Најгрдиот објект во Скопје?

  • Креатор на темата Креатор на темата c i t r o
  • Време на започнување Време на започнување

Кој е најгрдиот објект во Скопје ?


  • Вкупно гласачи
    138
  • Гласањето е завршено на .
Па тоа јас пробувам да ти кажам, види ја поставеноста на зградите во Валенсија и запримети дека фасадите на зградите и нивната форма креираат некаква си компактна целина.

Според некој на темава ова е Барок, според мене ова е објект со многу ориентални белези
и ова го лепиш до објект од другата страна кој страшно подсеќа на Пантеон
Во ред, знам дека на центар во Скопје има згради кој го разбиваат целиот концепт. Затоа и ќе ги менуваат нивните фасади, за да се добие целина. Не може да критикуваме за разноликост уште незавршен проект.

Инаку, не сум експерт, ама според мене Музејот е типичен неокласицизам.
 
Зошто добивам впечаток оти опседната си со владата и со политика?!

Според мене, чудово е најгрдото шо воопшто го имам видено. Ни пошта, ни факултетите... ништо не е олку грдо.... и внатре и надвор, па и цел простор околу него, сосе менза... хорор невиден!
2nga53o.jpg
абе не ми вреѓајте куќата дагаеам...
иначе грдо е поради то шо Коњот со мудата на плоштад место да се напраат сите студентски домови и овие комунистички бетони да се реновираат...
иначе колку и да се грди овие објекти ќе издржат се живо!
 
Не ги споредував тие објекти туку споредував што се гради по светов а што во Скопје

248px-Turning_Torso_3.jpg


И ја не сум против вакво нешто да се изгради,да се разбереме . Turning torso - Малме.. ама нема кај нас вакви екстремни објекти, овој објект ќе остане интересен и убав уште 300 години, ама зградичиња од типот на Лумикс пред Есм или НЛБ банка, не фала .. и после Скопје ќе личи како Адис Абебба од 70-ти години
 
Од ова коњов на плоштад има ли нешто погадно????Има,фонтанава поднего

Значи до толку немам видено.
--- надополнето: Nov 20, 2011 3:48 PM ---

Точно Така :D
--- надополнето: Nov 20, 2011 3:50 PM ---
Јас за сите гласав ниту едно не мие некое особено убаво сите се онака не убави :(
 
Старите градби сега изгледаат грди но за нивно време кога се правеле биле одлични да не речам „прекрасни“. :) А мене па и сега не ми се нешто многу страшни, ама сведоци сме дека модата се повторува, како што се враќа барок стилот во некој проект „Скопје 2140“ можеби ќе се гради по принципот на социјалистичките градби :D
 
Се реновира ,па ќе видиме како ќе биде, затоа и не го ставив во анкета
Mислеш со три куполи ќе биде подобро!? :icon_lol:

Уште малку ќе почнат и на сопствените куќи куполи да ни ставаат.
 
Mислеш со три куполи ќе биде подобро!? :icon_lol:

Уште малку ќе почнат и на сопствените куќи куполи да ни ставаат.

Се ќе биде подобро од ова сега... макар направиле хипи графити место фасада :)
 
248px-Turning_Torso_3.jpg


И ја не сум против вакво нешто да се изгради,да се разбереме . Turning torso - Малме.. ама нема кај нас вакви екстремни објекти, овој објект ќе остане интересен и убав уште 300 години, ама зградичиња од типот на Лумикс пред Есм или НЛБ банка, не фала .. и после Скопје ќе личи како Адис Абебба од 70-ти години

Ова чудо од зграда ја посетив оваа година, најголема стамбена зграда во Европа и највисока во Скандинавија, навистина има чудесен поглед кон морето и многу совршено е изградена, и е е направена таков американски стил со стакла и челик.
А за Скопје не можам да кажувам меѓутоа во никој слулај Владата не смее да биде во оваа листа направена е од еден од најпризнаените и најдобрите архитекти во Македонија.
t_umb_large_fakultet_2.jpg


Економскиот факултет Прилеп ( Административната зграда) е направена како и владата и според мене добро изгледа.
 
t_umb_large_fakultet_2.jpg


Економскиот факултет Прилеп ( Административната зграда) е направена како и владата и според мене добро изгледа.
Ааа колега обратно мислење имам од тебе.Ама ако ги сменат овие чудниве стакла со различни нијанси на деканат и наредат истобојни (стаклено-челична конструкција) тогаш ќе е ок.
228956_268434349850485_268433973183856_1193329_5118210_n.jpg

Делов лево кај амфитеатрите е не е толку страшен, ама деканатов и зградата на библиотеката...Покривов десно на сликава ко автобуска постојка е,а долу овие монети или шо и да симболизирало не се баш.Во секој случај до негде ми е слично на УКИМ и тој бруталистички стил испомешан со Х работи.
100_2583.jpg
 
До кога ќе правите грешки, не се социјалистички градби, тоа се градби проектирани од Кензо Танге (Јапонец), футуристички, уметнички и практични, работата е што никој не ги одржава, и кога ги правеле не ги направиле како што треба. Да е Скопје е целосно направен според планот на Кензо Танге, тоа ќе било најфутуристичкиот град во светот, и туристи колку сакаш, неговите градби се уметничко дело.

Фала Богу некој паметен да се најде. Да се изградел Скопје како што треба ќе бил препознатлив и оригинален, а не вака со проекти како Скопје 2014 „да се разубавува градот зошто до сега не личел на ништо“.

И за разлика од многумина кои плукаат по брутализмот („комуњарските згради“), според мене е еден од најинтересните правци во архитектурата воопшто. Градбите во бруталистичкиот стил можеби делуваат застрашувачки, но се дефинитивно грандиозни. Па видете само како заличи НИП-от откако го средија, да се средат и другите згради ќе изгледаат перфектно!

Номинираните во оваа категорија МОБ и Пошта се едни од најубавите градби во Скопје според мене.

А ако „не се ставале згради кои не се завршени во анкетата“, зошто тогаш ги има Тифани и Железничката станица? Тие исто така не се завршени.
 
А што има во тој „Тифани“? :D Кај се наоѓа? Што функција има?
Многу се спомнува, а јас денес првпат видов слика од него.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom