Добро а која е разликата помеѓу 2 тактно и 4 тактно?
Иако одговорот на Torte Mobile едноставно но добро кажува кои се разликите кои би ги интересирале обичните „смртници“, јас сепак ќе дадам малку по детално објаснување
За да се разберат механичките разлики помеѓу дво тактен и четири тактен мотор, прво треба да разгледаме како функционира 4 тактен мотор. Одговорот е прост - 4 такта:
Усис: На клипот патува по цилиндарот додека усисниот вентил се отвори за да се овозможи мешавина од гориво и воздух да влезе во комората за согорување.
Компресија: Усисниот вентил е затворен и клипот патува назад до цилиндарот и со тоа се врше компресирање (притискање) на гасовите.
Согорување: Свеќицата го пали компримиран гас предизвикувајќи тој да експлодира, и со силата од оваа експлозија, клипот се тера надолу.
Издув: Како што издувниот вентил се отвара, така клипот патува нагоре по цилиндарот овозможувајќи комората да се исчисти и процесот да започне од почеток.
Секој пат кога клипот оди нагоре и надоле, го врти коленестото вратило кое пак ги врти тркалата
Кај дво-тактниот мотор, сите овие 4 такта кои ги ошишав погоре, се интегрирани во едно симнување и едно качување на клипот т.е во 2 такта: усис и издув. Затоа и нема погреба од вентили кај 2 тактен мотор. За да не ја должам многу работата, ќе преминам на главното - клучната разлика е тоа што кај дво-тактните мотори свеќицата испалува на секое вртење на клипот и од тука доаѓа и поголемата снага, додека кај 4 тактните, на секое второ вртење.
Предностите на дво-тактните мотори се:
- поголема снага
- поевтини за одржување (бидејќи функционираат многу поедноставно)
- моторот може да биде поставен било како (нагоре, надоле, странично, вотевр...), а од тука е и нивната голема примена во мотокрос
Недостатоците се:
- пократок век на траење
- понеефикасно согорување отколку кај 4 тактните, што резултира со поголема потрошувачка
- бара дополнително подмачкување (двотактолот)
Мој совет:
Ако си помлад, сакаш да се качуваш на водно со девојката, сакаш поголема брзина, барај 2 тактен скутер. Ако ти треба за да одиш по пиперки во недела сабајле или до кај комшијата на ракија, барај 4 тактен скутер.
Е, и да не заборавам, плин може да се намонтира на 2 тактен скутер од 50цц и да функционира без проблем, но ова е работа за ентузијасти и не се продаваат готови плинови за скутери