Србите имаат неколку добри играчи и тоа е тоа.Вредат Вујин и Илиќ,двајцата се шутери.Додека ги служи шутот од далеку ќе се држат,кога тоа ќе го нема крај.Одбраната не е добра,во напад им фали креатор на играта немаат среден бек кој ќе ги разигрува.Крилата се просечни,голманите исто.Шанса на Србија да тепа некоја екипа од врвот како што вечерва беше Данска им е само ако шутерите цела утакмица ја играат на ниво и голманите имаат свој ден.Данците реално појаки се.Од играчите што ги гледав денес тој Хансен им е страшен играч и имаат добар голман.Крилото лево го заборавив тој стариот како се вика исто добро игра.
Австралија се смешки,не е ни чудо што изгубија толку разлика.Аматерска екипа која сама си го плати патот до Шведска,а чиј капитен земал од работа годишен одмор.Им имграат неколку балканци кои додека живееле тука играле ракомет во средно.Единствено имаат еден играч игра во втора бундеслига,десно крило,но бидејќи им фалат играчи игра десен бек.Десен бек со 177 цм висина им игра.Хрватска се гледаше дека игра со пола сила и пак во второ полувреме беа доста подобри него во првото.Муса,младиот пикер кој е најголемиот човек кој го имам видено во живо(не до толку во висина,иаку е двометраш колку што е широк) изигра добро и беше играч на утакмицата.Резервите си добија шанса и си ја искористија.
Алжир - Романија........15-14.........катастрофа.Не ја гледав,но резултатот кажува се.Алжирците играле 3-3 одбрана сигурно.Претпоставувам дека Стамате не можел да дојде до шут,а Алжирците офанзивно не се многу јаки,па ни тие не дале многу голови.
Јапонија,уште една егзотична репрезентација не е ни чудо што Исланд која е врвна екипа ги среди вака денес.Словаците изгубија од Аргенитина.Аргентицните играат одлично и се позитивно изнеданување на ова СП,за разлика од Словачка.
Шпанија - Германија не ја гледав,но победата на Шпанија не ме изненадува.Германците се солидни,но ништо повеќе од тоа.