Власта ќе бара 10.000 евра за лиценца за веб медиум?

  • Креатор на темата Креатор на темата Топче
  • Време на започнување Време на започнување
Златко, не туку ми викај многу со три извичници.
Интернетот не треба да се модерира. Посетителите, публиката, го модерираат него. Закони и влади не поштујеме.
Тоа што има милион портали не е воопшто никаков проблем. Јас милијарда охрабрувам да се формираат. Па после ние, посетителите, ќе одлучиме кој ќе преживее а кого ќе го снема од сајбер просторот.
Интернетот не може да се модерира. Странски хостинг, странец носител на регистрацијата, и чао пријатно. Или со закон ќе забранат кирилица на интернет?
Уз пат, дефинитивно најголема штета на земјава и има направено проектот "компјутер за секое дете". После читаме вакви глупости.
 
Филтри се меѓу другото посетеноста, профитот, во крајна линија финансиите... исто како во печатените медиуми каде исто така (треба да) постои слобода за објавување па кому се допаѓа нека чита/листа. Ниту треба да се ограничи интернет слободата ниту на печатените изданија. Слобода на креирање на производите и слобода на избор на корисниците мора да постои.
Живо ме занима кои би биле критериумите за интернет портали и воопшто веб медиуми? Школо за новинарство? :confused:
 
Ставање ред си нема врска со диктатура. Ако е така Германија е најдиктаторската земја во светот. Секаде во цивилизиранит свет се знае што смее и кога смее да се прикажува во етерот. Плус ако некој сака да го формира јавното мислење тоа треба да биде професионално а не по принципот рекла казала. И кога викам треба да се стави ред тоа важи за сите не само за одредени медиуми.
На пример мислам дека македонската телевизија иако во последно време има подобрување, сеуште е некако без концепт и дават сваштарии што не доликува на една национална телевизиска куќа плаќана од средства на граѓаните. За МТВ треба да има посебен закон со кој точно ќе им биде наложено што и кога ќе прикажуват.

Асанж сценарио е ова. Убијте го интернетот. Демек возможно е ова. Битна е намерата со која се прават потези, а овде богами има сериозен сомнеж во намерата.
 
Во се треба да има ред па така и во интеренет просторот. Пример огромен процент од видеата што ги простирате тука во Греманија не се отварат, и што е тоа диктатура?
Не тоа е ред, а ред како на улица треба да го има и на интернет просторот. Македонија буквално страда од дезиформираност а тоа е многу опасен феномен.
 
1. Не. Диктатура е само власт во земја која има нафта. Кога ја земаш германија за пример, земи ја и за други прашања, ен само за тие што ти одговара. АКО ти одговара!
2. Едно прашање до тебе за кое ќе ти треба доволно размислување кое можеш да го најдеш кај твоите со легендарниот амблем: кога можеш да го контролираш некого... кога му бараш големи услови за негово постоење, или кога е слободен?
3. Од кога ставањето ред е воспоставување на слобода?
Сталин ставал ред?
Мао?
Пол Пот?
4. И на крај, еден цитат од Боб Дилан, вика:
Couldn't help me but make me feel ashamed to live in a land where justice is a game...

Јас би ја балансирал изјавата со: жал ми е што живеам во земја во која има луѓе на кои им цртаат како и што треба да имаат на листата за размислување.
 
Филтри се меѓу другото посетеноста, профитот, во крајна линија финансиите... исто како во печатените медиуми каде исто така (треба да) постои слобода за објавување па кому се допаѓа нека чита/листа. Ниту треба да се ограничи интернет слободата ниту на печатените изданија. Слобода на креирање на производите и слобода на избор на корисниците мора да постои.
Живо ме занима кои би биле критериумите за интернет портали и воопшто веб медиуми? Школо за новинарство? :confused:

Не верувам дека ќе има критериум врз основа на кој ќе се добие дозвола за отворање портал. Повеќе верувам дека би се дефинирале некои сиви зони од тип: непостоење на редакција, уредник и сл., непостоење на правно лице, непостоење на одговорност за објавените информации, узурпирање на ефтина (и да не бидам груб но најчесто непрофесионална) работна сила, поголема контрола над измамите кои лесно се прават на ова поле кога е во прашање маркетингот на пример и сл.

Иако навидум делува тешко да се дефинира и разликува од другите типови на сајтови, веб медиумите, поточно електронските весници многу лесно се препознаваат и разликуваат од другите сајтови. Нив не е тешко да ги блокираш, без разлика каде се хостирани, ако седиштето на фирмата која ги „вози“ е во Македонија. Ако целата приказна се сведе на регистар и скротување (да се прекине работење на црно и нелегална конкуренција) на е-медиуми тогаш тоа нема да е никакво зло, напротив.

Критериуми не постојат ниту за издавање на списание, а сепак постои процедура за нивно пријавување, а како што не се плаќа никаква лиценца за нив, не верувам дека би се плаќало и за електронско списание.

Од друга страна ... можеби само многу грешам :)
 
Офффф... ама не може да се има ред во интернет просторот. Не знам како не го разбираш тоа.
А за тоа што во Германија не се отвараат одредени видеа криви се продуцентските куќи, не дека земјата има направено нешто против тоа, сосем друга тема.
 
Во секоја демократија има правила на игра и ставен ред, затоа и опстојуват држави со 50, 60 и повеќе милиони жители. Она што очигледно е проблем кај нас а ајсно се гледа и во последниот пост е тоа што демократијата ја мешаме со анархија. Па така секој има право да се нарече новинар или експерт. Па така наеднаш имаме експерти по се и сешто и тоа ни повеќе ни помалку туку самопрогласени. Таквите луѓе што е најлошо имат влијание врз јавното мислење. Според мене треба да се стават јасни критериуми кој што и каде може да пишува се со цел граѓаните да бидат правилно известувени тоа е она што јас би го барал од нашите медиуми а не искривени слики базирани врз свои лични гледишта.
 
весник и телевизија НЕ Е еднакво на интернет содржина
следствено, не можат да важат истите правила...
сите баби и жаби ги измешавте
 
Во се треба да има ред па така и во интеренет просторот. Пример огромен процент од видеата што ги простирате тука во Греманија не се отварат, и што е тоа диктатура?
Не тоа е ред, а ред како на улица треба да го има и на интернет просторот. Македонија буквално страда од дезиформираност а тоа е многу опасен феномен.

И затоа германците се совршено информирани, нема никаква грешна информација, мхм.
Значи да се разбереме, оној што има 10 000 евра значи ја има таа просветлувачка можност се што ќе постави на нет да биде вистинито. Алелуја, вакви ни требаат....
 
Да, би било тоа точно и би се разбрале .... само прво треба да платиш 10К :)
 
Во се треба да има ред па така и во интеренет просторот. Пример огромен процент од видеата што ги простирате тука во Греманија не се отварат, и што е тоа диктатура?
Не тоа е ред, а ред како на улица треба да го има и на интернет просторот. Македонија буквално страда од дезиформираност а тоа е многу опасен феномен.

Токму така, дефинитивно страда од дезинформираност. Прво да се затворат владините гласила , па потоа другите медиуми. И плус треба ние на кајгана да преземеме мерки против лица како тебе и сите да ве банираме. Ред си е ред.
Како ние овде сите сме ретардирани, а ти не просветлуваш со ред во веб просторот. И као ние овде незнаеме зошто служи лиценцата ( за земање пари и уништување на новите бизниси кој немаат средства и кој се даваат во банките за да може да допрат до сопствена егзистенција) ти нас ќе не учиш дека 10 000 евра ќе реши се. Ајде бе те молам вразуми се.
И со новиот закон МРТВ бара ем да се покачи таксата која се наплаќа преку УЈП ем да може да се бори со приватниот рд сектор. Редов како се става дали гледате, ред и закон!
 
Ова ако се направи, ќе треба на глобално ниво, а не само во МК (што е ептен нелогично).
Ќе си земам сервер надвор од државава (како 95% од сегашниве сајтови) и?

Или е глуп (предлог) законот или тој што го предложил :)
 
Па така наеднаш имаме експерти по се и сешто и тоа ни повеќе ни помалку туку самопрогласени. Таквите луѓе што е најлошо имат влијание врз јавното мислење. .

Види сега ако тие експерти имаат влијание врз твоето мислење не значи дека имаат такво и врз други луѓе. Мислам добро е што си се свестил дека те дупат во здрав разум некои експерти, има надеж :icon_lol:.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom