Сакам да студирам на приватен, но немам пари...

  • Креатор на темата Креатор на темата |Volkswagen|
  • Време на започнување Време на започнување
Нема да се помирам дур не истражам се! :))

Ако најдам некој одма ви пишувам. Иначе и оваа идејава дали постои што ви кажав. Пример сеа се запишувам, па плаќам откако ќе се вработам, со договор со сите работи...

Има некој од приватните да го нуди тоа?!!
Јас колку што знам нема таков кредит.

Има од тие кредитите што се даваат по 2000 и нешто денари, заедно со стипендиите, ама се даваат после прва година во зависност од тоа дали имаш просек, или не.

Е сега, имаше некои студентски кредити од банки (пред 2-3 години земав јас), ама и тие беа многу мали (до кај 1000 евра максимум), така да, мислам дека и тоа не брка работа. Дали се има сменето во последните 2-3 години нешто за овие кредити не знам.
 
Системот „учи па плати“ од оваа година го има и во Македонија - ако не сме USA.
БАС од оваа академска година почна со долгопланираниот „БАС студентски кредит“ токму по теркот на америчкиот високообразовен систем.
Со нотарски договор, без банки и жиранти, добиваш студентски кредит, студираш, се вработуваш, па дури тогаш почнуваш да го враќаш кредитот. Со лично свои пари - не од мама, тато, баба, вујче... па така, кој сака стварно да студира, наместо да тепа 3-4 години како студент на „некој факултет“, па да види после што-како, нека повели.
Понудата можете да ја ѕирнете тука: www.bas.edu.mk
Да не каже некој после, нема кај нас „учи па плати“ ;)

Нема *-и. Нема финти.

Станува збор за извршен нотарски договор. Кога ќе се вработиш за првпат, имаш обврска да го враќаш - на 2, 5 10 години - како си се договорил. Додека не се вработиш не отплаќаш ништо. Не ти тече камата. Никој не те глави.

Ова не е ништо ново. Во САД постои повеќе од 100 години.

Јас колку што знам нема таков кредит.

Има од тие кредитите што се даваат по 2000 и нешто денари, заедно со стипендиите, ама се даваат после прва година во зависност од тоа дали имаш просек, или не.

Е сега, имаше некои студентски кредити од банки (пред 2-3 години земав јас), ама и тие беа многу мали (до кај 1000 евра максимум), така да, мислам дека и тоа не брка работа. Дали се има сменето во последните 2-3 години нешто за овие кредити не знам.

Има веќе, па ако сте потенцијални студенти за бизнис имате најдобро решение...
 
у секој случај добро е што некој пуштил нога и превземал таков чекор, се надевам и другиве факултети ќе го следат примерот од БАС, но пред се мислам дека и државата треба да направи нешто такво, кога тоа би било како опција на државните факултети, сигурно ќе го применуваат и приватните.

Ако е научна фантастика за нас, во Шведска, државата им дава на матурантите ваучер за високо образование. Сеа ти сакаш запиши се на државен, сакаш на приватен, у UK или Тунгузија, они плаќаат, а ти бираш. Ќе биде интересно да се види каде нашиве матуранти ќе се постројат со свидетелствата ако им текне на Влада да направи нешто вака... Само пасоши да не им дава :)
 
Има веќе, па ако сте потенцијални студенти за бизнис имате најдобро решение...
Да, сега прочитав, сум ја промашил втората страна, по првото читање :)

Инаку,,, супер ако е така е поприлично остварлива оваа варијанта. Сега, готово на тацна никаде нема, секаде мора да се трудиш и мачиш, ама 50% од трошокот да не го плаќаш не е малку.

Потенцијален студент би можел да бидам повторно од наредната година здравје. Ако излезат во пресрет на студентите и од другите факултети, па зошто да не и да запишам втор факултет. :)
 
Ако е научна фантастика за нас, во Шведска, државата им дава на матурантите ваучер за високо образование. Сеа ти сакаш запиши се на државен, сакаш на приватен, у UK или Тунгузија, они плаќаат, а ти бираш. Ќе биде интересно да се види каде нашиве матуранти ќе се постројат со свидетелствата ако им текне на Влада да направи нешто вака... Само пасоши да не им дава :)

хахах не зезај сеа и ти, ако немаш пари за факултет и чекаш од државата, нема и да имаш и надвор да идеш :)
е доколку веќе се наоѓа бесплатно сместување и слично... македонија ке биде земја со популација од 35 па нагоре :) огромен пензионерски дом на балканот
 
На секој факултет има по некои професори што не ни се баш по кеф од различни причини. Но сепак ако си редовен студент и ако си ги вршиш работите на време нема да имаш проблеми. Јас сум на УГД што е прилично нов, но како и во секој факултет има некои пропусти од кои не сме задоволни. На крајот на краиштата (барем според мене) на државен се стекнуваш со поквалитетно знаење, отколку на приватен.
Баби и жаби.
Ако си посветен/а, тогаш и сам/а дома да си учиш - ќе научиш повеќе од просечниот студент - без оглед дали тој/таа студира на приватен или на државен.
Затоа и не ми е најјасен второболдираниот дел. Јас би рекол нешто вака: „Со поквалитетно знаење се стекнуваш онаму каде си повеќе мотивиран/а да студираш.“
 
Види вака за секој факултет неможеш сам дома да учиш. Кога ти сам ќе научиш јазик (значи зборувам комплетно да научиш еден јазик) дојди и кажи ми да ти честитам. За вториот дел што си го означил си реков свое мислење и си стојам на тоа. На приватен секако знаеш дека ќе го завршиш (па најверојатно како поголем број од студинтите на приватен ќе учиш површно, значи не зборувам за сите зборувам за добар дел од нив), за разлика од државен каде се е оставено на тебе.
 
Види што се случува со високото образование во светот. Се` повеќе универзитети се вртат кон distant образование. Се` што се учи на општествени насоки можеш да го научиш од комоцијата на својот дом неколку пати поефтино (и многу, многу побрзо) отколку да студираш редовно.

Да бидеме коректни до крај, не би рекол дека медицина би можела да научиш од книга (или од екран), но повеќето од останатите факсови (технички, исто така) со силна воља, јасна намера и broadband интернет - можеш! На крајот, единственото нешто што факултетот го прави факултет, нели, е професорот што ти стои и предава у амфитеатар. А тоа веќе го имаш на Јутјуб.

Инаку, јазиците не се учат на факултет - се учат на улица, со луѓе и со зборување. Јас, еве, прво (комплетно) научив еден јазик, па после го запишав соодветниот факултет за да си добијам диплома за тоа. Понатаму, најполиглотите од афричките субсахарни номадски племиња познати по говорење десетици различни јазици никогаш не студирале на филолошки.

Назад на цитатот, јас, искрено, не сум студирал на приватен, ама работам на таков. Разликата меѓу овие два вида на високо образование во земја како што е нашава е голема како Големиот кањон. Вниманието посветено на студентот, просторно-техничките услови, ажурираноста на наставната програма и расположливата литература едноставно не можеш да ги споредуваш со оние на државните. Професорите се, горе-долу, тие, пошто речиси сите или сеуште предаваат или биле создадени на некој од 3-те стари универзитети. Разликата е во тоа што кога истиот професор е на приватен, тогаш е „клиентски ориентиран“, а кога е на државен неговиот однос е како на „трговец поединец“ или „јавен службеник“. Секоја чест на исклучоците.
 
На штулов даваат стипендии ако имаш неврабтен родител, доколку никој од семејството(мајка, татко) не поседува имот, куќа, стан, кола на негово име. Даваат стипендија(попуст) окулу 50% е сега ова важи за оние што се запишуваат прва година не важи ако се префрлиш од некој факултет и услов е за и наредната година да го имаш истиот попуст да имаш просек 8-8,5. После можеш да работиш во кругот на факултет и имаше уште неколку можности не е лошо да ги посетиш на информации се ќе ти објаснат, јас планирам да се префрлам тамо.
 
Добро му текнало на БАС, поготово што младите воглавно немаат, а постарите...кубурат. Конкуренцијата ваљда со време ќе си го направи своето да се нудат вакви и слични услови.
 
Ете БАС имало! Супер, конечно мрднуваат работите!

I am going ...who is with me? :D
 
А колку е партиципација за БАС?

Незнаете колку ми е криво што озбилно не ја разгледав опцијата БАС. Оваа академија изврши анкета кај повеќето средни училишта во Македонија и на еден анкетен лист одговараш на прашањата и според некој клуч ти препорачуваат за што треба да се ориентираш понатака што да учиш на факултет... Пошто завршив јас во Борис и некако резултатот што го добив прво по писмен пат ми изгледаше како да целта им е да не придобијат нас од економското и имаше наведено дека треба да се продолжам на нешто менаџмент бизнис ... прво ми изгледаше интересно но после стигна уште едно писмо демек ние мислиме на вас па почпнаа по меил да напињаат и просто македонското во мене проработе... мислата : Чим овие напињаат сакаат да ме заебат нешто :)
Она што највеќе ме предомисли беше болдираното:
Од М.О.К.У. тестирањето знаеме дека учениците од Васил Антевски – Дрен се идните менаџери во најуспешните компании во Македонија.

Сега глупо ми е што не ја знаев оваа понуда за студирај па плати и стварно изгледа примамливо...

Ме интересира колку изнесува партиципацијата ?
 
А колку е партиципација за БАС?

Незнаете колку ми е криво што озбилно не ја разгледав опцијата БАС. Оваа академија изврши анкета кај повеќето средни училишта во Македонија и на еден анкетен лист одговараш на прашањата и според некој клуч ти препорачуваат за што треба да се ориентираш понатака што да учиш на факултет... Пошто завршив јас во Борис и некако резултатот што го добив прво по писмен пат ми изгледаше како да целта им е да не придобијат нас од економското и имаше наведено дека треба да се продолжам на нешто менаџмент бизнис ... прво ми изгледаше интересно но после стигна уште едно писмо демек ние мислиме на вас па почпнаа по меил да напињаат и просто македонското во мене проработе... мислата : Чим овие напињаат сакаат да ме заебат нешто :)
Она што највеќе ме предомисли беше болдираното:

Сега глупо ми е што не ја знаев оваа понуда за студирај па плати и стварно изгледа примамливо...

Ме интересира колку изнесува партиципацијата ?

Партиципацијата е 50% од школарината или, на месечно ниво, нешто помалку од 5000 денари.
Имај на ум дека во цената на студиите е вклучено АПСОЛУТНО се` во врска со студииите (материјали, испити, администрација...) ...освен автобуската карта до и од Академијата и до и од Партнерските фирми каде се изведува праксата.
Кредитот почнуваш да го отплаќаш дури откога ќе го добиеш првото вработување. Дотогаш имаш grace period во кој не се пресметува/наплаќа никаква камата. Откога ќе се вработиш, одлучуваш на колку години ќе го враќаш (зависно од платата, нели). Пресметките се од некаде 30еур/месец, па нагоре, зависно од планот за враќање, кој го одбираш самиот.

Знам дека нашиов народ не е навикнат на ваков третман. Сосем ми е јасно дека постои перцепција за превара или некаква местенка секогаш кога некој ќе спомне кредит. Сите викаат: „мора да има ситни букви“ - НЕМА ситни букви!

Во оваа понуда не е вклучена ниту една банка. Нема потреба од жиранти/гаранти, депозити или трети лица, затоа што договорот (извршен нотарски) е помеѓу тебе лично и Академијата, како деловен субјект.

БАС е уверена дека во трите години студии ќе создаде за тебе лично доволно деловни ситуации (пракса по фирми во текот на целата година и феријална пракса во текот на летото) каде ти уште како студент ќе можеш да се „продадеш“ како добар извршител/шеф/комерцијалист и ќе добиеш понуди за вработување додека сеуште студираш или доволно брзо по дипломирањето. Затоа и си дозволува да излезе со еден ваков, очигледно за повеќето овде, „непристоен“ предлог за приватно студирање - УЧИ, ПА ПЛАТИ, како што некој погоре веќе го крсти концептот.

...аха, и ИЧ да не ти е криво што не си ја разгледал понудата... за се` има поправен ;)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom