Власта ќе бара 10.000 евра за лиценца за веб медиум?

  • Креатор на темата Креатор на темата Топче
  • Време на започнување Време на започнување
Ова ако се направи, ќе треба на глобално ниво, а не само во МК (што е ептен нелогично).
Ќе си земам сервер надвор од државава (како 95% од сегашниве сајтови) и?

Или е глуп (предлог) законот или тој што го предложил :)

Не е битно каде ти е серверот, битно е каде е фирмата која управува со сајтот, така ќе те контролираат ... нормално ако работиш комерцијално со сајтот што и се подразбира за веб медиум, во спротивно не можат да ти направат ама баш ништо.
 
А ако е приватна или некој блог?
 
А ако е приватна или некој блог?

Како ќе наплатиш реклами на приватен сајт ако не стои фирма зад сајтот? Затоа и велам, ако не е комерцијална, т.е. нема платени реклами, платени текстови и сл. нема да може никој ништо да направи. Значи се до моментот додека нема размена на услуги за пари ситуацијата е чиста.
 
Во секоја демократија има правила на игра и ставен ред.
Култизин, нормално е да постојат законски регулативи за се па и за веб просторот по одредени прашања, но дали може да разјасниме прво
- што значат поимите правила на игра и воспоставување ред во овој контекст. Не ја знам содржината на законот, затоа само може да нагаѓам. Дали ова ќе се однесува на цел веб простор (блогови, страни со "стручни" содржини...) или само на одредени медиуми.
- Ако се воведе контрола дали и колку ќе се применува со оглед на сегашните искуства со некои закони.
- Што значи во крајна линија професионализам и непрофесионализам (кој го споменува безпардон.мк) во областа на медиумите
 
Луртз не ја знам ни јас содржината на законот, така што темата ми беше отворена повеќе општо да продискутираме за ставање ред во медимите и веб просторот. Затоа „безпардон.мк„ не е некој критериум туку само повод за дебата.
Кога велам ред во медиумите тоа се однесува и на МТВ и на Сител и на Канал 5 и на Алфа и тн. Значи сегашната состојба е буквално чорба каша ниту една телевизија нема земено правец туку програмите се испреплетуват и повторуват. Да не зборам за политичкото влијание и тн. и тн.
Ситуацијата со веб порталите е уште полоша па така на кој како ќе му текне си отвара портал и сам себе си се прогласува за новинар или експерт. Е тука е она на што најмногу треба да се обрне внимание. Ако јас се декларирам како ексоерт или како новинар тогаш морам да стојам зад тоа што сум го напишал или кажал. Мислам дека и новинарската етика ги обрзува на новинарите да не вадат вести од контекст, да се наклонети и пред се правилно да информираат. Истото важи и за експертите. Според мене недозволиво и сешно е кога на два различни медуими иста вест дијаметрално спротивно се пренесува. Особено смешно е а во последно време пракса на некој портали кога се манипулира со статистики. Е сега некој ќе каже: „сами си одбираме„- Да сами си одбираме но што е со оние луѓе кои не се упатени во темите и чисто сакат да се информират и веруват на тоа што го напишал некој новинар или експерт. Значи нема секој време да прави психолошки профили на новинарите и соодветно да изгради мислење за неговото известување. Туку самата новинарска професија би требало да биде обрска.
Е сега гога зборуваш за блогови, форуми и слично ,тука секако треба да има поголема слоода , но секако и таму си има ред во куќата, но никој не може некој блогер да си го каже личното мислење. НА форумите тоа е малце поразлично тука самите администратори си стават ред и точно се знае што може а што неможе.
 
Програмите ќе се такви се додека владата е најголемиот огласувач во телевизиите. Тие не мора да прават квалитетна програма, затоа што не мора да имаат гледаност по која ќе привлечат реклами, туку каква и да имаат програма на крај ќе земаат пари од разни министерства и агенции. Второ, потребна е поголема либерализација. Трето, народот повеќе сака да си гледа турски серии него да гледа опера и балет на ТВ и тоа никој не може да го забрани.

Ситуацијата со веб порталите е уште полоша па така на кој како ќе му текне си отвара портал и сам себе си се прогласува за новинар или експерт. Е тука е она на што најмногу треба да се обрне внимание. Ако јас се декларирам како ексоерт или како новинар тогаш морам да стојам зад тоа што сум го напишал или кажал. Мислам дека и новинарската етика ги обрзува на новинарите да не вадат вести од контекст, да се наклонети и пред се правилно да информираат. Истото важи и за експертите. Според мене недозволиво и сешно е кога на два различни медуими иста вест дијаметрално спротивно се пренесува. Особено смешно е а во последно време пракса на некој портали кога се манипулира со статистики. Е сега некој ќе каже: „сами си одбираме„- Да сами си одбираме но што е со оние луѓе кои не се упатени во темите и чисто сакат да се информират и веруват на тоа што го напишал некој новинар или експерт. Значи нема секој време да прави психолошки профили на новинарите и соодветно да изгради мислење за неговото известување. Туку самата новинарска професија би требало да биде обрска.
Е сега гога зборуваш за блогови, форуми и слично ,тука секако треба да има поголема слоода , но секако и таму си има ред во куќата, но никој не може некој блогер да си го каже личното мислење. НА форумите тоа е малце поразлично тука самите администратори си стават ред и точно се знае што може а што неможе.

