Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Тапа хумор имаш. Остави го тоа на некој покреативен.
sky.mk сајтот на кој увек ќе ги најдете најнегативните вести, исто како што беше А1.
Пајсери како тебе имат само слушнено за kajgana, tocka, femina и idividi.
Еве нека не е од Скај, еве информација од ВЕСТ
07.12.2011, 01:23СЕ СТЕГА ОБРАЧОТ ОКОЛУ СЛОБОДАТА НАМЕДИУМИТЕВладата спрема цензура
Следната година ќе се забрани употребата на популарните дрим боксови во домаќинствата. Во законот без име ќе се пропишат и забрани за користење недозволени направи кои обезбедуваат условен пристап до заштитени услуги, како што се хакирани сет-топ боксови, хакирани картички за компјутер за гледање на сателитски телевизии со претплата и слично. Со ова ќе се надмине една од забелешките во извештајот за напредокот на РМ од Европската комисија.
Мислиш, да претепа полиција некој на плоштад, а пото да го викнат брат му во полиција и да му се закануваат да престане да дава изјави против премиерот? Да, ќе се крене прашина сигурно.Нема шанси за вакво нешто!
Преголема прашина ќе се крене за вакво нешто не само кај нас, туку и во цела Европа, вакво нешто нема ни во Северна Кореја или Иран.
Ако има лиценци за незнам-таму-која професија и компанија, зошто да нема и за ова?
Само, сите лиценците да бидат бесплатни, оти сега се знае како се добиваат повеќето лиценци и да ги дава здружение на професијата која бара лиценца.
па затоа, лиценците да бидат бесплатни и да ги дава здружение на новинари или медиуми.Хмм... Затоа што интернетот е стриктно од народот за народот, нема власта што тука да се меша, они мене ќе ми кажуваат да плаќам 10.000 евра за да отворам портал. Абе милион портали ќе отворам на .ком домен и хостирани во странство, ништо не ми можат, така да законов ќе пропадне во вода очигледно.
Абе милион портали ќе отворам на .ком домен и хостирани во странство, ништо не ми можат, така да законов ќе пропадне во вода очигледно.
И заборај нешто... дека гарант ќе се собериме 10.000 мажи, ќе се наредиме во права линија на партизанска од плоштад према влае, па власта нека дојди и на сите со ред да ни се фати... оти друго и да сакат нема да можат да напрат.Хмм... Затоа што интернетот е стриктно од народот за народот, нема власта што тука да се меша, они мене ќе ми кажуваат да плаќам 10.000 евра за да отворам портал. Абе милион портали ќе отворам на .ком домен и хостирани во странство, ништо не ми можат, така да законов ќе пропадне во вода очигледно.
Пола и повеќе не се регистрирани тука па незнам како ќе им наплати„Во новиот закон за медиуми, интернет порталите ќе добијат свое место, со посебни лиценци кои ќе чинат најмалку 10.000 евра, а ќе бидат ставени голем број на забрани и критериуми за овие медиуми, што води кон конечна цел, затворање на критички настроените портали кои се појавија во изминатиот период“. Ова денеска го објави интернет порталот sky.mk. Според порталот, ваквата можност ја предвидува нацрт-законот за медиуми, кој, според Sky, го подготвува власта уште пред неколку месеци и информира дека во Македонија постојат најмалку 300-400 локални и околу 100 национални веб портали.
Со ваквиот чекор, според познавачите, Македонија ќе стане прва земја во Европа која ќе го ограничи интернет известувањето, а вакви режимски политики во моментов се спроведуваат во Северна Кореја, Кина, Иран, но не се толку драстични, објавува порталот.
Sky.mk соопштува дека со ваквата лиценца, власта сака да ги затвори националните веб портали кои за брзо време достигнаа огромна читаност и станаа конкурентни на провладините портали кои месечно заработуваат најмалку 16.000 евра, додека останатите портали не добиваат ниту денар од буџетот и едвај преживуваат во време кога се соочени со целосна блокада од државните институции и режимска цензура. Неофицијално постојат сомненија дека власта врши притисок компаниите да не се рекламираат на критичките веб портали.
Извор: http://www.plusinfo.mk/vest/25583/Sky-Vlasta-kje-bara-10000-evra-za-licenca-za-veb-medium-
Оригинален извор на кој се повикуваат сите: http://www.sky.mk/makedonija/9017-Скандалозно-Власта-ќе-бара-10-000-евра-за-лиценца-на-веб-медиум.html
Незнам дали е ова вистина, и секако е тешко изводливо ама ако стварно му паднало на памет ондак секоја чест на паторчето.