Повеќе е прашање на истурање сол врз отворена рана од страна на емигрантите.
Ништо не се лекува со критики врз општеството вакво какво што е, или треба да се бара решение или нека си ги гледаат сопствените дворови таму каде што пуштиле корени.
Кога веќе критикуваат, нека повелат нека предложат решенија за проблемите, и нека превземат некакви конкретни чекори кон спроведување на таквите решенија.
Во најмала рака можат да свратат на неколку денови кога се одржуваат избори и нека повелат нека гласаат на избори, нека поминат еднаш на 10 години кога се одржува попис. Рамковнистите не жалат ниту време, ниту пари кога доаѓаат буквално во конвои секој пат кога се одржуваат избори или попис.
Нека не се залажуваат за да инвестираат во нашиов бунар без дно, освен ако се мазохисти и планираат да прокоцкаат се` што заработиле и заштедиле во странство.
Убаво е да ја сакаат родната татковина и да посакуваат се` и сешто убаво што откриле во странство да стане реалност и во родната татковина, но едно се добрите желби и намери, а друго е реалноста која ја живееме.
Да се потсетиме: патот кон пеколот е трасиран со добри намери, одличен пример за ова е секој Македонец/секоја Македонка кој(а) отворил(а) свој бизнис во Македонија за да го затвори истиот за помалку од 100 (СТО) дена подоцна по заслуга на инспекциите, даноците, казните, локалните рекетари и сите останати гнаси и гнасотилаци кои од поодамна станаа норма во ова наше општество.