NBA Сезона 2011/2012

  • Креатор на темата Креатор на темата GreenRoot
  • Време на започнување Време на започнување

Дали ке започне НБА лигата со натпревари?

  • ДА! Ке се одиграат сите натпревари.

    Гласови: 19 16,8%
  • НЕ! Нема да со одигра ниту еден натпревар.

    Гласови: 24 21,2%
  • ДЕЛУМНО! Ке се играат помалку натпревари од предвидените 82 натпревари за секој тим.

    Гласови: 70 61,9%

  • Вкупно гласачи
    113
Унијата на играчите и НБА поминаа маратонски 16 часа во преговори за ставање крај на локаутот, но не изнајдоа решение. Преговорите продолжуваат денес.

nba.jpg

По се’ изгледа и двете страни вклучени во преговорите за новиот Колективен договор во НБА посакуваат да се стави крај на локаутот и конечно да почнат подготовките за новата сезона. Доказ за тоа се дури 16-те часа кои претставниците на Унијата на играчите и на НБА сопствениците ги минаа на нивната последна средба, во вторникот во Њујорк. Поточно, од десет часот наутро до два часот по полноќ.

На оваа средба присуствуваше и сојузниот медијатор Џорџ Коен, кој би требал да им помогне на двете страни да пронајдат заеднички јазик. Иако не се пронајде решение, двете страни закажаа нов состанок за денеска.

Според некои извори, ваквиот развој на настаните е позитивен и би можел да значи постигнување договор околу новиот Колективен договор во следните неколку дена.
 
Неверувам во шпекулации. Сакам да видам црно на бело, договорено па после да се радуваме:)

Така почнува... со фамозните "sources". Охрабрувачки е тоа што „изворите“ баш вчера јавуваа дека договорот е многу далеку, а денеска јавуваат дека е многу блиску.
Има извори и извори... Овие на Воџнаровски повеќе пати информирале отколку дезинформирале, така да се за верување :)
Вечерва може да почнеме да триеме раце (а ти да го видиш и тоа „црно на бело“) :)
 
Орландо е силна екипа, несмееш да ја потцениш. Хауард оди само во еден правец - нагоре...
Нагоре?
Мислиш надвор? (од тимот)
Прочитај му ги изјавите во цела постсезона, онака меѓу редови. Посебно оваа последната од пред некој ден.

На страна тоа дали ќе остане или ќе си оди Хауард, на Орландо не му се пишува добро со овој концепт на нивната игра. Да, во добрите денови нема тим кој не може да го земат, ама тим кој шутот од надвор му прави толку голем дел од играта никогаш нема да сигне далеку во денешната НБА.

Главниот проблем со екипите кои полагаат премногу на шутот е фактот дека на никој не му оди шутот секогаш.
А плеј оф дуелите се играат во седум добиени натпревари и во последните 30+ годнини победуваат екипи кои играта ја базираат најмногу под кошот. Ако мислите дека грешам, најдете еден чисто шутерски тим што земал НБА шампионат во последниве 30 години.

Затоа натпреварите против Орландо се сведуваат на запри го Хауард и натерај ги останатите од тимот да те поразат. Но не е дека тактиката на Орландо не функционира 100% и затоа во регуларниот тек на првенството имаат добар рејтинг ама во плејоф не е така. Ни до тоа едното полуфинале што го имаше оваа екипа, немаше да дојдат да не имаа среќа што играа против леКвин Џејмс и дисфункционалната екипа на Кливленд, склепана без никаква идеја (по принципот земи најдобро што е во моментов слободно за земање).

Сето ова на жалост го знае и Хауард а богами и Орландо. Мислам дека Орландо чека само да заврши локаутот за да се види како ќе се смени колективниот договор па потоа да си видат каде ќе го праќаат Хауард и што можат да добијат за него.
Гласините се дека Лејкерси се спремни да го дадат Бајнам или Гасол за него. Поврзи го тоа со привлечноста на поголем маркет како што е Лос Анџелес, еден куп пари од реклами и друго. Плус ЛА е веќе разработена шампионска екипа каде доминантен центар природно би се вклопил... Очекувајте Мич Купчак да ја даде левата рака, првородениот син или што веќе ќе треба за да го овозможи овој дил ако има било какви шанси.
Единствено што може да го спаси Орландо е ако го удри сентименталност Хауард, пошто дефинитивно не е пи*ица како леКвин Џејмс.

Што се однесува до мене, јас не би сакал ништо повеќе од тоа да ги видам за последен пат Лејкерси против Бостон, во седма утакмица, со пакет ладно Старопрамен за смирување на живците! (y)
 
Нагоре?
Мислиш надвор? (од тимот)
Прочитај му ги изјавите во цела постсезона, онака меѓу редови. Посебно оваа последната од пред некој ден.

