Зошто бодрење на странски клубови, а не на домашни?

^^
Очигледно не знаете колку е моќен Хари, чим до Платини му е грб....

Еве и пак ќе прашам до сите изгледа го избегнувате прашањето.

Јасно е дека гледате странски фудбал ради квалитетот. Но зошто не живеете во другите држави каде што се е поквалитетно од Македонија ?

Одговорот ќе биде веројатно дека тука сте се родиле и ја сакате Македонија, ама ценете го и она што го има во Македонија. Единствена држава сме каде што се палиме на странски фудбал, а плукаме по домашниот... Немам ништо против следење на странски фудбал па и јас следам но барем домашна утакмица ретко пропуштам. Тоа ми е зборот ваљда сега капирате. :D
 
Знам кој е Хари и знам дека е моќен. Ама исто знам и дека тој не е цела држава и ако се сака, можи да се смени. Ама очигледно никој нема таква ни желба, а ни интерес.
А Платини, тој е еден човек кој нема никаква функција во ФФМ или во македонскиот фудбал. Шо можи тој ако има внатрешен отпор и опозиција контра Хари? Многу едноставно, ништо. Не е Платини работата, веројатно е точно то шо знам дека Хари, не Платини, туку има и други солидни врски и во ФИФА. Ама ко шо реков, ништо од то не е битно, ако стварно има силен внатрешен отпор кон неговава гарнитура.

Зошто не живееме во други држави каде што се е поквалитетно од Македонија? Каква врска има то со фудбалов? Можеби и сме пробале, ама не е така едноставно? Можеби и тоа шо го имаме овде ни е добро?
Јас ценам то што треба да се цени овде, ја ценам убавината на Црна Река на која бев денеска, иако е загадена, местоо кај шо бев е многу убаво. Го ценам Маркукуле, или Марковите Кули, од каде шо го гледав цел град вчера. Ги ценам Смоларските водопади, го ценам ширденот како јадење, го ценам и Охридско езеро иако има доста иритирачки работи како покрај него така и во него, ја ценам и Матка која ја сметам за едно од најубавите места во државава........исто го ценам и фудбалот наш, онај кој го играме групно од време на време, со пријатели, познаници а зошто да не и со непознаници со кои ќе се запознаеме, па и спријателиме.
Ама оваа држава нема професионален фудбал, според тоа, јас и нема шо да ценам. Ако зборуваме за полуаматерските натпреварувања наречени Македонски фудбалски лиги, можам само да речам дека времето гледајќи натпревари од нив можам да го поминам во лично играње фудбал со слично темпо ко нив, додуша на мал, ракометен терен, ама темпото е тоа, и да ми биди позабавно и порелаксирано, како и малку натпреваувачки адреналин, шо и ми е целта на занимавањето со фудбал.
 
^^
Има врска.

Некој викаат дека гледаат фудбал странски дека е поквалитетен.
Јас викам дека има поквалитетни држави од Македонија во секој поглед.
Епа зашто не живеат, тоа ми беше зборот.

А, тоа што некој мисли дека нема квалитетен фудбал океј нема, ама сигурно не се запрашал зашто е тоа така и не пробува тоа да го смени. Многу работи во државава сметаат па сите излагаат на протести и слично се обидуваат да го сменат тоа, но ова не...
 
Пошто странски фудбал можиш да го гледаш на телевезија или на интернет сегде кај шо имаш сигнал, за да живејш на друго место треба лично и персонално да си таму а не секој има можности и квалитети за тоа.

Јас одамна сум се запрашал и сам зошто гледам аматерски фудбал од Победа, сум прашувал и други постари, ама нема некој одговор. И како одминува времето, се појќе гледам оти одговорот е едноставен - работите се поставени аматерски. Нема пари, нема организација, нема дисциплина - тие три елементи се најважни и тоа најважни се парите, па организацијата, па дисциплината. А ко шо реков, и трите ги нема.
А јас лично немам намера во слободно време да гледам аматерски фудбал кога можам истиот лично да го играм.

За менување нешто, протести? Да, сигурно, ко да протестите ќе ги донесат тие трите работи шо сега ги нема.
 
Очигледно, момците од маркетинг агенциите се во право.
Во фудбалот има страсти, само ако има квалитетен и атрактивен фудбал.

Мислев дека во фудбалот се одразуваат страсти и лични идентификациони маркери, ама според искажувањата за „неквалитетниот фудбал“ на сочленовите, се повеќе ми станува јасно дека само со инвестиција, уредување и добар маркетинг, фудбалот во Македонија може да заживее.

Мртво е веќе одење на фудбал поради приврзаноста со клуб, пријатели навивачи и местото на живеење. Очигледно фудбалот во Македонија треба да се реорганизира темелно! Но не зборувам за реорганизација на форматот и прочешлување на ФФМ, според ова што до сега се зборува очигледно ќе треба и перцепцијата за фудбалот да се смени. Очигледно ќе треба некој систем каде за Вардар ќе може да навиваат и луѓе што не се од Скопје. Односно фудбалските екипи да се брендови (како што има навивачи од сите земји за Англиските тимови)... за ова да се случи ќе треба да има 10 екипи што ќе се врв и ќе бидат гледани како водечки екипи, златна десетка, каде секој од Македонија покрај својот локален клуб ќе може да навива и за нив без да има предрасуди.

Вака зборувам не дека ова е правилно или го посакувам, но мислам дека фудбалот и навивањето за фудбалските екипи се менува а со тоа и нашето гледиште треба да се смени. За да има посетеност и гледаност (дур по телевизори) ова мислам дека е единствено решение.

Верни и срдечни навивачи секако дека ќе има секогаш и истите ќе се намножат при малку-поквалитетен фудбал, ама тоа нема да е доволно да се одржува еден фудбалски тим. За тоа ќе треба повеќе.

Се надевам дека ова мое согледување е само резултат на моменталната состојба во Македонија и во Македонскиот фудбал... се надевам дека не сум во право.
--- надополнето: Jul 4, 2011 8:07 AM ---
На кратко ако ве мрзи да го читате ова горе:

Врати го шармот, ривалството и неизвесноста (преку создавање и одржување на еуфорија) на неколку дерби натпревари (традиционални или нови) и ќе се врати колку-толку фудбалот во Македонија.
 
Зашто бодрење на странски клубови, а не на домашни .. Хмм .. Ко прво во нашата земја моментално нема фудбалски клуб, ама баш фудбалски клуб. Ова кај нас е некој вид на не знам како да кажам, фудбалски организации кои се на работ за да опстојат. Како прво се нема пари, се нема услови за подигнување на квалитетот. Се нема место за да се игра фудбал. Јас како што гледам, освен филип втори во другите градови нема и некој стадион, тоа се некој вид на бавчи. Маалското игралиште на кое што играм е во подобра состојба. На некои ``стадиони`` наши нема ни седишта .. Играчите на Вардар минатава сезона немаа земено плата којзнае колку време .. Спортската опрема, дресовите, штуцните итн, играчите им ги носеле дома на мајките да им ги перат, да им ги чистат. И тоа ли е фудбалска лига, тоа ли е ? Треба да се вложи и во младинските категории, треба да се вложи секаде за да малце живне фудбалот кај нас ... А без добра лига, нема ни добра репрезентација .. Нема од каде да никнуваат играчи, и од клубовите директно да бидат повикани во репрезентацијата, туку ако се роди некој голем талент, одма бега и си ја бара среќата во странство, затоа што знае дека тука ништо нема да направи. А кога ќе ја видам и целава држава, дека све е срање, не знам зашто и спортот би цветал.

А колку само ќе беше добро да имавме добра лига, не мора од светски ранг, како премиер лигата, калчото и сл... Секој викенд одиш си го бодриш локалниот клуб, се организирате со другарите и навивачката група да одите во друг град, па дружби со други навивачи од други градови .. :(
 
Зашто бодрење на странски клубови, а не на домашни .. Хмм .. Ко прво во нашата земја моментално нема фудбалски клуб, ама баш фудбалски клуб. Ова кај нас е некој вид на не знам како да кажам, фудбалски организации кои се на работ за да опстојат. Како прво се нема пари, се нема услови за подигнување на квалитетот. Се нема место за да се игра фудбал. Јас како што гледам, освен филип втори во другите градови нема и некој стадион, тоа се некој вид на бавчи. Маалското игралиште на кое што играм е во подобра состојба. На некои ``стадиони`` наши нема ни седишта .. Играчите на Вардар минатава сезона немаа земено плата којзнае колку време .. Спортската опрема, дресовите, штуцните итн, играчите им ги носеле дома на мајките да им ги перат, да им ги чистат. И тоа ли е фудбалска лига, тоа ли е ? Треба да се вложи и во младинските категории, треба да се вложи секаде за да малце живне фудбалот кај нас ... А без добра лига, нема ни добра репрезентација .. Нема од каде да никнуваат играчи, и од клубовите директно да бидат повикани во репрезентацијата, туку ако се роди некој голем талент, одма бега и си ја бара среќата во странство, затоа што знае дека тука ништо нема да направи. А кога ќе ја видам и целава држава, дека све е срање, не знам зашто и спортот би цветал.

А колку само ќе беше добро да имавме добра лига, не мора од светски ранг, како премиер лигата, калчото и сл... Секој викенд одиш си го бодриш локалниот клуб, се организирате со другарите и навивачката група да одите во друг град, па дружби со други навивачи од други градови .. :([/quot

Нема кој не ми оди на НЕРВИ тука немало квалитет немало пари итн. преку глава ми дојдовте со ова
Само ова сакам да ве прашам сите како може АЛБАНЦИТЕ од Тетово кој навиваат за Шкендија која настапуваа во таа иста лига (која за вас очигледно не постои или е селска лига) ги има во толку голем број сигурно над 10000 по натпревар на домашен терен (дерби утакмица уште поголема бројка) и останати 10000 фанови и повеке кој даваат се за тој клуб кој поголем број од нив ги знам не ми спомнале никоја странска екпипа или Лига пред Шкендија и се присутни за нивниот клуб на СТАДИОН секоја УТАКМИЦА!!!
Самата бројка на гледаност кажува се не памтан на Филип II или некој друг стадион да има толкава бројка (на лигашка утакмица мислам) исти им се условите како на другите клубови и кога беа и втора лига го имаа скоро истиот просек по натпревар!!!!
Некој ке одговори на ова дека е Албанска екипа па заради тоа се во толкав број ама тука е и Ренова која има далеку помалку фанови беше и Милано тука пред некоја година Слога и други ЕКИПИ а ја немаа таа гледаност сега некој си мисли па имаат затоа што ја освоиле лигата ке потсетам и во втора лига беше истиот БРОЈ!!!!
Не велам дека тие 10000,30000 или 50000 фанови навиваат само за Шкендија и јас си имам некој клуб од странство кој го следам но на прво место е ДОМАШНИОТ ФУДБАЛ!!!
Ако не ви се допаѓа седи си дома пред ТВ и гледај си ги Јуве кој изгуби титула поради местенки и се пресели во СЕРИА Б гледајте си КАЛЧО со точен резултат хахаха не е само нашата лига во секоја имало местенки и ке има и ПОНАТАКА!!!
И малиот број на гледаноста на натпреварите е голем фактор за клубот и самата лига но вие седете дома и како што пишав гледајте Емполи Наполи кој немаат поим дека постои МАКЕДОНИЈА!!!
ЗАТОА НЕ МЕ ТРУЈТЕ СО ГЛУПОСТИ ЕДНОСТАВНО ОД+++И
 
Тресеш глупости .. Навивање, Шкендија, фанови, втора лига ... бла бла бла .. Се прашувам дали го прочита целосно мојот пост. Услови нема детеееееее, услови нема .. На што ќе гледам фудбал, на БАВЧИ ??? Каде е тука атрактивноста, што ќе ги привлече останатите кои не навиваат за ниеден клуб да почнат да гледаат мак фудбал ??
 
Тресеш глупости .. Навивање, Шкендија, фанови, втора лига ... бла бла бла .. Се прашувам дали го прочита целосно мојот пост. Услови нема детеееееее, услови нема .. На што ќе гледам фудбал, на БАВЧИ ??? Каде е тука атрактивноста, што ќе ги привлече останатите кои не навиваат за ниеден клуб да почнат да гледаат мак фудбал ??[/quote
Кој глупости бе Бугар!!!
Исти услови како за нас така за нив!!!
Се дури има вакви с======и никаде не одиме!!!
 
^^
Очигледно не знаете колку е моќен Хари, чим до Платини му е грб....

Еве и пак ќе прашам до сите изгледа го избегнувате прашањето.

Јасно е дека гледате странски фудбал ради квалитетот. Но зошто не живеете во другите држави каде што се е поквалитетно од Македонија ?

Одговорот ќе биде веројатно дека тука сте се родиле и ја сакате Македонија, ама ценете го и она што го има во Македонија. Единствена држава сме каде што се палиме на странски фудбал, а плукаме по домашниот... Немам ништо против следење на странски фудбал па и јас следам но барем домашна утакмица ретко пропуштам. Тоа ми е зборот ваљда сега капирате. :D

Блесав коментар. Ми се чини, у основно вака зборат. Дури и си го болдирал, ко да не е доволно глупо.
Демек, навивајте за странски клубови, ама живеете таму бе!

Одговорот ќе биде ваљда попаметен од прашањето твое, каде што ќе споменам дека живеам во Македонија, оти немам некој поголем избор, и пред да бидам нападнат од некои патриоти, само да напоменам дека сите вие патриотите, се боревте за слобода која треба да означува слобода, а не некоја проекција која вам ви одговара, Како што Бил Хикс го запали знамето на ЈУЕСЕЈ со одличен одговор на реакциите од јавноста со тоа „дека знамето означува слобода, а слобода е правото што тој го има да прави со знамето што сака“. Добро, за некои излоботомирани мозоци, тоа е многу нереално, ама во принцип - тоа е.

И да се навратам на твојава повраќаница.

Сакаш да пиеш Кока Кола? што не одиш во Атланта?
Сакаш да возиш „мечка“? Оди, живеј во Германија.
Сакаш да гледаш филмови? Оди во Калифорнија.

Мислам, дали ја осеќаш трулоста и глупоста на твоето прашање и на твоето напинање?
Сите ние што навиваме за „странска екипа“ треба да се чуствуваме како предавници, оти го отфрламе своето и пак, не одиме во странство каде со право (само таму) ќе можеме да навиваме за тимот за кој тврдиме дека го сакаме, ама од тука, Македонија.
Колку и да галамиш дека „немаш ништо против“ болдот те коси во старт. Им го пукаш у фаца на сите дека ако сакаат да гледаат квалитетен фудбал, треба да идат у странство. И дека, тие се криви што фудбалот е слаб, оти не одат на утакмици ко тебе.

Прво, ваљда тие барем знаат за кого навиаат. Познавам навиачи на Барселона, на кои ги заболе за друг клуб, без разлика дали бил македонски или јапански.

Второ, имаш аватар од еден „странец“ а не од Лазар Магдинчев. Ако сакаш аватар од „странец“, оди пери му и чисти му дома му, па побарај му дозвола за да го „носиш“ на аватар.
Крајот, е според твојата логика.
 
Blues 1919

Имаме исти услови ?? Со кој, со Србија, со Бугарија, со Турција или со Грчка ?? Дали ти воопшто си свесен колку се вложува во фудбалот во овие земји за разлика од кај нас .. И немој ти Бугар на мене, ебате тикварот ..

И научи да цитираш мислења. :tapp:
 
Јасно е дека постои фанатизам према странски клубови ама сечење вени стварно не разбирам што имаме допир да се осеќаме како енглези за пример и да паѓаме во транс за одреден клуб.
 
Јасно е дека постои фанатизам према странски клубови ама сечење вени стварно не разбирам што имаме допир да се осеќаме како енглези за пример и да паѓаме во транс за одреден клуб.

А сечењето вени за македонски клуб е нормална работа?!
 
А сечењето вени за македонски клуб е нормална работа?!
Ало не се бламирај жити се! Што си поврзан ти со странскиот тим пр. Јувентус ? Ти за твојата држава сечеш вени, а пола од вас коа ќе слушнат зурли, гајда и слично одма го користите терминот селска музика прост пример. Ништо што е Македонско не го цениме самите, а очекуваме да го ценат другите. Кажи ми што имаш допирна точка со странски клуб и зашто вреди да се сечат вени за тие, па да продолжиме. ;)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom