- Член од
- 24 јуни 2008
- Мислења
- 1.705
- Поени од реакции
- 75
Кој е твојот извор на егзистенција, ме интересира? Како знак, на добра волја, јас ќе кажам за себе - ме финансираат родителите (кои не се партиски вработени во администрација, туку со труд си го вадат лебот) - не е за фалење, но се надевам дека во скоро време ќе дипломирам, па ќе можам сам да заработувам (и тоа е неизвесно кај нас, но друг е муабетот сега).
И како потпрашање - дали си осетил на себе што е „гладно стомаче“?
Е сега ме расплака!
Јас некаде од 20годишна возраст сам заработувам, едно 4 години сум едно 100% самостоен, па колку можам си го помагам и смејеството, на пример студиите на сестра ми, привремната невработеност на родителите, нередовната плата по некогаш и тн... Не не знам што е тоа гладно стомаче, оти си работам, а ако наводниците во кои си го ставил стомачето значат: BMW во гаражата, вила на Маврово, стан во Охрид и тн...тогаш, ДА, гладен сум цел живот.
Не ти мислам или посакувам лошо, ама ако не го промениш гледиштето на животот и твоето однесување, факултетот нема многу да ти помогне во твоите соништа за иднината!
And for future references... Не мешај баби и жаби, гледај да останеш фокусиран на темата без да мешаш лични проблеми, посебно не на јавни места. Сметај го ова како исклучок за да ти докажам дека твоето расудување е неосновано и невкусно.