GreenRoot
^Зелен^
Унијата на играчите и НБА поминаа маратонски 16 часа во преговори за ставање крај на локаутот, но не изнајдоа решение. Преговорите продолжуваат денес.
По се’ изгледа и двете страни вклучени во преговорите за новиот Колективен договор во НБА посакуваат да се стави крај на локаутот и конечно да почнат подготовките за новата сезона. Доказ за тоа се дури 16-те часа кои претставниците на Унијата на играчите и на НБА сопствениците ги минаа на нивната последна средба, во вторникот во Њујорк. Поточно, од десет часот наутро до два часот по полноќ.
На оваа средба присуствуваше и сојузниот медијатор Џорџ Коен, кој би требал да им помогне на двете страни да пронајдат заеднички јазик. Иако не се пронајде решение, двете страни закажаа нов состанок за денеска.
Според некои извори, ваквиот развој на настаните е позитивен и би можел да значи постигнување договор околу новиот Колективен договор во следните неколку дена.