На страна тоа дали ќе остане или ќе си оди Хауард, на Орландо не му се пишува добро со овој концепт на нивната игра. Да, во добрите денови нема тим кој не може да го земат, ама тим кој шутот од надвор му прави толку голем дел од играта никогаш нема да сигне далеку во денешната НБА.

Главниот проблем со екипите кои полагаат премногу на шутот е фактот дека на никој не му оди шутот секогаш.
А плеј оф дуелите се играат во седум добиени натпревари и во последните 30+ годнини победуваат екипи кои играта ја базираат најмногу под кошот. Ако мислите дека грешам, најдете еден чисто шутерски тим што земал НБА шампионат во последниве 30 години.

Затоа натпреварите против Орландо се сведуваат на запри го Хауард и натерај ги останатите од тимот да те поразат. Но не е дека тактиката на Орландо не функционира 100% и затоа во регуларниот тек на првенството имаат добар рејтинг ама во плејоф не е така. Ни до тоа едното полуфинале што го имаше оваа екипа, немаше да дојдат да не имаа среќа што играа против леКвин Џејмс и дисфункционалната екипа на Кливленд, склепана без никаква идеја (по принципот земи најдобро што е во моментов слободно за земање).

Сето ова на жалост го знае и Хауард а богами и Мајами. Мислам дека Мајами чека само да заврши локаутот за да се види како ќе се смени колективниот договор па потоа да си видат каде ќе го праќаат Хауард и што можат да добијат за него.

Добра анализа. Се е во ред ова што го кажа.
Инаку иднината на Хауард е неизвесна, јас на некој начин верувам дека ке појде во Бостон. Негледам начин Мајами да тјејдува играч за него, освен Крис Бош. Друга опција им е да чекаат да му заврши договорот. Лејкерси реално гледано имаат најголеми шанси да го доведат ако го понудат Бајнам.
Хауар неверувам дека ке удри сентиметалност и ке остане во тимот. Мислам дека чека побрзо да си замине, само тоа нема да го направи на подмолен начин како леброн.
Со еден збор и со хауард и без него орландо тим не бива:(
Е да и јас сакам да ги видам лејкерси и бостон, само режијата да биде онаа од 2007ма:D
 
Нагоре?
Мислиш надвор? (од тимот)
Прочитај му ги изјавите во цела постсезона, онака меѓу редови. Посебно оваа последната од пред некој ден.

На страна тоа дали ќе остане или ќе си оди Хауард, на Орландо не му се пишува добро со овој концепт на нивната игра. Да, во добрите денови нема тим кој не може да го земат, ама тим кој шутот од надвор му прави толку голем дел од играта никогаш нема да сигне далеку во денешната НБА.

Главниот проблем со екипите кои полагаат премногу на шутот е фактот дека на никој не му оди шутот секогаш.
А плеј оф дуелите се играат во седум добиени натпревари и во последните 30+ годнини победуваат екипи кои играта ја базираат најмногу под кошот. Ако мислите дека грешам, најдете еден чисто шутерски тим што земал НБА шампионат во последниве 30 години.

Затоа натпреварите против Орландо се сведуваат на запри го Хауард и натерај ги останатите од тимот да те поразат. Но не е дека тактиката на Орландо не функционира 100% и затоа во регуларниот тек на првенството имаат добар рејтинг ама во плејоф не е така. Ни до тоа едното полуфинале што го имаше оваа екипа, немаше да дојдат да не имаа среќа што играа против леКвин Џејмс и дисфункционалната екипа на Кливленд, склепана без никаква идеја (по принципот земи најдобро што е во моментов слободно за земање).

Сето ова на жалост го знае и Хауард а богами и Мајами. Мислам дека Мајами чека само да заврши локаутот за да се види како ќе се смени колективниот договор па потоа да си видат каде ќе го праќаат Хауард и што можат да добијат за него.
Гласините се дека Лејкерси се спремни да го дадат Бајнам или Гасол за него. Поврзи го тоа со привлечноста на поголем маркет како што е Лос Анџелес, еден куп пари од реклами и друго. Плус ЛА е веќе разработена шампионска екипа каде доминантен центар природно би се вклопил... Очекувајте Мич Купчак да ја даде левата рака, првородениот син или што веќе ќе треба за да го овозможи овој дил ако има било какви шанси.
Единствено што може да го спаси Орландо е ако го удри сентименталност Хауард, пошто дефинитивно не е пи*ица како леКвин Џејмс.

Што се однесува до мене, јас не би сакал ништо повеќе од тоа да ги видам за последен пат Лејкерси против Бостон, во седма утакмица, со пакет ладно Старопрамен за смирување на живците! (y)

Се сложувам со тебе во повеќето од напишаното, но јас не напишав ништо контрадикторно на твоето. Реков дека Хауард оди само во една насока - нагоре, односно дека ќе биде само посилен и посилен. Покрај него во тимот е уште еден бивш ол-стар - Џамир Нелсон, кој треба да има солидна сезона.
Е сега, не е точно дека Хауард сака да замине од Орландо, туку сака тимот да стане конкурентен за титула (во спротивно ќе бара чаре по крајот на неговиот договор кој истекува следната сезона). Токму затоа го базирам оптимизмот за силен Орландо догодина. Сопствениците ќе сторат се за да го засилат тимот - ќе се обидат да ги донесат најдобрите слободни агенти и ќе се обидат да направат добри трампи за екипата. Ако екипата се базира на Хауард кој неспорно ќе има МВП-сезона и тој се опкружи со добри играчи Орландо ќе биде силна екипа - неспорно.
Точно е дека лани Орландо премногу форсираше шут, што се разбира дека никогаш не е победничка тактика. Далас тоа најдобро го покажа - важејќи како шутерски тим кој успеа да стигне до титулата преку тимска игра, цврста одбрана и рационален напад.
Орландо со самото тоа што го има најдобриот дефанзивец во НБА е на коњ. Е сега потребни се промени на периметарот. Отсуствува квалитетна двојка и квалитетно ниско крило, бидејќи не сум повеќе уверен во квалитетите на олдтајмерот Хедо (кој патем е неупотреблив во одбрана). За мене Брендон Бас е добра солуција за 4-ка бидејќи мислам дека човекот е потценет со оглед на квалитетот кој го има, а Нелсон е феноменален играч за плејмејкерската позиција во тимот.
Слободни агенти се Џејсон Ричардсон, Керон Батлер, Маркус Тортон, Тејшон Принс, Вилсон Чендлер и Џамал Крафорд - секој од овие би бил огромно засилување за Меџик. Ќе видиме дали ќе изиграат добро на пазарот сопствениците на тимот.

Ако Хауард веќе оди од Орландо за мене Лејкерси се реална дестинација. Хауард е шоумен и ЛА би бил навистина фантастичен пазар за него. Ќе го видиме и концептот на Њу Џерси, кои се разбира дека сакаад да станат фактор во лигата, а го имаат и феноменалниот Брук Лопез како еден од играчите за трампа за Хауард.
 
Lapsus Linguae.

Се извинувам, сите спомнувања горе на Мајами, сфатете ги како Орландо (едитирано е сега)... ова се случува кога пишуваш и муабетиш во исто време... :)
--- надополнето: Oct 20, 2011 9:30 PM ---
Е сега, не е точно дека Хауард сака да замине од Орландо, туку сака тимот да стане конкурентен за титула (во спротивно ќе бара чаре по крајот на неговиот договор кој истекува следната сезона). Токму затоа го базирам оптимизмот за силен Орландо догодина. Сопствениците ќе сторат се за да го засилат тимот - ќе се обидат да ги донесат најдобрите слободни агенти и ќе се обидат да направат добри трампи за екипата.
Проблемот е што сопствениците не можат да го сменат концептот на игра со истите играчи. Еден или два роле плејер тип на играчи не се доволни за темелна промена. Ако направат радикални промени ќе бидам навистина изненаден ама ни во тој случај не очекувам позначаен успех, за шампионска екипа треба време.

Очекувам Орландо да задржи горе-доле иста игра, да се обиде да се засили со неколку осредни роле плеј играчи и да се надева на поволен плејоф распоред и дека противниците ќе имаат лоша сезона.
 
ЛЕЛЕ како шо одат работиве ќе ја откажат цела сезона...па ќе морам да УБИЈАМ НЕКОЈ!!!!! :mad::mad:
 
Ајде ајде, не е готово додека не запее дебелата дама...
 
http://www.nba.com/2011/news/10/26/wednesday-labor.ap/index.html

ваков прогрес можат да прават до утре сабаље, и на крај пак може да го добиеме курот за започнување на сезона
па дајте жити господ решете ова и да си почне сезоната
 
Позитивни ветришча:
WojYahooNBA Adrian Wojnarowski

Signs of labor optimism: Team execs cancelling scouting trips, preparing for free agency. Agents quietly reaching out to teams on players.

Ајмо!!!
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom