Вратари

  • Креатор на темата Креатор на темата deXterche
  • Време на започнување Време на започнување
jove_bt напиша:
infinity неможеш ако си малолетен освен ако не се знаеш со деч. на врата :) иначе стварно има горила ама во буквална смисла не личат на луѓе па тие па уште ќе ми изиграваат босови!!???!!!
тоа во главите вакум нишо нема кој два грама мозок!!!

Hehe se znam so Kire pa ne pusti. :)
 
Според мене многу некултурни,арогантни, нељубезни итн....Што мислите за вратарите општо низ Македонија??Поздрав:helou:
 
А каде се културни?

Мислиш дека некој сака да има вратар со диплома за микробиологија или квантна физика? Нормално дека вратарот треба да биде говедо неделкано. Не ми е јасно која е поентата на културен вратар.... Во ресторан можеби, ама во дискотека? Не, поготово не во Македонија.

Кај нас сеуште мора да има страшила на врата за да не му текне на некој да прави глупости. Нормално, не го оправдувам и нивното правење глупости. Ама претежно се доведени во ситуација да мораат да го прават тоа.
 
А некогаш сами сакаат да те доведат да ги испровоцираш за да мора и они да напраат глупости,имало ситоации кога за ништо почнувале тепачка
 
А некогаш сами сакаат да те доведат да ги испровоцираш за да мора и они да напраат глупости,имало ситоации кога за ништо почнувале тепачка
Кој вратар ќе почне да те тепа без причина бе Мрно?

Пцовки, гурање, носење оружје - се доволни причини за тепање.
 
Пример... Г(остин) В(ратар) Дискотека Левел

В:Не може да влезеш
Г:Зашто бе сакам да влезам
В:Ако си ми вратил уште еднаш тешко тебе
Г:Зашто тешко мене ништо не направив
В: (мава бокс)

Па и да опцуеш еднаш не мора да те скрши од кутек,тоа е веке непрофесионалност
 
Нема везе муабетов ....

Тој што е на врата најкултурно ти вика " дечко 100 денари влез " и ти си викаш шо јас да му давам 100 денари на овој и почвиш да галамиш и од играчка плачка после ... а за ножеви и такви тракатанци нема што да се коментира тогаш си заслижил да јадеш по гла
 
Пример... Г(остин) В(ратар) Дискотека Левел

В:Не може да влезеш
Г:Зашто бе сакам да влезам
В:Ако си ми вратил уште еднаш тешко тебе
Г:Зашто тешко мене ништо не направив
В: (мава бокс)

Па и да опцуеш еднаш не мора да те скрши од кутек,тоа е веке непрофесионалност

Е ова е веќе лошо понашање на вратарот :)
 
Пример... Г(остин) В(ратар) Дискотека Левел

В:Не може да влезеш
Г:Зашто бе сакам да влезам
В:Ако си ми вратил уште еднаш тешко тебе
Г:Зашто тешко мене ништо не направив
В: (мава бокс)

Па и да опцуеш еднаш не мора да те скрши од кутек,тоа е веке непрофесионалност
Ко прво, ако ти каже вратар дека неможеш да влезеш - нема да влезеш.
Јас лично би бил навреден и не би ни сакал да влезам. Никогаш не би влегол во дискусија со некое приглупо магаре зошто ОН не ме пушта во дискотетката.

Ко второ, сигурно ова горе што го напиша не е целиот разговор. Или не пишуваш се, или даваш измислен пример, или пак си дошол премногу касно за да го фатиш инаетењето на избоксираниот. Никој нема да му каже на некого „Ако си ми вратил уште еднаш тешко тебе.“ после едно прашање.

Или се гурал да влезе иако му било кажано дека неможе да влезе, или бил ќумур пијан, или се правел будала и им досаѓал на вратарите во најголемата гужва. Не е оправдано боксирањето, ама сигурно овој се курчел повеќе отколку што може да поднесе неговото меко лице.
 
Добро сеа,имаше малце препирање,типчево мислеа дека е пијано и они почнаа да го реметат и да се заебаваат со него...на крај се накурчи зема едно дрво,сакаше да ги удри,ама го собраа џандари
 
Добро сеа,имаше малце препирање,типчево мислеа дека е пијано и они почнаа да го реметат и да се заебаваат со него...на крај се накурчи зема едно дрво,сакаше да ги удри,ама го собраа џандари
Ама не, вратарите се криви. :wink:
Можеше ова да го спомнеш и во првиот пост, ама претпоставувам дека и ти си имал лошо искуство со вратари, па затоа не го напиша - така? Каде не те пуштиле до сега? Или нема да го откриеш тој дел? :)
 
Сепак тоа не треба да е понашање на професионалец вработен во секјурити,му викаш неможе да влагаш и готово,ако ти врака тогаш превземаш мерки,а не го нашле дете и ке го реметат
 
Со мене секогаш се однесувале добро, неколку пати и преку ред ме имаат пуштено.:)

Не сум слушнала досега вратари да направат проблем на девојки. Иако не би рекла дека „без причина“ знаат да исшамараат некој копиљ, значи мора да се има повод.

Не знам како некој би можел да се натега да влезе кога еднаш е одбиен. Сврти глава и терај на друго место, нема само една дискотека во која можеш да фрлиш пари.

И многу ми е глупо што некои од вас ги ословуваат вратарите како „гомна“. Не ви текнало дека и тоа се луѓе што се мачат да заработат за леб?
 
А на Скази да видите колку културно се понашаа вратарите. Ама извадија пари колку што ќе заработат 2 месеци од платата. Половина од присутните ги внесоа на црно, а парите си ги зимаа за нив. наместо 500 ден. им зимаа по 300-400 денари. Јас си влегов за 400 :)
 
Јас никаде сум немал проблеми со вратари. Се додека се понашаш ти со нив фино и коректно никој нема да ти направи проблем. 5 минути да почекам не се проблем. На никого не му се. Иако знаат дека ме чека некој со повисока функција од нив, мене не ми е проблем да застнам и да почекам па кога ќе ме видат да ме пуштат. И да им кажам фала. И ако нема гужва да застанам да направам моабет како се што прават. Сум ги гледал по сите дискотеки како они работат. Во секоја дискотека секоја вечер има по 3-4 тепачки минимум. Само мали. Затоа вратарите се тамо, за никој да не примети дека има тепачка, да ги извадат фаците надвор и да ги избркаат. Ако продолжат пак да прават проблеми викаат полиција и фаците јадат ќутек.

Е сеа, ја сум гледал и како вратари прават проблем да девојки, пијани влегуваат и ги бутаат и продолжуваат со носот во воздух. Епа и он е човек со гордост бе. Нормално дека нема да те пушти. Нормално дека и уште 3 пати ако му направиш проблем ќе ти плесне шамар.

Нормално е и ако јас отидам се понашам ко газда затоа што го знам газдата ќе ме ебава 10 минути и нема да ме пушта. А ако отидам и му кажам, те молам ме чекаат ако може да не пуштиш ќе рече почекај малце, ќе пушти 4-5 души и после сме ние на ред.

Исто нормално е ако отидеш со суканица, раперски панталони до земја, капуљача на глава дека во дајмонд нема да те пуштат. Затоа што такви луѓе не идат во дајмонд. Ако се облечеш пристојно ќе си влезеш. Така?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom