Не е се во парите но без парите не може да функционираме. Но да не се лажеме поголемиот дел од луѓето учат и студираат за да најдат добра работа што поплатена иако таа не ги исполнува, малку се тие што го работат тоа шо го сакаат. Со пари можеш да си купиш
ВРЕМЕ место да црнчам за просечна плата, ако сум пун ко брод времето ќе го поминувам со најблиските луѓе, пријателите, другарите, партнерката, децата, ќе уживам и кулирам. Често работата создава нервози и ете ти нарушено здравје со тек на време, и ако немаш доволно за живот ќе си го нарушиш здравјето. Со пари ќе го прошетам цел свет. Ако имам пари и ако не треба да работам ќе имам слободно време и да читам многу повеќе книги, да учам да се надградувам, да создавам, креирам, творам, дизајнирам, да идам на концерти, театар, кино, изложби, да спортувам. Не ми целта парите да ги расфрлам на глупости као дизајнерска облека, скапи телефони и слично, ниту пак ми е целта да се курчам дека имам пари, но сакам да уживам во добра храна, вино, патувања и слично. И ако си болен ќе имаш пари за лекови, да платиш приватен лекар да не чекаш по месец дена на државен да ти се влоши здравјето, ако треба да лежиш во болница ќе си платиш пари во приватна место во државните болници кои се распаѓаат, ако имаш пари недај боже се разболиш ќе можеш све да си платиш нема да треба да организираат хуманитарни концерти зо донирање пари за тебе. Ако имаш пари ќе можеш све да му овозможиш на своето дете од квалитетна храна па се до школкување, денес и факултетите се скапи у пм, некои немаат пари факултет да упишат. Само тој што немал пари знае колку парите значат во животот. Како и да е парите го олеснуват животот. И ако имам многу пари ќе им помагам на сиромасите, гладните, болните, босите, а ако немам за мене нема да можам и на нив да им помогнам.
ПС; И парите не го расипуваат човекот, парите покажуваат кој е расипан
