Како го замислувате светот по 1 век?

  • Креатор на темата Креатор на темата Hip.Hop_MKD
  • Време на започнување Време на започнување
2111 година............
Населението е многу остарено.Страците имаат голем удел во населението,далеку повеќе од малдите луѓе.Тоа се должи на долгиот животен век и континуираниот низок наталитет.Луѓето кои се раѓаат во тоа време се очекува да достигнат до 100 години без преголеми проблеми.Веќе 2 генерации уназад се стига 100ката.Поради тоа работниот веќе е доста продолжен до некој си 80-83 години живот.На старците им е овозможен доста лагоден живот и се напревени многу изуми кои им го олеснуваат животот.Разните козметички препарати за стари луѓе се многу популарни,козметичката индустрија за стари луѓе е доста развиена.Луѓето и на 110 години изгледаат добро одржувани и во добро здравје и форма за таа возраст.
Напредокот во медицината е огромен.Ракот се лекува доста ефикасно.Сидата е минато.На нејзино место има и нови пострашни болести,но медицината фаќа чекор и со нив.За скоро сите проблеми што човекот може да и има се најдени доста ефикасни решенија.Срцеви заболувања се лечат лесно,изгореници и тешки скршеници се рекунструираат брзо и лесно..............
Алцхајмеот е проблем,не може да се излечи,но може драстично да се успори и да се олесни животот на болните од оваа болест.Вештачки органи има,но нема сеуште за сите органи.Само дел од нив имаат своја роботска верзија.Генетскиот инжињеринг е доста развиен.Клонирањето на луѓе и фетуси по нарачка се забранети,но може да се направат.Некои доктори и клиники илегално може да направат бебе по нарачка.Се јаде и клонирано месо на трпезите во 2111.
Луѓето живеат претежно во мегаполиси.Градовите се толку рашитени и многу од нив се споени.Стотици километри големи градови,дури и едно малечко Скопје е 60 и кусур километри долго.Земјоделските повржини максимално се искористуваат.Генетски инжињеринг и огромни стакленици кои прават мали микроклими успеваат и на доста непогодни места да се одгледува храна.Дистрибуцијата на храна е подобрена,сега гладта е на многу ниско нив.
Климата е станата понепогодна,температурите се дигнати,нивоата на морињата се поголеми,но најдени се и решенија за тоа.Европа е целата прекриена со огромни бариери и брани.Најзиложените на удар Холандија и Британија се веќе најголеми експрети додека и другиот дел од светот се справува со овие проблеми.Сепак техонолиијата овозможува емисијата на штетни гасови да се намали драстично и користењето на обновливи енергетски извори е огромно.Огромни соларни електрани има низ целиот свет,изградени се многу ветерници,геотермална енергија се користи многу...............Автомобилите веќе не возат на бензин,фабриките загадуваат минимално.Рециклирањето е доста раширено,се употребуваат доста рециклирани материјали.Штетата направена врз земјата е голема,но е направено многу за таа да се намали и да не се оштетува додатно екосистемот.
Роботиката е многу развиена.Роботи се користат во домовите како куќни помошнци,во фабриките само по 7-8 луѓе работат се другото е автоматизирано,дел од дуќаните имаат роботи продавачи,роботи има како медицински сестри и физиотерапвти за помош на стари лица или инвалиди.Асистираат во операции,перат коли.......работат скоро се што можат и луѓето.Секој дом си има свој робот,како што сега се има компјутер.Во тоа време и компјутерите и телевизијата ќе бидат на едно друго ниво.
Поблиската околина во вселената ни е многу добро позната и сме стапнале на Марс,а луѓе стигале до самите краеви на нашиот сончев систем.Праќаме луѓе до поблиските планети само,но сателити наши ги има насекаде низ галаксијата.Туристички патувања во вселената се честа појава.Стануваат секојдневие,нешто што може секоја добро стоечка фамилија од средна класа да си дозволи.
Во градовите не постојат гужви во сообраќајот и сообраќајните несреќи се минато.Автомобилите сами не возат каде што сакаме и се многу брзи.Патот по море и под море е многу брз.Подводни хотели и некои помали градови на вода постојат.Совршени телекомуникации и размена на информации од Марс до секаде на земјата и низ нејзе.Нема недостапни зони,секаде можеш да се прклучиш на интернет,да збориш на телефон........................

Ехеее има многу за 100 години што да се случи.Со ова темпо се што набројав ќе се случи за само 30-50 години,а не па за 100.
 
Ниска интелигенција, искомплексирани суштества, долг животен век, празнина страшна во духовна смисла, луѓе кај кои што се повеќе ќе доаѓа до израз нивната анимална страна.
Кај нас конкретно у Македонија, очекувам секакви турски, шпански, хрватски, афричко-пакистански, индијско-талебански сапуници, отелотворени во суратите на нашите ценети граѓани, бидејќи еден век претходно нацијата била хранета со разно разни анти вредности, т.е нашите медиуми ги собрале гомната од другите нации, па тазе ги сервирале на народот.
иииииии дааа, на луѓето лицето ќе им стигне до стапалата, од многу седење пред компјутери и разно разни други технолошки иновацииииииии.
 
2111 A.D. ... на планетата Земја нема ниту еден човек ... после страшната термонуклеарна војна која се случи на средината од 21 век , неколкуте милиони последни преживеани луѓе беа однесени на некоја далечна планета од страна на високо развиените вонземјани , кои откако видоа дека човештвото скоро се самоуништи во војната ( а со тоа и ја загади скоро цела планета Земја ) , одлучија да ги спасат неколкуте милиони преживеани луѓе ... сега на земјата живеат само некои видови мутирани лебарки и бубашваби големи 1 метар , кои се обидуваат да преживеат хранејќи се со малубројанта незагадена вегетација која остана на Земјата .
 
Evolution does not necessarily reward intelligence.
Значи гласам за idiocracy сценариото од погоре.
 
images


images
images


end-of-the-wo.rld1_.jpg
 
Па јас мислам дека во иднина може и нова раса на луѓе да излезе. Нови животни. Нов Континент. Вонземјани....живот на месечината или друга планета.
 
Светот после 1 век ?
Па на пола пат.

Без религии, без нации, воглавном полу киборзи, на врв од модерниот феудализам т.е. империјализам (али приватен), а најважно од се е тоа што некаде околу 78% од светксата популација е програмирана како ботови т.е. конзумери де морони.

Останатите 22% се сметаат како душевно болни т.е. програмски хендикеп.
 
Сив и мрачен. Мртвило насекаде. Луѓето не знаат како изгледа да те огрее сонцето. Луѓето не се замараат за ништо, навикнати се нешто друго да им ги завршува работите и да размислува за нив. Чувствата виделе дека не припаѓаат во овој свет па заминале некаде да си бараат место. Оние кои сеуште знаат да размислуваат и да го користат мозокот живеат во некои напуштени краишта и си ги развиваат своите знаења уште повеќе. Немаат контакт со оние другите и после 500 години откако ќе изумрат ќе бидат некоја изумрена интелигенција...нешто слично на Сумерите. На крај, со Земјата се судира еден голем астероид и тука завршува приказната за „прекрасното“ место во универзумот наречено Земја.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom