^ Тоа шо е бавен многу ме нервира, неколку пати и на европсково така..уствари 76% од времето таков беше, ко да го мрзи да игра.
P.S. Направив Галерија за нашите момци со омилените мој слики.
Војдан Стојановски продолжува со импресивни игри во украинскиот шампионат, но неговиот тим Черкаси никако не успева да влезе во победнички ритам. Викендов Черкаси загуби на домашен терен од Говерла со 71-73 во меч во кој што Војдан повторно беше прва виолина во својот тим. Имено, македонскиот репрезентативец беше најдобар стрелец на натпреварот со 19 реализирани поени, но и тоа не помогна Черкаси да забележи победа.
Стојановски беше непогрешлив од линијата за слободни фрлања реализирајќи дури единаесет „пенали“ без промашување, но затоа не му одеше шутот од далечина, од каде што ги промаши петте обиди за тројка. Покрај ефикасниот меч, Војдан оствари и три скокови, три асистенции и две украдени топки. Черкаси по три одиграни натпревари има забележано еден триумф и два порази, па јасно е дека од овој тим во продолжението на шампионатот ќе се очекуваат далеку подобри резултати.
За Евролигата Перо Антиќ е Србин среда, 19 октомври 2011
На официјалната веб страница на кошаркарската Евролига, капитенот на македонската репрезентација Перо Антиќ, е претставен како играч на Олимпијакос кој доаѓа од Србија
Под името на нашиот центар е наведено дека е од Србија, а во делот за националност дека е Србин.
Останува нејасно дали се работи за ненамерна грешка на администраторите во Евролигата или пак грчкиот клуб за кој настапува нашиот кошаркар, намерно го има пријавено Антиќ како Србин, за да избегне употреба на тоа што Перо реално е - Македонец.
Будивелник - Черкаси - 81:75
Војдан повторно најдобар во својот тим, во игра помина најмногу време од сите свои соиграчи, 36 минути, притоа реализирајки:
7 од 10 за 2
1 од 3 за 3
1 од 1 за 1
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.