Па тоа и ти го кажувам, можеби лошо се изразив, но тука во Македонија играчите што имаат брзина се бројат на прсти. Па Бразилците, Португалците, и општо Црнците се познати по брзината, а кај нас и бразилците и црнците ја немаат таа брзина спори се едноставно. А, за законите верувај дека е до Хари него така му одговара остај ти Собрание....
Не зборувам за брзина, туку за кондиција. Или изразено преку атлетика, не спринт туку маратон. Играч кој и во прилично слабо темпо не можи да издржи појќе од 55 минути не е играч, туку парадер. Ако со толку кондиција се станва фудбалер, и јас можам да бидам фудбалер кај нас, 30 минути минимум ги издржувам, како голман можам и цели 90.
За законите, конкретно за фудбал веројатно е до Аралампие. Ама кога ќе има директива од највисоко ниво (шо би било Собрание на Р.М.) во вид на Закон за спорт, тогаш сите спортски федерации ќе имаат малку протресување, вклучувајќи ја и ФФМ.
Конкретно за ФФМ и сегашните челници, колку време се зборува како ништо од нив не чинело и мора да има смени? Па зар толку луѓе држи Хари в рака да не можи да има една здружена опозиција? Кај е Емил Божиновски? Тој беше авторитетен човек во фудбалов кај нас, зар толку немаше поддршка позади него? Или и зад него стоеше само некој бизнисмен кој единствена цел ја имаше раководната функција и прилично богатиот буџет на ФФМ, слично ко сегашниве, најголем број мои сограѓани?
Сегде фудбалов е голем бизнис, големи пари. И сегде се се врти околу тоа, па така и кај нас, јас то го разбирам и то не е проблем. Друг проблем е шо сегде професионалноста е голема и фудбалерите како професионалци даваат максимум за тоа шо се бара од нив. И како такви, најсилните клубови пружаат забава за гледачите. Јас на пример, и Челзи, можеби не можам да се наречам вистински фан пошто не сум таму во живо, можеби сум само симпатизер, ама јас после сите обврски преку работна недела, за викенд се релаксирам и забавувам со дуелите на Челзи пошто го сакам нивниот фудбал, а и клубот ми е при срце подолго време. Додека Победа, ох Победа, нема ништо забавно и релаксирачко во гледањето на играчиштето кое има кондиција на еден аматер (ко мене), истото то играчиште кое во една прилика на клупата за резерви си пиеше и пиво (некои прилепчани знаат за ова и ќе го препознаат, ама то е, непотребно се изреволтирав сега па нека стој и то).
--- надополнето: Jul 3, 2011 10:28 PM ---
Бодрење на странски клубови, затоа што странскиот фудбал е многу поквалитетен, но и подобар за разлика од овој кај нас. Треба многу труд и инвестирање во нашиот фудбал, за да се искачи на повисоко ниво. Секако дека има и овдека квалитетни играчи со голем потенцијал, но како што наведов погоре, потребни се многу инвестиции.
Квалитетни играчи нема, само потенцијал има. Ама без инвестиции и професионализам, џабе.
И после инвестициите, мак-фудбал и мак-клуб можи да опстојува само од продавање играчи и давање предност на младинските школи за да можи да вади играчи и скапо да ги продава надвор.
Шо би значело дека еден мак-клуб треба да инвестира прво во тренери, па во младински школи. Странски играчи - само еден до двајца. Инаку и инвестиции џабе се, некој третокласен србин или ш-класен бразилец не вреди да го донесиш овде ако немаш своја младинска основа.