Се намалува невработеноста, 30,9% невработени

  • Креатор на темата Креатор на темата THE_CHOSEN_ONE
  • Време на започнување Време на започнување

THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.735
Поени од реакции
1.340
Се намалува невработеноста. Државната статистика објави дека во 2010-та се вработиле за 3,6% повеќе отколку истиот период во 2009-та.

bbvrrrbb_50702.jpg


Со тоа процентот на невработени падна на 30,9%.

Преработувачката индустрија и земјоделството се двете гранки кои вработуваат најмногу кадри. Над 100 илјади лица пак, работат во трговијата.

Податоците на Агенцијата за вработување велат дека од невработените 22 лица се доктори на науки, 314 магистри, повеќе од 2.000 со високо и околу 80.000 со средно образование.

Жените имаа повеќе среќа да најдат работа. Статисиката покажува дека има повеќе невработени мажи отколку жени.


Шуќур, конечно една добра вест.

images


348790-11222-17.jpg
 
искрено ме радува веста што се повеќе се вработува народов
 
Што се радувате... сеуште сме убедливо најневработена нација во Европа.
 
Kade? Vo drzavna administracija? lol pa tie se na tovar od stopanstvoto, ushte polosa situacija, baska tie 3% se stari luge sto gi zapisaa na fakultet kolku da se trgnat od spisok na nevraboteni, luge so izbegaa od drzavava, vraboteni vo drzavna administracija i kolku tolku procisten spisok od umreni i nepostoecki luge.
 
И јас многу се израдував од веста, дури и се наежив од среќа ...
 
Што се радувате... сеуште сме убедливо најневработена нација во Европа.

Ми го зема зборот. Египет имаа испод 10% невработеност пред да настане револуцијата. Па дури и за време за Големата депресија, во Америка невработеноста на изнесувала повеќе од 25%. Ние контуниурано, дваесет години уназад имаме преку 30% невработеност и се фалиме дека сме направиле прогрес пошто сме симнале еден мизерен процент.
 
Дома > Македонија
prazno.gif
Хорор во Чичино село

Христена Антовска Јованчева Коментари (8)
prazno.gif
prazno.gif
07.11.2010 18:54
cicino-selo-beda.jpg
„Камп на ужасот“, вака ги објаснуваат условите во кои живеат внатрешно раселените и социјални случаи од Чичино село. Студ, глад и беда се нивното секојдневие.
Без никакви основни животни услови велат во бараките има повеќе глувци и лебарки отколку луѓе.
Половината од сместените во реадаптираното детско одморалиште се разболеле од храната која велат им ја даваат жива.
Од студот се штитат со најлони и картони, ќебиња велат не им даваат. Седумчлено семејство е сместено во една соба на одморалиштето. Делеле едвај три кревети.
„Има бубачки внатре. Имам пет деца, не можат да спијат по цела ноќ и храната е многу слаба тука. Ако готват компири не ги готват како што треба, компирите се живи“, вели жител на село Чичино.
cicino-selo-beda1.jpg
На екипата на А1 не и беше дозволено да влезе во кампот бидејќи не сме ги поседувале потребните дозволи за снимање.
Но, кога се обидовме надвор од имотот на прифатилиштето да ги снимаме сведочењата на луѓето кои живеат тука бевме нападнати од вработените.
Со закани дека ќе ја демолираат нашата опрема се обидуваа да не спречат да ги снимаме сведочењата на луѓето.
„Се плашат да покажат што има внатре. Живееме како да сме во Африка.
Социјални случаи и раселени лица сместени во Чичино село за А1 пред половина година сведочеа дека секојдневно трпат и малтретирање од страна на локалните жители.
Под закана за живот ги терале да работат по нивите буквално како робови. Сето тоа тврдеа пред очите на управата и вработените кои не превземале ништо.
Жителите се уште тврдат дека се мета на грабежи.
„Тука е веќе за никаде“, вели жител на Чичино село.
Според жителите на Чичино село се уште живеат во катастрофални услови. Од тогаш наваму не е ништо подобрено и покрај нивните постојани апели.
 
HappyPeople.JPG


Конечно отвориле кинеска фабрика за 37.000 души за само една година. Сега да видам нека зборат лошо а1 и сител

Само напред, бравос, лајк, економско чудо
 
Ги вратија ромите азиланти од Европа.Пак сме на исто..
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom