Македонски интернационалци

  • Креатор на темата Креатор на темата naumdb
  • Време на започнување Време на започнување
Нели за Асвел игра Тони Паркер?
 
За АСВЕЛ игра Тони Паркер но не беше во Софиjа зашто бил контузен, али играше Рони Туриаф.
 
Vanoli Braga Cremona 66 - 102 Montepaschi Siena, Bo McCalebb 13pts, 2reb, 2st.
 
Денеска мечеви од ЕвроКуп
Лукоил Академик и Дамјан Стојановски играат против шпанскиот тим на Валенсија (17:00 часот)..Литвос Ритас и Предраг Самарџиски гостуваат кај француската екипа на Ле Ман со почеток во 20:30 часот..
Џеремаја Мејси и Локомотив Кубан во 16:30 часот играат против Скајлајнерс од Германија..
 
Тимот на Дамјан загуби во рамките на Ц групата од Валенсија со 62:74, македонскиот репрезентативец мечот го заврши со 8 поени и по еден скок, асистенција и украдена топка.
 
ЕвроКуп
Ле Ман-Литвос Ритас 62:79
Предраг Самарџиски кај победникот постигна 7 поени (3/5 за два поени и 1/2 од слободните фрлања), како и пет скока, една асистенција и блокада..
Џеремаја Мејси беше најзаслужен за победата на Локомотив Кубан на домашен терен против Скајлајнерс со резултат 83:60..
Мејси постигна 18 поени (5/10 за два поени, 1/5 за три поени) како и еден скок и украдена топка)..
 
Евролига
Шарлроа-Анадолу Ефес 62:66 (22:37)
Владо Илиевски кај победникот постигна 3 поени (0/2 за два поени, 1/1 за три поени) две украдени топки и една асистенција..
Вечерва најави за нови мечеви во Евролигата
Уникс Казан (Мајк Вилкинсон)-Галатасарај (Октај Махмути - тренер) во 16:00 часот - пренос SPORT KLUB
Фенербахче-Олимпијакос (Перо Антиќ) во 19:00 часот - пренос SPORT KLUB
Унион Олимпија (Сашо Филиповски - тренер) -Монтепаски Сиена (Лестер Бо МекКејлеб) - овој меч се игра од 19:00 часот, снимка ќе има некаде околу 23:15 часот на SPORT KLUB..:)
 
Не знам дали да коменитраме за другите „странци“ во составот... Мислам дека е најдобро да се држиме до БО... останативе немаат шанси да заиграат покрај Лестер.
 
Уникс Казан на Мајк Вилкинсон беше поуспешен на домашен терен од Галатасарај, тим кој што го води Октај Махмути со резултат 72:61. Кај победникот Мајк Вилкинсон девет поени (0/2 за два поени, 3/8 за три поени) забележа и три скока, една асистенција и блокада.

Олимпијакос беше поразен на гостувањето кај Фенербахче со резултат 86:70. Перо Антиќ беше стартер во гостинската екипа, но веднаш на почетокот се здоби со повреда на раката..Тој во почетните две минути колку што одигра забележа само еден дефанзивен скок и две загубени топки..

Унион Олимпија чиј тренер е Само Филиповски беше поразен на домашен терен од Монтепаски Сиена со резултат 63:57. Кај победникот Лестер Бо МекКејлеб беше прв стрелец со 16 поени (3/6 за два поени, 2/4 за три поени, 4/4 од слободните фрлања) забележа и два скока, една асистенција и украдена топка..
:sneaky:
 
Montepaschi Siena 73 - 64 Bennet Cantú, Bo McCalebb 14pts, 3reb, 2ast, 4st. . .
 
Novi problem za Montepaski, povredio se i Bo
 
Со победата од 84-70 над Емпорио Армани, кошаркарите на Ефес Анадолу стигнаа до петтата победа во групата Ц од Евролигата и на тој начин го заверија пласманот во фазата Топ 16. Нашиот репрезентативец Владо Илиевски одигра 22 минути за кои забележа учинок од 4 поени, 5 асистенции и 3 украдени топки.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom