Скутерчиња: Се за и околу нив

  • Креатор на темата Креатор на темата _FireFox_
  • Време на започнување Време на започнување
продавам делови за 125 и 150 кубика за кинески скутер контакт пп :)
 
Момци ај малце помош. Имам некои си 800-900 евра, ме држи мерак за 50ка. Што би ми предложиле...
 
Момци ај малце помош. Имам некои си 800-900 евра, ме држи мерак за 50ка. Што би ми предложиле...
Kymco Super 8 - 50cc 4 тактно, троши 2 литра на 100 км, со 6500 км отприлика, сочувано многу, 14ки тркала
минатата сезона се сменети плочки напред и гуртни позади за кочење, оваа сезона му сменив масло, филтер за воздух, немаш одржување освен на секои 6-8000км да си смениш масло
како на сликава, брат ми сака да го продава 900 евра, регистририрано е и осигурано
Еве линк со спецификации http://www.kymco.com.mk/skuter7.html?ID=70

bZAMP0939.jpg
 
Добро а која е разликата помеѓу 2 тактно и 4 тактно?
 
Добро а која е разликата помеѓу 2 тактно и 4 тактно?
2 тактното работи на мешавина од бензин и уље, 4 тактното работи бензин
2 тактното е постартно и побрзо, 4 Т е потромо и поспоро во крајна
2 тактното троши скоро дупло повеќе од 4 Т итн итн незенам што поточно те интересира да објасниме
 
Мисли си дека нема да работи истражувано им е и испробано тоа прашање
 
Друже не ми раскажувај направено е и работи, си има пумпа за масло. Гуглај читај ако те интересира
 
Е вака нешто од мене околу веспите ...
Доколку не се штедите за веспа Априлија , Џилера , Пиаџо ви се топ веспи ...
Пежо веспите се исто така добри , ама новата што излезе Speed Fight 3 искрено според мене се за никаде ... Премногу спори , многу трошат , единствено на изглед се добри и највероватно издржливи ...

Имав едно време Benelli quatro novex 50cc ... Бенелите се навистина добри , поевтини се од априлиите и другите водечки , единствено немаат водено ладење , малку трошат а брзината му е солидна ...

Но мој предлог е да не се замарате со веспа ... земете некој половен чопер , или нешто друго 150 цц 250 цц многу позадоволни ќе бидете ...
 
На 4-тактно можеш да монтираш плин а на двотактно не можеш.
Ако знајш да му одговориш која е разликата измеѓу 2 тактно и 4 тактно на членот погоре, слободно одговори му. Немој да изиграваш локал алхемичар. Јас шо имам в гаража и шо прам... не е интерес на темава, а богами и одговорот шо си го дал нема благе везе со реалноста.

п.с. Ај погоди кај ти ојдоја мислењата...
 
Добро а која е разликата помеѓу 2 тактно и 4 тактно?

Иако одговорот на Torte Mobile едноставно но добро кажува кои се разликите кои би ги интересирале обичните „смртници“, јас сепак ќе дадам малку по детално објаснување :)

За да се разберат механичките разлики помеѓу дво тактен и четири тактен мотор, прво треба да разгледаме како функционира 4 тактен мотор. Одговорот е прост - 4 такта:

Усис: На клипот патува по цилиндарот додека усисниот вентил се отвори за да се овозможи мешавина од гориво и воздух да влезе во комората за согорување.

Компресија: Усисниот вентил е затворен и клипот патува назад до цилиндарот и со тоа се врше компресирање (притискање) на гасовите.

Согорување: Свеќицата го пали компримиран гас предизвикувајќи тој да експлодира, и со силата од оваа експлозија, клипот се тера надолу.

Издув: Како што издувниот вентил се отвара, така клипот патува нагоре по цилиндарот овозможувајќи комората да се исчисти и процесот да започне од почеток.

Секој пат кога клипот оди нагоре и надоле, го врти коленестото вратило кое пак ги врти тркалата :)

Кај дво-тактниот мотор, сите овие 4 такта кои ги ошишав погоре, се интегрирани во едно симнување и едно качување на клипот т.е во 2 такта: усис и издув. Затоа и нема погреба од вентили кај 2 тактен мотор. За да не ја должам многу работата, ќе преминам на главното - клучната разлика е тоа што кај дво-тактните мотори свеќицата испалува на секое вртење на клипот и од тука доаѓа и поголемата снага, додека кај 4 тактните, на секое второ вртење.

Предностите на дво-тактните мотори се:
- поголема снага
- поевтини за одржување (бидејќи функционираат многу поедноставно)
- моторот може да биде поставен било како (нагоре, надоле, странично, вотевр...), а од тука е и нивната голема примена во мотокрос

Недостатоците се:
- пократок век на траење
- понеефикасно согорување отколку кај 4 тактните, што резултира со поголема потрошувачка
- бара дополнително подмачкување (двотактолот)

Мој совет:
Ако си помлад, сакаш да се качуваш на водно со девојката, сакаш поголема брзина, барај 2 тактен скутер. Ако ти треба за да одиш по пиперки во недела сабајле или до кај комшијата на ракија, барај 4 тактен скутер.

Е, и да не заборавам, плин може да се намонтира на 2 тактен скутер од 50цц и да функционира без проблем, но ова е работа за ентузијасти и не се продаваат готови плинови за скутери :)
 
Заборави да наброиш во недостатоци..
Пресилно брчат, да не речам зујат...
Поскапи се од 4тактните
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom