Да си прашам јас дури сум тука, што ми гарантира мене после потрошената сума која што сигурно не е мала од моите тешко заработени пари и годините од мојот живот посветени на оваа едукација дека ќе бидам успешен менаџер?
Гаранцијата можеш да си ја дадеш само самиот ти. Никој освен тебе не може да те направи добар профсионален менаџер.
Тоа што БАС може да ти го гарантира се три години искуствена практична настава (студии на случаи) во Академијата и над 100 дена пракса помината во македонски организации - партнери на БАС - во кои ќе имаш повеќе од 100 прилики да покажеш дека тоа што го знаеш умееш и да го примениш.
Парите не се мали, точно, но се далеку помалку од трошоците на останатите универзитетски студии по менаџмент во земјава.
Стандардната цена е 183EUR месечно со АПСОЛУТНО СИТЕ трошоци вклучени. И дипломата е тука.
Додека на научни студии по менаџмент (факултет) учиш теорија на менаџмент - овде учиш менаџерски вештини: планирање, организација на работа, водство, мотивација, контрола, акционо планирање... Практични студии за стекнување на
менаџерски компетенции.
Затоа се викаат
професионални студии по менаџмент.
--- надополнето ---
Благодарам.
Може едно појаснување на ова?
Малку двосмислено ми стои вака кога го читам.
Практично ориентирани студии значат следново:
Постојат 2 вида високо образование -
професионално и
научно. Првото се студии од типот архитектура, право, бизнис менаџмент (БАС), медицина, ветерина... Нивната намера е професионализација на студентите. Целта на овие студии е да ги нашрави своите дипломанти
вработливи - да ги подготват да
умеат да си ја работат професијата.
Целта на научните студии (тнр. факултети) е да ги подготват своите дипломанти за наставно-научна работа - да ги подготват да си ја
знаат науката.
БАС е Висока професионална школа и студиите се изведуваат според принципите на Харвардската бизнис школа - исклучиво се работи на студии на случаи од македонското деловно секојдневие. Се работи во мали групи од по 18 студенти. Секој ден е посебен предмет и наставата е организирана во обучувачки денови. Методологијата на работа е искуствена. Секој ден се минува низ 5 чекори.
1. Илустративен пример (Студија на случај #1)
2. Академски инпут (презентација на концептите за тој ден)
3. Проблем (Студија на случај #2) - работа во групи по 6 студенти
4. Презентација на решението и одбрана (секоја од 3-те групи)
5. Осврт и синтеза на наученото.
Секоја недела, еден ден неделно се поди на пракса во партнерските организации каде се врзува практичната настава со фактичката пракса.
3 години, 1/5 пракса + 4/5 практична настава. Комплетно практично ориентирани студии, какви што и треба да се професионалните студии по менаџмент.
Менаџментот е занает. Тоа е професија за која треба да се развијат
вештини за управување.
Тоа се прави на БАС.