А кој ќе го уредува просторот? Па токму тие ’независни и објективни експерти’ кои што ќе бидат избрани или од собрание или од власта. Ти не веруваш во интегритетат на луѓето кога треба да ти пренесат информација, став и слично, а ќе им дозволиш тие да го уредуваат просторот од кој ќе црпиш информации!?

Не ти се допаѓало да слушаш две различни гледања за иста работа?! И што, затоа сега сите ќе треба да се откажеме од една верзија за твоите субјективни гледишта бидат задоволени? Јас сакам и десет различни гледишта да видам за одредена работа. Зошто ти да ми го ускратуваш тоа?

Зошто мислиш дека ти ги знаеш вистинските информации и ги имаш вистинските гледишта, а не оние манипулативни? Ти се појавуваш како некој надчовек, па се залагаш и други некои како тебе од калибарот надчовек да го уредува просторот и да им каже на народот овие ве манипулираат, а овие слепо да го следат тоа. Еве, јас велам дека овие твои ставови се погрешни и дека се манипулативни. Значи, доколку јас имам влијание во тоа регулативно тело твоите ставови ќе ги нема, а доколку би било обратно моите ставови не би биле достапни на интернет просторот (на пример да си отвориме портал и да си пишуваме).

Гледам имаш проблем што секој си отварал портал и се прогласувал за новинар. Одлично, ништо подобро ако толку лесно можеш да си го искажеш ставот и да се потрудиш да ги наметнеш своите идеи. Или новинар ќе биде само тој што завршил факултет за новинарство? Тогаш новинари нема да се ниту Миленко, Латас, Мирка и многу други. Сите тие се со други факултети. По твое ќе треба да има МИНИСТЕРСТВО ЗА ВИСТИНА!!! Да, исто како во книгите на Орвел. во спротивно не може да се утврди кој новинар е добар. Според тебе новинар е добар доколку ја кажува вистината и само таков треба да биде одобрен од регулативното тело, но во тој случај тоа тело ќе треба да ја утврди вистината, во спротивно не би можело да го нападне новинарот. Ако е така, тогаш и нема потреба од повеќе медиуми, доволен е само еден медиум каде ќе се каже веќе таа утврдена вистина.

Сами си бираме, нормално дека ќе кажеме, тоа дали луѓето немале време да се бафтаат со анализа на новинари, не значи дека ние ќе треба да го правиме тоа во нивно име. Затоа што кој гарантира дека јас и ти таа проценка сме ја направиле добро и дека не сме погрешиле. Доколку погрешат тие, тогаш тоа е индивидуална грешка и тие ќе ги сносат последиците, доколку погреши тоа тело, тогаш сите ќе ги трпиме нивните грешки.
 
Ситуацијата со веб порталите е уште полоша па така на кој како ќе му текне си отвара портал и сам себе си се прогласува за новинар или експерт. Е тука е она на што најмногу треба да се обрне внимание. Ако јас се декларирам како ексоерт или како новинар тогаш морам да стојам зад тоа што сум го напишал или кажал.
За веб портал не е потребно одговорното лице да е новинар. Во спротивно ќе се доведеме во ситуација или новинарите да ни го диктираат веб просторот или бројот на овие сајтови драстично да се намали за што сметам дека не е добро. Добро е да постои разновидност, а јас да одберам кого ќе читам и кој ќе добие од рекламите заради мојата посетеност на таа страница. Втора работа што го усложнува овој пристап со т.н. професионалност и одговорни новинари е што информациите се воглавно преведени од други, странски веб страници па за нивната точност (како и за коректниот превод и интерпретација) е прашање кој ќе одговара и како ќе се контролира сето тоа.
Мислам дека и новинарската етика ги обрзува на новинарите да не вадат вести од контекст, да се наклонети и пред се правилно да информираат. Истото важи и за експертите. Според мене недозволиво и сешно е кога на два различни медуими иста вест дијаметрално спротивно се пренесува. Особено смешно е а во последно време пракса на некој портали кога се манипулира со статистики.
Тоа е и поентата на избор на новинар. Во спротивно овие медиуми ќе се сведат на просто препишување на настанот или интервјуто. А за препишување не е потребна стручност. Мора да постои слобода во делувањето и пишувањето до онаа мера до која дозволуваат постоечките закони (клевета, невистинити податоци или без факти...и слични незаконски дејства). Веќе постојат вакви закони, врз нивна основа многупати се гонети новинари.
Мислам дека, ако оваа вест е точна, од една страна се врши контрола врз она што граѓаните треба да го прочитаат ..а од друга се пробува на секој начин да се стигне до пари за буџетот. Ова ќе штети и на обидите некои луѓе да заработат нешто на овој начин, младите пред се...затоа што ретко кој од нив има или ќе даде 10.000 евра за дозвола.
 
Благодарам за репликите, но бидејки темата ми е споена со друга тема и преместена во друг подфорум а со тоа и извадена од контекст не гледам потреба од понатамошно дискутирање од моја страна.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom