Мал увид за местата кои во денешна Македонија биле мета на крстоносните војни. [FONT="]
Акрополата се навоѓа во Р.Македонија и чека да биде откриена.
Знаеме дека со поразот на македонската фаланга во третата македонско-римска војна во 168год.п.н.е.е ставен крај на отпорот на потомците на Илириј.
Претходно во 315год.п.н.е.од Касандар,македонски цар,син на Антипатар кој се оженил со Тесалоника,сестра на Александар Македонски и го ликвидирал целото семејство на нашиот Александар трети Македонски,го гради градот околу Пидна, Терма и му го дава името на жена му Тесалоник.Македонскиот цар Персеј бил поразен покрај Пидна,им се покорил на Римјаните и ,под нивна доминација,станал главен град на цела Македонија.Тој служел како главен штаб на сенатот и на партијата на Помпеј Секст(кој по убиството на Цезар,влегол во Рим и станал проконзул на поморските сили.Влегол во борба со Октавијан,бил поразен и избегал во Милет каде бил убиен во 35год.п.н.е.)Тој ја избрал странката-партијата на Октавијан и Марк Антониј и го добил како награда името на слободен град.За време на трите први века од христијанскиот период и дури по подигањето на Цариград,градот бил главен на целиот регион опфатен меѓу Јадранското и Црното Море,а неговото население достигнало до 220 000 жители.Во третиот век од н.е. бил подигнат во статус на римска колонија за да го заштитува царството од инвазијата на Варварите.Се посетуваме на страшниот масакр нареден од Теодисиј Велики(346-395)кој во 390год.од н.е.наредил да се заколат 7000 граѓани на овој град.Архиепископ од Милано,еден од отците на латинската црква по име Св.Амброзиј кој наредил императорот Теодисеј први јавно да се покае.Од шестиот до осмиот век.од н.е.градот издржал повеќе крвави битки со Словените.Во 904год.тој бил заземен и опљачкан од Сарацените(Шпански муслимани,Арапи и Маври-кој за време на Кртоносните војни така ги викале и азијатските муслимани,особено од Палестина),Норманите(северни луѓе главно од Норвешка,Данска и Шведска)под водство на Танкред(легендарен јунак од Првата крстоносна војна.Се истакнал во борбите за заземањето на Ерусалим во 1099год.Станал кнез на Галилеја.)го освоиле во 1185год.и се однесувале варварски кон неговите жители.Во почетокот на тринаесетиот век.од н.е.тој поминал под доминација на маркизите Монтеферат(благородничко семејство од Ломбардија,еден од водачите на четвртиот крстоносен поход-1202,кој помогнал да се заземе Цариград,а потоа станал крал на истоимениот град)Градот подоцна е продаден на Веницијанците, и на крај завземен од Турците во 1430год.Св.Павле им го препорачал христијанството на граганите на овој град,и им упатил две религиозни писма.Градот е сметан како главен град на христијанството на исток,бил наречен ,,Православен град[/FONT]