Македонски интернационалци

  • Креатор на темата Креатор на темата naumdb
  • Време на започнување Време на започнување
2. коло - Грција
Олимпијакос-Маруси 92:63
Перо Антиќ -12 поени (5/7 за два, 0/2 за три поени, 2/3 слободни фрлања), четири скока, една асистенција и една украдена топка.

4. коло - Балтичка лига
Јенисеј-Литвос Ритас 75:82
Предраг Самарџиски -14 поени (7/9 за два поени, 0/1 од линијата за слободни фрлања), четири скока и една асистенција.

3. коло - Бугарија
Лукоил Академик-Рилски Спортист 82:71
Дамјан Стојановски - 2 поена (0/1 за два, 0/2 за три поени и 2/2 за слободни фрлања), два скока и една украдена топка.

6. коло - Украина
Доњецк-Черкаски Мавпи 96:74
Војдан Стојановски
14 поени (4/7 за два, 1/3 за три поени, 5/10 за слободни фрлања), три скока, три асистенции и една украдена топка.

3. коло - Турција
Олин Генчлик-Анадолу Ефес 67:88
Владо Илиевски
3 поени, пет асистенции, еден блок, една украдена топка.
--- надополнето: Oct 31, 2011 9:56 AM ---
4. коло - Италија
Биела-Монтепаски Сиена 67:70
Лестер Бо МекКејлеб 19 поени (6/11 за два поени, 1/1 за три поени, 4/5 од слободните фрлања), четири скока и три асистенции.

 
Денеска нови настапи на македонските интернационалци.
Во Евролигата Олимпијакос и Перо Антиќ и гостуваат на Каха Лаборал. Монтепаски Сиена и Лестер Бо МекКејлеб дома ќе играат против Галатасарај.
Во украинското првенство екипата на Черкаси Мавпи на Војдан Стојановски го пречекува составот на Химик.

Натпреварот меѓу Монтепаски Сиена-Галатасарај ќе биде директно пренесуван на SPORT KLUB+ со почеток во 20:45 часот.
 
каков старт на Перо Антич против Каха Лаборал !!

во првата четвртина 8 поени , 1/1 за два , 2/3 за три поени . 4 скокови. гази ги мајсторее. :)
 
каков старт на Перо Антич против Каха Лаборал !!

во првата четвртина 8 поени , 1/1 за два , 2/3 за три поени . 4 скокови. гази ги мајсторее. :)

некој линк за глеање ?
 
Во рамките од Евролигата, словенечкиот состав на Унион Олимпија предводен од македонскиот тренер Сашо Филиповски славеше на домашен терен против Проком со 70:62.
Во украинското првенство, екипата на Черкаски Мавпи пред своите навивачи славеше против Химик со резултат 93:80. Кај победникот Војдан Стојановски забележа 14 поени, пет скока и три асистенции.
 
Во рамките од првенството во Литванија, составот на Литвос Ритас на домашен терен го совлада Нептунас убедливо со 90:67. Кај победникот Предраг Самарџиски имаше учинок од пет поени, четири скока и една украдена топка..
 
Тимот на Ефес Анадолу извојува победа на гостувањето кај Емпорио Армани со резултат 54-62. Нашиот Владо Илиевски немаше своја вечер, откако за 12 минути на паркетот не се запиша во листата на стрелците.
 
Бо си е Бо
"MKD - No slowing down for Bo"
http://www.fiba.com/pages/eng/fc/news/lateNews/p/newsid/49921/arti.html
296008_2569398555806_1279494042_2990170_2037068459_n.jpg
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom