Бугарскиот Лукоил Академик, во рамките на Д групата, го победи Асвел со 66:62. Во втората победа во исто толку натпревари на Лукоил, Дамјан Стојановски партиципираше со 8 поени, 6 скокови и една украдена топка.
Втората победа во истот толку натпревари, во Еврокупот ја забележа и Самарџиски со неговиот Лијетувос Ритас. Литванскиот тим забележа убедлива победа над Азомваш од 83:55, Самарџиски мечот го заврши со 6 поени и 11 скокови.