Крстоносните војни

  • Креатор на темата Креатор на темата NIKA
  • Време на започнување Време на започнување
Па кај беше бе пиле ти ова да го кажеш.... Гледаш мораше јас да куцнам, односно да "украдам" нешто, па ти да почнеш да го побиваш...
Без разлика што и каде... Добро е што крстот што го носиш на аватар е сличен на оние мочковци кои бранеле свети земји...
Без разлика на тоа, дружењето не изостанува во секој случај...

Ама кај беше да го напишеш тоа претходно...
Или и ти си како оние... Кој бараат само маана... А никако да создадат нешто?


Koj del tebe shizo, potochno te navredi? Toa shto ne napishav neshto pred tebe, ili toa shto gi popraviv 'faktite koi gi sozdade'?:tv:

Pa ne baram jas maana, tuku vistina. Koga vekje ne si vo sostojba da ja prilozish, nema smisla da se lutish. Sepak, od greshkite uchime...:smir:
 
Шизо... По дома повеќе... Не тука...

Разбираш ?
 
Сепак што и да се случило и да оставиме филмот (стварно е добар) ама не дава реална слика за тоа што се случувало навистина.
Но сепак едно може да се заклучи дека мие како македонци во составот на византија сме немале никаква корист од тоа.
Туку напротив како што можам да забележам овие Италијаниве стварно ни се баксуз и многу ни имаат згрешено :sekss:

Еве на пример Македонската античка држава завршува со освојувањето од страна на Рим
Потоа,ја ограбуваат и ослабуваат византија наспроти турците/
Потоа се појавуваат овие австро-унгарци па и тие нешто солат памет.
А нормално а да не ги спомнам Англија (главен виновник за основање на Грција) и нејзина заштитничка,
како и Италија (Голема Албанија)
Кога ке се види подобро нас секогаш ни било подобро со источните народи затоа и Аце отисол на исток а не на запад.
А сега после толку збрки што ни направиле против нас мие пак сакаме со нив да бидеме заедно во алианса:vozbud::vozbud::vozbud:
ЕБАТЕ НАТО И ЕУ што ке ти се цела историја ни го загорчиле животот па уште и да продолжат.!.
:baeh: Доста беше УНИТЕД МАЦЕДОНИА
 
Не знамз ошто толку значаен дел од светската историја кај нас ниту во основно ниту во средно образование не се изучува. Голем пропуст
 
Не знамз ошто толку значаен дел од светската историја кај нас ниту во основно ниту во средно образование не се изучува. Голем пропуст

Па светот кога учи за овие војни, зборува како да поминале низ Балканот и ништо да немало, како само Константинопол да бил градот, а околу него Балканска пустина и ништо да немало.
 
Во блиска иднина Бугариве ќе учат многу за овој период.Оти могуче е да во 4тата крстоносна војна ја имаат изведено последната победа во својата историја...
 
Крстоносните војни имаат многу прозаична улога. Немаат никаква верска позадина. Верата е само изговор за освојување на главните пристаништа и трговски центри од Блискиот Исток. А зошто?
Имено, Крстоносните Војни се токму во периодот кога “западот“ е во подем и “гради“ поцврсти кралства, а со тоа започнува да се развива племство кое се збогатува и се навикнува на луксузна стока која што ја нема во тие предели : свила, зачини, и делумно драги камења (бисери) кои што ги нема во западните земји. Сета таа стока западот ја набавува преку Арапските посредници кои ги поседуваат земјите на Блискиот Исток и ги контролираат трговските патишта (во тој “бизнис“ е вклучена и Византија), а со тоа на западните купувачи им “начукуваат“ убава провизија. Зачините во Англија во тоа време биле повредни од златото.
Ете затоа се воделе тие војни, а не за ослободување на Светата Земја. Бидејќи контролата на тие предели не траела многу долго, а потребата од луксузна стока била се поголема, се тргнало во барање на нови патишта за допремување на оваа стока, што конечно резултирало со откривањето на Америка и морскиот пат до Индија, кое нешто довело до создавањето на овој, ваков свет како што го познаваме денес, со економска, воена и политичка супремација на Западните Земји врз остатокот на светот.
За Крстоносните војни овие предели биле само “колатерална штета“ и ние од сето тоа не сме виделе ништо добро, а последиците се гледаат до денес...
 
Мал увид за местата кои во денешна Македонија биле мета на крстоносните војни. [FONT=&quot]

Акрополата се навоѓа во Р.Македонија и чека да биде откриена.


Знаеме дека со поразот на македонската фаланга во третата македонско-римска војна во 168год.п.н.е.е ставен крај на отпорот на потомците на Илириј.
Претходно во 315год.п.н.е.од Касандар,македонски цар,син на Антипатар кој се оженил со Тесалоника,сестра на Александар Македонски и го ликвидирал целото семејство на нашиот Александар трети Македонски,го гради градот околу Пидна, Терма и му го дава името на жена му Тесалоник.Македонскиот цар Персеј бил поразен покрај Пидна,им се покорил на Римјаните и ,под нивна доминација,станал главен град на цела Македонија.Тој служел како главен штаб на сенатот и на партијата на Помпеј Секст(кој по убиството на Цезар,влегол во Рим и станал проконзул на поморските сили.Влегол во борба со Октавијан,бил поразен и избегал во Милет каде бил убиен во 35год.п.н.е.)Тој ја избрал странката-партијата на Октавијан и Марк Антониј и го добил како награда името на слободен град.За време на трите први века од христијанскиот период и дури по подигањето на Цариград,градот бил главен на целиот регион опфатен меѓу Јадранското и Црното Море,а неговото население достигнало до 220 000 жители.Во третиот век од н.е. бил подигнат во статус на римска колонија за да го заштитува царството од инвазијата на Варварите.Се посетуваме на страшниот масакр нареден од Теодисиј Велики(346-395)кој во 390год.од н.е.наредил да се заколат 7000 граѓани на овој град.Архиепископ од Милано,еден од отците на латинската црква по име Св.Амброзиј кој наредил императорот Теодисеј први јавно да се покае.Од шестиот до осмиот век.од н.е.градот издржал повеќе крвави битки со Словените.Во 904год.тој бил заземен и опљачкан од Сарацените(Шпански муслимани,Арапи и Маври-кој за време на Кртоносните војни така ги викале и азијатските муслимани,особено од Палестина),Норманите(северни луѓе главно од Норвешка,Данска и Шведска)под водство на Танкред(легендарен јунак од Првата крстоносна војна.Се истакнал во борбите за заземањето на Ерусалим во 1099год.Станал кнез на Галилеја.)го освоиле во 1185год.и се однесувале варварски кон неговите жители.Во почетокот на тринаесетиот век.од н.е.тој поминал под доминација на маркизите Монтеферат(благородничко семејство од Ломбардија,еден од водачите на четвртиот крстоносен поход-1202,кој помогнал да се заземе Цариград,а потоа станал крал на истоимениот град)Градот подоцна е продаден на Веницијанците, и на крај завземен од Турците во 1430год.Св.Павле им го препорачал христијанството на граганите на овој град,и им упатил две религиозни писма.Градот е сметан како главен град на христијанството на исток,бил наречен ,,Православен град[/FONT]
 
Темпларскиот меч.


Мечот бил основно и лично вооружување на витезите темплари, сите имале свој сопствен меч без разлика дали биле администрација, вршеле обука на младите темплари или директно учествувале во битките на военото поле. Витезите темплари се чудна група на луѓе собрани во братски калуѓерски ред, попластично објаснување е дека биле калуѓери-воини. Карактеристично е за нив што се молеле пред секоја битка, е сега бидејќи во поголемиот дел од времето немало цркви во близина, го користеле својот меч како реликвија бидејќи бил правен во форма на христијански крст. Мечот е забодуван во земја и темпларот покрај него е паднат на колена со челото допрено на мечот, односно на граничникот помеѓу сечилото и ракофатот, секогаш свртен со лицето во правецот каде што ќе се одвива битката. Темпларскиот меч е гломазен и голем меч, но е многу лесен за маневрирање и секој темплар бил мајстор за војување со тој меч. Со било кој друг меч темпларот ќе вредел исто како селанецот кој што е собран од нива за да се бори за својот феуд како што било кај другите крстоносци. Со тој меч темпларите имале жестока и немилосрдна обука и затоа и биле жестоки борци. Подоцна и повеќето други крстоносни единици користеле мечеви во форма на крст, затоа што тоа бил симболот, и сеуште е на христијанството. Ама темпларскиот меч е посебно нешто.

Разбирајќи ја симболиката на тоа нешто, како одговор муслиманите своите мечеви ги правеле во форма на полумесечина. Тој меч си ја имал верската симболика но како оружје на военото поле се покажал како многу лош, затоа што со него можело само да се сече, а не можело да се набодува. Процесот на правење на тој меч бил многу сложен и често имале проблеми со калењето на челикот за да се добие таа специфична форма. Челикот им бил многу крут па често се случувало сред битка да им се скрши мечот. Подоцна муслиманите ја исправиле таа грешка со тоа што челикот почнале да го прават пофлексибилен и мечевите не ги закривувале толку многу за да да изгледаат како срп или полумесечина, туку ги закривувале само малку за да можат и да бодат со него не само да сечат.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom