Да ! Парите го вртат светот 

Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
За да умриш не ти требаат пари. Може и кола на пешачки да те собери под тркала само ради што си немал пари за кола и си одел пешки. Тоа веќе задира во Butterfly Effect и теорија на случајности итн...Парите носат среќа, но и несреќа. Таткото добива на лото, му купува на синот мотор, и по некое време синот доживува несреќа и умира. Кога имаш неизлечива болест, парите нема да ти помогнат. Од друга страна, па и потребни се, ако си болен, треба да се оперираш од нешто, но немаш пари за таа операција, и не можеш да се снајдеш да најдеш средства на време, го губиш животот. Но, според мене, најдобро е се' кога се има во умерена мера.(златна средина)
Абе какви пари, коа ќе положам испит сум најсреќен!
За еден ден да дипломираш, па да магистрираш, па да докторираш - и за крај фил на тортата: да земаш висока плата!
Какви пари бе, за испитите ми е!![]()
И нас вака не учеа во шесто.Парите не се фактор за тоа дали ќе те собере некој автобус на пешачки или ќе се разболиш од тешка болест.
јас мислам дека љубовта е оверрејтед и претерувате со тоа љубовта со пари не се купува... никој не живее од љубов, сите живееме од храна а храната се купува со пари така да тоа етоа, и баша ке се надоврзам за ''подобро да бидеш несрекен у ферари него у фичо'' јас мислам побобро е со парите за едно ферари да си купиш митсубиши има доста спортски и добри и уште еден џип со парите што ке останат пошто ферарито е оверрејтед, мислам не се исплати за парите неколку дупки има на колата ставено мрежички на нив и го прават у лимитед едишн... чисто пумпање на бренд и цена, за упола тие пари може да се најде кола со солиден дизајн и подобри перформанси
Парите носат среќа, но и несреќа. Таткото добива на лото, му купува на синот мотор, и по некое време синот доживува несреќа и умира. Кога имаш неизлечива болест, парите нема да ти помогнат. Од друга страна, па и потребни се, ако си болен, треба да се оперираш од нешто, но немаш пари за таа операција, и не можеш да се снајдеш да најдеш средства на време, го губиш животот. Но, според мене, најдобро е се' кога се има во умерена мера.(златна средина)
За да бидеш среќен треба да имаш се.Незначи дека парите ќе ти го овозможат тоа.
Ако имаш пари имаш поголеми одговорности и среќата и приватноста ти се намалуваат.Обврските ти се зголемуваат и престануваш да мислиш како да уживаш во нив туку мислиш како да ги умножиш,бидејќи ако престанеш да ги правиш,парите за брзо време ќе ги снемаш.
Дали ќе бидеш среќен или не зависи од тебе бидејќи ти одлучуваш со колку си среќен.
Земи пример од просјаците...спијат на улица и среќни се ако соберат 100 денари за да купат алкохол,од друга страна пак Стив Џобс покрај толку пари умре...
И кој е вистински среќник
Не ја барај среќа во парите,среќата е во Утопија.