Summer job во Seavus?

  • Креатор на темата Креатор на темата jupi
  • Време на започнување Време на започнување
Не знам дали постирам во океј тема, ама оваа ја гледам како генерална дискусија за Seavus. Сакав да прашам, колку се ценети курсевите од Seavus во Македонија?
 
Сакав да прашам, колку се ценети курсевите од Seavus во Македонија?

Seavus ја има купено Александрија, што на времето беше една од најдобрите школи за ИТ курсеви (по мое лично мислење). Само не знам дали и сега е останат ист стандардот, ако е, тогаш диплома од ваков курс е доста ценета и кај нас и на страна.
 
Александрија, Семос Едукација, "Држам часови по AutoCAD" и така натаму, држат само курсеви од специфични области.
Завршен курс може, а може и да не биде ценет од страна на работодавец кога аплицираш за работа.
Нивните „дипломи“ не се дипломи - не се акредитирани, работат по своја сопствена програма, која што иако можеби е поддржана од спонзор компаниите, академски нема никаква вредност и воопшто не ти ја менува титулата.
Не велам дека не е корисно, велам дека не е глобално акредитирано, т.е. како што реков, дека таа „диплома“ - не е диплома.
 
Последно уредено:
Не велам дека не е корисно, велам дека не е глобално акредитирано, т.е. дека таа „диплома“ - не е диплома.

Сакаш да кажеш дека CCNA, CCNP, MCPD, MCSD... не важат глобално? Дај друже не зезај, тие и во Бурунди да ги земеш ќе ти важат во цел свет.
 
Важат секаде, дури и повеќе врати отвораат отколку диплома од факс.
 
Сакаш да кажеш дека CCNA, CCNP, MCPD, MCSD... не важат глобално? Дај друже не зезај, тие и во Бурунди да ги земеш ќе ти важат во цел свет.
Он сака да ти каже дека не важат за на државно :)
Инаку треба да се види дали курсот што се предава во Сеавус е акредитиран од компанијата што ја произведува технологијата т.е самите компании, како Оракле, Микрософт, Аутодеск и слични имаат свои тестови и даваат лиценци за да се слуша/полага тој испит и добиваш сертификат, бидејќи може и самиот Сеавус да држи курсеви што сам ги има направено.
 
Завршен курс не значи по автоматизам и стекнување со некој од наведените сертификати (CCNA, MCP, ...). Точно е дека самиот курс нема никаква тежина, но тоа важи за сите курсеви па и оние во Лондон, Берлин, ... Бурунди, а не само за нашите.
Тежина носи положениот испит на глобално признатите сервиси за полагање, но од друга страна тие може да се полагаат и без претходно посетување на курс.[DOUBLEPOST=1430677739][/DOUBLEPOST]
Он сака да ти каже дека не важат за на државно :)
Инаку треба да се види дали курсот што се предава во Сеавус е акредитиран од компанијата што ја произведува технологијата т.е самите компании, како Оракле, Микрософт, Аутодеск и слични имаат свои тестови и даваат лиценци за да се слуша/полага тој испит и добиваш сертификат, бидејќи може и самиот Сеавус да држи курсеви што сам ги има направено.

Кој сака нека ги акредитира, ако на крај (или пак без курс) не се полага испитот, нема од тоа никакво фајде. Никој не дава лиценци за слушање/посетување туку само за положен испит.
 
Сакаш да кажеш дека CCNA, CCNP, MCPD, MCSD... не важат глобално? Дај друже не зезај, тие и во Бурунди да ги земеш ќе ти важат во цел свет.
Важат на ограничено време воглавно во фирмите каде што се користи Cisco опрема, или барем помодарски (море пост-модарски) се следи Cisco брендот.
Доколку некој ги има тоа не ја менува неговата академска титула.
Значи корисни се, но ако се користат како надградба врз основата, а основата е титула од признат универзитет.

Наредно, некој можеби ќе коментира во следнава конотација:
"Сотир без факултет е 1337 хаксор со ЦЦНА и работи во Рендешо."
Што правиме кога Рендешо ќе рикне, или поверојатно од развојни бизнис/менаџмент причини по неколку години ќе го шутнат Сотир за некој со вистинска титула? Безразлика кој знае практично повеќе.
Тогаш Сотир ќе биде стар, без факултет и ќе може слободно да се пријави за монтер во локалниот кабелски оператор, ако воопшто успее и во тоа, пошто и таму ќе има официјално поквалификувата млада конкуренција.

*Сотир е фиктивен карактер, секоја негова сличност со вистински луѓе е статистички предвидена.

Во случајов не сум против - значи се, ама со ред.
Не се залажувајте, терајте си стабилна и сигурна едукација, не скокајте чекори, се во свое време.
 
Последно уредено:
Прашањето беше „колку се ценети курсевите од Seavus во Македонија“, а не дали вреди повеќе да имаш ИТ факултет или некој од овие курсеви. Следно е да продолжиме муабет дали државен факултет или приватен, па после дали УКИМ или УГД, и на крај како во секоја тема да завршиме со Хитлер и Евреите.

@pLaToOn, откако ќе ислушаш ти овозможуваат да ги полагаш за сертификат/диплома и најчесто и ваучери со попусти даваат (пример за ЦЦНА даваа 70% за полагање со VUE). Да, можно е само да полагаш без да мора да слушаш, ама работа на симулатор и на физички рутер/свич се две различни искуства, па така директно полагаат оние кои веќе имаат работно искуство со опремата, на кои им треба само сертификација на веќе стекнатото искуство.
 
Не знам дали постирам во океј тема, ама оваа ја гледам како генерална дискусија за Seavus. Сакав да прашам, колку се ценети курсевите од Seavus во Македонија?
Целата таа градба наречена Seavus е изрекламирана, со напумпани цени. А квалитетот не е ништо подобар од Semos, напротив во Semos повеќе ќе научиш и подобар однос имааат кон студент, и повеќе попусти даваат.
 
Ти и на двете места посетуваше курсеви па ова го заклучи?

Сертификатот е ценет и е голем плус ако го имате. А за споредбите помеѓу Александрија-Семос и сертификат-диплома мислам дека пишувавме во друга тема.

И не ги сфаќам овие што слушаат еден дел од CCNA и се откажуваат.
Или се или не почнувај. :D[DOUBLEPOST=1430735969][/DOUBLEPOST]И правете разлика меѓу сертификатите. За првиот што е доделен од Сивус никогаш не би дал пари за да го имам. :toe:

unnamed.jpg Untitled.jpg
 
Последно уредено:
Во Семос нудат 10 дневен Java курс по цена од 600 евра ( со стипендија ). Сакам да прашам дали се нормални?
 
Во Семос нудат 10 дневен Java курс по цена од 600 евра ( со стипендија ). Сакам да прашам дали се нормални?
Колку што ги гледам на нивната страна, тоа се официјални курсеви од Oracle и тие не одлучуваат за цените, тие се само тренинг центар.
Ако се нивни т.е тие самите да ги креирале курсевите тогаш да дали се нормални
 
Треба да одам со Сивус на тестирање за .нет, ми рекоја писмено ќе било. Имате бидено некој досега, како оди таа работа?
 
Општа плата за програмер јуниор нема шанси да е помала од 350 евра или некој со добар факултет (финки,феит...)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom