Game of Thrones

  • Креатор на темата Креатор на темата RiseAgainst
  • Време на започнување Време на започнување
Конечно некоја серија што ми го привлече вниманието.
Моја препорака да се гледа.
 
За тие што сакаат македонски превод има солиден превод на:

www.Titlovi.com
http://www.podnapisi.net/
http://www.prijevodi-online.org/

Се надевам дека ќе ги задоволи вашите вкусови.
Доколку имате замерки за преводот слободно "плукајте".
 
Една од најдобрите серии што ја имам видено, квалитетот на продукцијата е на ниво на Господарот на Прстените иако е телевизиска серија. На врв на тоа има многу добра глума, музика и локациите се многу добро доловени.
п.с. Серијата ДЕФИНИТИВНО не е за под 18 години.
п.п.с. Толку е успешна што веќе е нарачана и втора сезона, а освен ако не се случи нешто неочекувано, најверојатно ќе има пет сезони (по една сезона за една книга)

Мала корекција, треба да има седум сезони бидејќи серијалот треба да има седум книги, петтиот дел треба да излезе ова лето, а останатите понатаму.

Јас досега ги гледав првите две епизоди и доста сум задоволен иако има некои работи што се направени малку поинаку од книгата, освен некои мали замерки мислам дека серијалот е еден од најдобрите во моментов.
 
У курац, се воздржував да не почнам со серијава, али неможев... добар старт нема шо, квалитетот се распознава од одма него јас мислам дека не ќе трае више од 3 сезони.

Боромир се внесе у рољата, само за кралот Роберт не требало да вметнат таков карактер.


не памтам дали имало по рекламирана и форсирана серија во МК досеа.
 
А што демек и за серијава излезе превод ?


Јас самоволно ги преведив за моја душа па ако доколку сака некој кој не гледа преку сателитска HBO или преку MAXTV да го гледа со превод
 
У курац, се воздржував да не почнам со серијава, али неможев... добар старт нема шо, квалитетот се распознава од одма него јас мислам дека не ќе трае више од 3 сезони.

Боромир се внесе у рољата, само за кралот Роберт не требало да вметнат таков карактер.


не памтам дали имало по рекламирана и форсирана серија во МК досеа.

Баш е топ ликот на Роберт и актерот е доста добар.
 
Наредна епизода односно третата епизода од првата сезона треба да излезе на втори мај
 
Значи гледање на серија на TV нема шанси, компјутер/монитор многу подобра опција, да можеш да си паузираш на раат и слично.
 
Значи гледање на серија на TV нема шанси, компјутер/монитор многу подобра опција, да можеш да си паузираш на раат и слично.
Јас пак си планирав да ја чекам на HBO On Demand, цела сезона на раат да ја изгледам кога ќе завршам со испити и слично, ама гледам сите веќе почнавте да ја гледате па не ќе можам ни самиот да се воздржам:toe:
Најверојатно првата и втората епизода ќе си ги симнам на компјутер а после ќе продолжам да ја следам редовно на HBO :wink:
 
EPIC!

Изгледав 2-те епизоди во 720p серијава е одлична, големо освежување, со прекрасно оформени карактери дури после само 2 епизоди, HBO.... :cuc:
 
Одлична серија,одлично сценарио,фотографија,ликови,се во пакет!!
Не е воопшто здодевна,секоја сцена е интересна и наговестува се поинтересен развој на настаните! Ми се свиѓа тоа што се разработени голем број на карактери,локации и случувања!
Не се задржуваат на една сцена или дел предолго , него посветено е таман време , не се одвиваат ни бребрзо ни преспоро настаните!
Измислено кралство,витези,кралеви и кралици,племиња,голотија,предавство,епик борби,неверојатни предели,добра музика и што ли уште не чека :vozbud:

Иако се смета дека серијава е убаво прикажана како во книгата,обавезно ќе ги прочитам!

Втори Мај,трета епизода! Едвај чекам!
 
Ја има веќе третата епизода на замунда.
Вчера вечерта е била премиерата во Америка.
Даунлоадинг енд вејтинг ....
 
Серијава е епска нема шо. Само што ја излгедав трета епизода, сеуште продолжуваат како што почнаа :duel:

Иначе за тие што сакаат да ги прочитаат книгите (првите 4), на амазон има СУПЕР понуда.

Еве линк

Вкупно со поштарина кошта 1150 денари (4 книги, поевтино здравје).
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom