Со мене секогаш се однесувале добро, неколку пати и преку ред ме имаат пуштено.
Не сум слушнала досега вратари да направат проблем на девојки. Иако не би рекла дека „без причина“ знаат да исшамараат некој копиљ, значи мора да се има повод.
Не знам како некој би можел да се натега да влезе кога еднаш е одбиен. Сврти глава и терај на друго место, нема само една дискотека во која можеш да фрлиш пари.
И многу ми е глупо што некои од вас ги ословуваат вратарите како „гомна“. Не ви текнало дека и тоа се луѓе што се мачат да заработат за леб?