа праеше концерти поеќето беа хуманитарни, а сеа овие да надокнадат изглеа со парите што ги раздавал тошо, и тие да ќарат нешто. Булшит!
 
Хуманитарен а?

Кога го прашаа организаторот или кој и да беше тој на Сител (слушав само, не гледав накај телевизор) во какви хуманитарни цели ќе бидат употребени парите, се напрае мутав и не одговори на прашањето!
 
Хуманитарен а?

Кога го прашаа организаторот или кој и да беше тој на Сител (слушав само, не гледав накај телевизор) во какви хуманитарни цели ќе бидат употребени парите, се напрае мутав и не одговори на прашањето!

Долга е листата, дел од неа:

-Ќе си го реновира станот
-Ќе си нарача нов мебел
-Нова плазма телевизор
-Појак компјутер,интернет,мобилен,нова кола итн...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom