Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
На твитер ги најдов, отприлика вака се шансите:
Баерн 22,1%
Борусија 21,8%
ПСЖ 14,5%
Челзи 13.9%
Ливерпоол 13,8%
Сити 13,6%
 
Освен Дортмунд ако го начекаме на лош ден, можда. Другите сите ќе не згазат, дури и Челзи е две класи над нас моментално.
 
Напрајте една анкета за престојните преЦедателски избори
 
Може анкета да се постави, јас сум за.
Онај Фаре или како се викаше понудил пица за секој што ќе го гласа и нешто, не ми текнува сега :pos: со овие фори може кај нас на избори да помине, таму тешко.
 
Што сум гледал анкети од разни фан страници до сега кај навивачите убедливо води Лапорта,сега ќе видиме како ќе биде кај гласачите.
Фонт се наметнуваше цело време ама еве сега почнаа дубари некои да му излегуваат на површина.

Мислам дека Лапорта ќе победи.
 
Нема подобро решение од Лапорта, си го знае бизнисот човекот, најдобар претседател во историјата на клубот, овие другиве како лингури изгледаат. Има врски со агенти, со други клубови, со све и свашта. Овај Фонт собра многу важни ликови околу него, пред се Чави и мислам дека ќе победи, а тоа ќе е грешка. Само Лапорта може да го извади клубот од гомната.
 
Утрово се појави вест дека Jordор Мајо стана нов член на штабот на Виктор Фонт. Сепак, буквално само 7 часа подоцна, Фонт објави дека Мајо повеќе нема да биде во неговиот тим откако навивачите реагираа бурно на веста дека Мајо се придружил. Интересен потег на човек кој наводно работи на својата претседателска кампања веќе 7 години...

Патем, Мајо беше претседателски кандидат на изборите во 2003 година, но повеќето фанови не го паметат. Сепак, тој во последниве години јавно го критикуваше Лео Меси и еднаш му рече „подобро да заќути“ откако Лео ја коментираше очајната работа на тогашниот потпретседател на клубот Хавиер Фаус. Покрај тоа, тој е познат како голем противник на Лапорта, а истовремено и голем пријател на Сандро Росел и Бартомеу. Тој е исто така е наречен анти-Кројфиста“.

Какви луѓе носи Фонт на неговиот тим доволно зборува за неговата „добро подготвена кампања“.


Се повеќе вакви приказни му излегуваат на Фонт и мислам дека тие ќе го коштаат пораз.
После првите натпревари на Куман како тренер на Барса изјави дека ако победи на изборите Куман нема да остане тренер без разлика на резултатите.
Пред некој ден излезе со изјава дека не мисли така и демек новинарите ја извртеле изјавата.
Така да ми изгледа дека е ептен трчи-лажи човек.
Единствено нешто што ги "залажува" навивачите е Чави како тренер,инаку воопшто не би бил во конкуренција.
 
7 години работел лол, ова не се знае од денес за утре во фудбалов, не за седум години. Но, со оглед какви идиоти се членови на клубот, некакви пензионери отепани на кои Бартомеу им се мочаше со години, а тие мислеа дека врне дожд, сигурен сум дека ќе победи Фонт.
 
Кој и да дојде тренер секако во иднина ке биде Чави. Јас се двоумам меѓу Фонт и Лапорта но Лапорта е веке докажан претседател така да му давам мала предност на него.
 
Баш ме чуди овај период што НЕМА пишувања за Меси,некои шпекулации,каде што гледаме дека уште од сега шпекулациите излегоа од контрола.Едно е јасно:Меси заминува,се гледа дека не е среќен,плус го избркаа Суарез неговиот најдобар пријател.Сведоци бевме каде што Меси имал пад на форма,играл и со повреда,ама овде не се работи за никаков пад на форма,се работи за разочараност,без желба без мотив.И каков проект да му понудат кој и кандидат да дојди и Меси нема да остани,знаеме дека кандидатите немаат моќ па одма тим да скоцкаат како пример:Меси ти остани,ќе ги донесеме Лаутаро (Со кого си пријател) Нејмар исто НЕразделни бевте,еден квалитетен штопер,везен играч добар,све ке продадеме и Барса одма да се бори на три фронта,па ти Меси имаш желба/мотив да останиш.Незнам зошто сите кандидати прво се зафаќаат со одлуката на Меси,несфаќам,НЕМА презентирање проект дечкото заминува и крај на муабетот,што ќе му презентираш:Барса сега е во транзиција,базата ќе е на Ла масиа,Дури да дадат чекор напред младиве (Ако дадат),и со циркузантиве како Ленглет,Дембеле,Роберто,и остали ако дадат и тие чекор напред за 3-4 години почекај ке биде,кога ке имаш 37-38 години,мене ова воопшто ми нема логика,Не Лапорта Не Фонт кој сака нека биди.Кога Меси ќе замини ќе се ослободи голем дел од колачот за плата,очекувам со сигурност да остани Гризман,каде што јас НЕ го гледам како некој лидер,ќе даде минимален чекор,играчи од типот на Халанд,Лаутаро и остали нема шанса да дојдат,не Лапорта кој сака нека биде,а ништо чудно и пак договорат некоја Брајтвајт опција.
 
Незнам колку сте приметувале дека без Меси по тимски играат, и кога бил повреден општо зборам не дека има некоја агенда против него. Дека Гризман ке биде лидер не, нема да биде со фактот тоа што во тимот нема да има лидер таков ко Меси се на него да се чека, онака видовме сезнава Гризман неколку пати блесна јако кај што Меси баш не играше.

Што е до мене ја на Тер Штеген прв капитен да ни е би го ставил, он да ни е лидерот зашто тој највише го сака клубов, каква лојалност имаме од тој човек мислам пола фан база не се свесни. После овие епски бламови тој беше единствениот да иде да се извинува кај навивачиве, и да сакаше за тродупла плата можеше во друг клуб да избега ама не избега, туку ненормално лојален е на клубов. Сума сумарум тимски ке играат, моја претпоставка.:D

Ја освен Лапорта не гледам спас во никој друг. Баш таква сељачина му треба на клубот. Он имаше највеќе верба во Гвардиола му ги одврза рацете му рече што сакаш прави по твое ке биде. И Гвардиола му возврати најперфектно што можеше. Многу вмровски го бутнаа, имаше по весници трошел на сметка на клубот, па со пури имаше слики со курви што ти не, и нагло изгуби доверба од другиве за гласови. Ми текнува баш и жена порноѕвезда имаше и ја тераше да му помага у кампањи пак да се врати на функција :pos:. Ама со тој успех што го направија како бе да не трошиш пари на пури на дрога и на курви бе, буквално за сите душмани да пукнат ја тераше работава, баш таков ко него моментално највеке ни треба, прав сељак што кур не го боли освен за клубот човек што од срце ја сака Барса. Башка еве и бајги у последно време се збори дека го користи како адут пријателската врска со Свиња Раиола и дека преку него ке има нешо ексклузивни предности кон нас за трансфер на големиве ѕвезди што ги има под рака дебелово.
 
Последно уредено од модератор:
Ако денес Куман го игра Лигушот пред Умтити и Педри пред Рики нека се пакува и нека оди во Амстердам да става закони и да се прави Бос.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom