Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Искрено сакав некој од ПСЖ и Дортмунд. И они не се нешто посебно, 50-50 се шансите, ако се консолидираме до тогаш и дојде Депај, може ќе искочиме, ама нема сигурно да се избрукаме како со Баерн.
 
Интересна ждрепка за сите тимови,јак со слаб,очекував најмалце две дерби,мада очекувам некое изненадување поготово кај Реал Сити,па и Ливерпул.Генерално засоволен сум од ждрепкава,можеше да биде многу многу полошо Псж е што знам некогаш играат топло ладно,мачат маки со повреди мада на хартија се фаворити,мислам дека ова треба да биде инекција самодоверба за Барса,дека Псж може да се помине,а исто и за Псж ке се полни самодоверба,после оние 6-1.
 
Интересна ждрепка стварно. ПСЖ се фаворити како и да е. Ама за нив против Порто не би рекол дека се сигурни камо ли против Барса. Можат да отпаднат баш кога никој не очекува. Ќе видиме, далеку е февруари, многу работи можат да се сменат до тогаш - повреди, ковид... Еве Нејмар уште од сега е неизвесен, вчера се повреди против Лион.
 
Баш заборавив да потенцирам,а еве членов над мене ме претекна,до Фебруари можат да се случат/сменат многу работи,пред се во најголема мера зависи изборите кој кандидат ќе победи,каков проект ќе презентира,кои играчи ќе бидат на мета на критики,кои нема да играат,најголема мера зависи и со Меси каков проект (Ако му презентираат) дали ке замини,дали и понатака ке е во ваква форма,а пред се дали и колку (А треба) да се консолидира тимот,моментално со ваква состојба сега т.е со ваква игра Тешко.....Многу тешко
 
А шо е финтата со Чави и овој Фонт, зошто го поддржува?

Чави е легенда на клубот, и најверојатно без разлика кој и да биде претседател он ќе стане тренер еден ден, али не значи дека ако си супер играч автоматски ќе бидеш и супер тренер.

Се некако ми стои дека политичките фаци шо ги збира овој Фонт, и инволвираноста на клубот во борбата за независна Каталонија ќе пресудат, и ќе го направат претседател.
 
Фонт беше голем фаворит во трката за претседател, но сега Лапорта почна да се експонира повеќе, па на Фонт му обелоденија дека собрал во неговиот тим еден клучен човек од кај Бартомеу, заколнат Нуњиста.
Фонт реагираше и го тргна од неговиот тим, а сеуште е благ фаворит во однос на Лапорта.

На Лапорта не му оди во прилог тоа што е во добри односи со Сандро Росел.

Кој и да биде избран ќе треба да маневрира многу добро со финансиите, бидејќи ако не се повлечат вистинските потези и ако потрае ова играњето без публика тешко дека во 2021 година ќе може да реализираат скапи трансфери, а ќе треба чистка да се прави на тешкашите кои нема да се согласат на намалување на платите.
 
Еве зошто Лапорта е НАЈГОЛЕМ!
 

Attachments

  • Screenshot_2020-12-15-14-24-57-110_com.facebook.katana.jpg
    Screenshot_2020-12-15-14-24-57-110_com.facebook.katana.jpg
    686,4 KB · Прегледи: 47
Леле овој Фонт ми иде на живци се повеќе, по поставувањето на банерот на Лапорта во непосредна близина на Бернабе, Фонт изјави дека тоа немало да не направе шампиони. Па глупак нема , меѓутоа со овој гест Лапорта покажа дека е светлосни години пред тебе и дека има муда до колена за разлика од тебе!
 
Леле овој Фонт ми иде на живци се повеќе, по поставувањето на банерот на Лапорта во непосредна близина на Бернабе, Фонт изјави дека тоа немало да не направе шампиони. Па глупак нема , меѓутоа со овој гест Лапорта покажа дека е светлосни години пред тебе и дека има муда до колена за разлика од тебе!

Дури и Фонт му одаде да кажеме признание на Лапорта за потегов.
Прво напиша: "Јоан ти си ебен мајстор", па нормално после искористи за да собере поени.

Нема тука зошто да ти иде на живци, во кампања се.
 
"Ganas de volver a veros" или во превод "Желбa да дојдам да ве посетам" :pos::pos::zver:
 
Вечерва ќе биде зезнато против Сосиедад,очекувам кикс повторно,во форма се Сосиедад.
 
Вечерва ќе биде зезнато против Сосиедад,очекувам кикс повторно,во форма се Сосиедад.
Според мене не се во којзнае каква форма, последни 6 утакмици им се нерешени со просек од 1 гол на утакмица. Очекувам тешка утакмица со тесна победа или нерешено, ама Сосиедад далеку се од јака форма.
 
Ако ни е одбраната на ниво на селски турнир, минимум 3 ќе ни дадат. Се зависи од одбраната.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom